Страшни приказни

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од LudaDevojka, 24 април 2013.

  1. Good.Girl.

    Good.Girl. Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Мoже ли дa ми кaжете некoјa дoбрa стрaнa сo стрaшни прикaзни, сaмo дa е нa мaкедoнски :):$
     
    На sugarlips, Draginja, Valerin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Goticarka

    Goticarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    Двајца тинејџери на возраст од 16 години, машко и женско. Се запознаа преку интернет и со тек на време станаа најдобри пријатели. Девојчето живееше во Њујорк, а момчето во Лондон. Секогаш си помагаа и правеа да се чуствуваат одлично. Двајцата имаа бурни животи, но секогаш беа блиски еден со друг… Една вечер, зборуваа преку интернет.
    Девојчето: Имам нешто да ти кажам.
    Момчето: Да…?
    Девојчето: Те сакам!
    Момчето: И јас тебе!
    Девојчето: Не… не на таков начин каков што мислиш….
    Момчето: ……..
    Момчето се исклучи, а девојчето плачеше и мислеше дека се уништила… Но, подоцна таа вечер и заѕвони телефонот, а тоа беше тој.
    Девојчето: Ало?
    Момчето: Еј здраво…јас сум!
    Девојчето: Еј…слушај стварно ми е жал!
    Момчето: Не! Да не ти е жал… Бидејки и јас те сакам!
    Девојчето: Навистина? Ама ќе неможе да се гледаме еден до друг… Моите родители никогаш не би ме пуштиле да одам во Лондон…
    Момчето: Знам…И јас исто. И моите не би ме пуштиле да одам во Њујорк… никогаш!
    Девојчето: Ние… Ние би можеле да почекаме неколку години и да бидеме заедно.
    Момчето: Би можеле. Морам да спуштам сега. Те сакам!
    Девојчето: И јас исто.
    Наредните неколку години тие останаа заедно, а нивната љубов беше се поголема и поголема. Еден ден додека зборуваа…
    Девојчето: Ги завршив сите испити и сега имам доволно пари за да дојдам.
    Момчето: Сериозна си?
    Девојчето: Даа… Кога ќе се сретнеме?
    Се имаа испланирано, а неколку дена подоцна, момчето отиде на аеродорм. Авионот на девојчето само што не пристигнал. Одеднаш се слушнаа шокирачки вести на телевизорот.
    - „Авионот од Њујорк до Англија падна..1000 мртви…“
    Момчето почна да плаче. Се врати дома и зема нож… Таа ноќ тој беше најден мртов во својата соба покрај компјутерот. Кога неговите родители го најдоа, најдоа и слика од девојката во неговата рака и мала порака „Нашата љубов премногу задоцни“.
    Родителите на девојчето ја средуваа нејзината соба и го најдоа нејзиниот дневник… Во него најдоа слика од момчето и порака под неа – „ Ќе го видам… па макар да ме убие тоа!“
    Двајцата се видоа, да, во рајот.
    Ако си вљубен во некој, јави му се веднаш и кажи му дека го сакаш! Никогаш не знаеш што носи новиот ден, но нека секој ден да биде исполент со личноста што ја сакаш.
     
    На Istata od vcera, Juccy, Mini90 и 17 други им се допаѓа ова.
  3. The Cat Person

    The Cat Person Нов член

    Се зачлени на:
    9 април 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Девојка била сама дома и гледала телевизија (нејзината дневна соба била со стаклени врати) наеднаш почуствувала како некој ја гледа погледнала кон вратата и видела еден старец што буквално се ѕверел во нејзе. Таа се исплашила и се покрила со ќебе, а и да не ја види старецот како повикува полиција. Кога дошла полицијата старецот го немало а ни никакви траги од него. Тогаш полицаецот и се обратил на девојката колку среќа имала зошто старецот кој бил можеби криминалец стоел внатре во ќошот позади завесата. ]:) :(
     
    На Arthur, sugarlips, darkmoon186 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.254
    Мислам дека е оваа најсоодветна тема да ги постирам овие видеа кои дефинитивно ќе одат во спојлер. Само најхрабрите ќе дознаат зошто..

    Имено, јас изгледав три епизоди и останав шокирана. Не до степен дека во потполност верувам, но сепак ме замислија. Еве ви неколку од нив.

     
    На Arthur, Bitter-Sweet, angelche16 и 11 други им се допаѓа ова.
  5. The Cat Person

    The Cat Person Нов член

    Се зачлени на:
    9 април 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Most people agree that dying while being asleep is the best way ti die.Peaceful. not sign of torture no pain.My grandma used to say "angels carry them" ,the once how are dying while being asleep to haven, but sometimes angel can be clumsy and drop them by accident.
    Remember the time you felt like falling in your sleep and suddenly woke up? :o :worried:
     
    На Istata od vcera, MarchelineAmaru, sugarlips и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Kristina...

    Kristina... Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    853
    Пол:
    Женски
    Едно девојче многу сакало кукли.И за неговиот роденден мајка му го земала и отишле да купат кукла за девојчето.Девојчето одбрало некоја кукла која имала дигнато 2 прста.Продавачката не сакала да ја продаде но мајката била инаетлива и морала да ја продаде и им рекла да не го оставаат девојчето само со куклата.Мајката не сватила сериозно и по роденденот навечер ја оставила сама.КОга се вратила го видела девојчето како лежи мртво (целото со крв) а куклата дигнала 3 прст а тоа значело 3 та ЖРТВА .
     
    На Istata od vcera, sugarlips, darkmoon186 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. peperutche21

    peperutche21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2015
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    902
    Пол:
    Женски
    леле многу страшни читаам и се ежаам.....баш и на вечер 3 саат :sweat::sweat::|
     
    На Arthur, joy1 и veren им се допаѓа ова.
  8. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.266
    Ме разбуди силно удирање на прозорот и детски глас што повторуваше пушти ме кај тебе , збунето станав погледнв во часовникот и видов дека е 02 00 по полноќ пак слушнав ист детски испаничен глас , отидов кај прозорецот го отворив мислејки дека некој е во дворот но немаше никој , тогаш пак удирање на прозорот и глас што ми велеше пушти ме кај тебе тогаш сватив дека доаѓаат од самото стакло......

    :|
     
    На Arthur, joy1, angelche16 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    22.305
    Несреќа со палтата
    Една пресреќна двојка од тазе родители го крстиле своето бебе во еден зимски ден. Потоа почнале да ги примаат гостите дома, а тие, како што пристигнувале ги оставале палтата на креветот во близина на дневната соба. Кога по некое време мајката сакала да го донесе изворот на својата голема радост кај гостите, тргнала накај неговото креветче и забележала дека врз него има многу палта. Бебето веќе било задушено.

    На бензинска пумпа
    Една девојка возела доцна во ноќта во пуст дел од САД со својот стар автомобил. Морала да наполни гориво и, баш како во филмовите, наишла на осамена бензинска пумпа во сред пустелија. Момчето кое работело на бензинската пумпа се приближило кон неа, таа му рекла колку гориво да наполни, а тој го сторил тоа. Но, за сето тоа време тој изгледал многу нервозно, а тоа ја плашело девојката. Кога завршил таа му дала банкнота од 20 долари, тој се загледал во неа и ѝ рекол дека е фалсификат. Девојката сега уште повеќе чувствувала дека нешто не е во ред со него. Тогаш тој побарал од неа да излезе од автомобилот и да оди внатре во бензинската со него затоа што треба да го пријави тоа. Кога конечно ја убедил да го стори тоа, тој ѝ објаснил дека не се работи за фалсификат, туку дека на задното седиште од нејзиниот автомобил се криел човек со качулка на главата.

    Бабата чувар
    Млада девојка се враќала од трговскиот центар доцна навечер кога на паркингот покрај својот автомобил забележала една баба. Таа ѝ рекла на девојката дека прозорецот од автомобилот ѝ е скршен и дека таа стоела тука за да го чува од крадци. Девојката ѝ поверувала и ѝ понудила да ја одвезе до дома во знак на благодарност. Но додека стоеле пред автомобилот и разговарале, девојката забележала дека бабата има премногу влакнести раце, кои повеќе личат на машки. Реагирала брзо и истрчала пред друга кола во движење барајќи помош. „Бабата“ веднаш побегнала без трага. Подоцна полицијата пронашла сокриени нож и јаже на задното седиште.
     
    На Црна Ружа, Arthur, sugarlips и 5 други им се допаѓа ова.
  10. FoodLover

    FoodLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2015
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    469
    Пол:
    Женски
    Шо ми требаше...читам све тука ја и (помалата сестра има навика да се извикува по дома кога гледа цртани филмови) и како шо беше тишина кога викна од кожа ме извади...И сеа ај како ќе спијам јас? ;(Сеа филмој невидени во таа глаата. Ај чао :|
     
    На Arthur, sugarlips, angelche16 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. mmacichka

    mmacichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2015
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    На 29 април со моето друштво решивме да го посетиме местото Варвара близу до Марковиот манастир.По патот натака гледавме колите како се враќаат назад и мене ми стана нешто сомнително па им кажав на моите пријатели нешто не е во ред со ова место да си одиме што побргу,но тие инсистираа да останеме.Кога стигнавме го разгледавме местото и набргу се стемни.Ги поставивме шаторите.Двајца од моите пријатели легнаа во шаторите и набргу заспаа.Јас и уште еден другар влеговме во колата која што беше близу до шаторот.Нешто како да ме натера да го свртам ретровизорот наназад и да погледнам.Во еден миг се вкочанив.Позади нашата кола стоеше човек облечен целиот во црно и главата му беше целата покриена и во раката држеше секира.Јас брзо искочив од колата и почнав да ги клоцам шаторите за да ги разбудам моите пријатели.Тие станаа исплашени и набргу влеговме во колата.Се обидовме да ја запалиме,но колата не палеше,а набргу приметивме дека ни била дупната и гумата.Избезумени сакавме да се јавиме кај некој да дојде за помош,но одеднаш снема сигнал.Потоа ги заклучивме вратите и ги земавме палките и едно мало секирче коишто ги понесовме за секој случај.Цело друштво пушевме цигари бидејќи беше многу задимено во колата јас ја подотворив мојата врата и почнаа да се слушаат пискоти и бебешки плач.Тие пискоти ги слушавме цела ноќ.За момент помислив дека веќе нема да ги видам моите најблиски и дека тука ми е крајот.Оваа ноќ беше најдолга во мојот живот.Утрото пали колата и право дома.
     
    На twilight123, Arthur, angelche16 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    149
    "Во телефонот си најдов слика од себеси како спијам. Живеам сама." :doh:
     
    На Црна Ружа, krofnicka27, Arthur и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Нарцис.

    Нарцис. Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2015
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Тоа значи дека имало некој позади него/неа.
     
    На Arthur и RainbowButterfly им се допаѓа ова.
  14. Нарцис.

    Нарцис. Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2015
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Се посрав од страв.:o::)sweat::|
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Нарцис.

    Нарцис. Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2015
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Премногу морничаво.:whew: :worried:
     
    На Arthur и sugarlips им се допаѓа ова.
  16. MIcatastaturica

    MIcatastaturica Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2015
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Neki teenageri smatraju kako je zanimljivo i zabavno noću se vukljat po groblju - na taj način utažujući žed za paranormalnim ili možda navalom adrenalina ili na kraju krajeva da bi ispali "face" (da, ima i takvih slučajeva). No, osim jeze, straha od pokoje sjenke moguće je da vas s groblja "nešto" i doprati kući. Nešto takvo se dogodilo jednoj teenagerki u Engleskoj. Pošto njeno ime nije navedeno nazvat ćemo je "po naški" Ema.
    Dogodilo se to prije kojih 30ak godina kada je Ema zajedno sa svojih par prijatelja, iz onog zadnjeg navedenog razloga, odlučila malo svojim veseljem narušiti mir i spokoj obližnjeg groblja. Na njenu žalost, "groblje" nije mirno i spokojno reagiralo na taj vandalizam.
    Jeza u njenom domu započela je tek nekoliko dana kasnije. Prvi znak da nešto ne valja bilo kad se probudila jedne noći, a prikaza starice sjedila je na stolici kraj njenog kreveta. Prema njenim pričama nije se radilo o poluprozirnom entitetu već o jasnom liku, a u tom trenutku nije osjetila da joj želi ikakvo zlo. Naravno da je ujutro kad se probudila na to gledala kao na čudan san. No taj njen "čudan san" nažalost je pokazao kako je više od produkta njene REM faze, jer se ta starica ponovo javljala, ponekad čak i usred bijela dana. Ponekad ju je lik starice pratio po kući lebdeći iznad tla, samo ju promatrajući, ne predstavljajući nikakvu prijetnju. Bar ne u početku.
    Jednog dana dok je spremala čaj, nevidljiva sila joj je u ruci "zavrnula" posudu u kojoj je bila pripremljena vruća voda za čaj s namjerom, kako Ema tvrdi, da ju polije tom vrućom vodom. Kako su pojavljivanja starice postala mnogo opasnija od one "faze" kada ju je samo promatrala - Ema je rekla svojoj majci što joj se događa. Nevjerica njene majke vrlo brzo je nestala kada je sama vidjela staricu u hodniku svoje kuće. Pratila ju je do sobe u kojoj je starica jednostavno nestala. No ne zadugo. Kada je Emina majka usisavala kuću nevidljiva sila joj je otela usisavač iz ruku, ponekad bi gurala vrata u suprotnom smjeru kad bi ih netko pokušao otvoriti ili zatvoriti, a noću bi jednoličan zvuk poput vrlo glasnog kapanja budio cijelo kućanstvo. No to nije bio zvuk kapanja u što ih je razuvjerio vodoinstalater pošto je pregledao cijelu kuću i nigdje nije našao curenje. Maltretiranje je postajalo sve intenzivnije. Od neobjašnjivih zvukova preko predmeta koji su se naočigled sami pomicali do događaja koji je prelio čašu. Dok je jednog dana sjedila sa svojim ocem, Ema je odjednom upala u stanje transa te počela pričati o nekom drugom životu kao kćer francuskog doktora iz 19. stoljeća. Nakon tog bizarnog događaja Ema je dobila i neke neobjašnjive psihičke moći - savijala je vilicu (baš interesantno kako se ne radi o, u ovakvom slučaju, vrlo često spominjanoj žlici) kad bi ju dodirnula. Nikakve istrage nisu uspjele dokučiti što se događalo u tom domu, a Emina obitelj se iselila.
    Čisto iz znatiželje, jednog dana Ema se vratila u svoj prazni dom. Stražnja vrata bila su razvaljena te je tuda ušla. Podignula je telefon koji je ležao na podu, a tada ju je nešto zgrabilo za vrat. Hladni, nevidljivi prsti su je gušili. Nekako se oslobodila i pobjegla glavom bez obzira, a takva znatiželja joj se nikad više nije javila.
    Jednom mi je prijatelj rekao da ako ćemo govoriti o dušama mrtvih koje se zadržavaju na Zemlji poslije smrti, zasigurno ih ne bi bilo na groblju pošto je tu tijelo doneseno nakon što ga je duša napustila. Ova priča očito pokazuje suprotno. Narušite im mir i neki bi vam se mogli i osvetiti.
     
    На Arthur, angelche16 и RainbowButterfly им се допаѓа ова.
  17. Minnie0219

    Minnie0219 Нов член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
  18. Анамј13

    Анамј13 Нов член

    Се зачлени на:
    2 март 2016
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Додека некој човек резервирал соба во хотел, рецепционерката му рекла дека додека оди кон неговата соба ќе забележи друга соба без број на вратата и дека никако не смее да се обиде да влезе во неа. Човекот се согласил, но заинтригиран од нејзиното чудно предупредување одлучил да се обиде да ја отвори кога стигнал до неа. Не успеал, па затоа ѕирнал низ клучалката. Немало ништо необично во неа. Собата била иста како и неговата, само што тука имало жена со бледо лице која лежи на креветот. Не наоѓајќи ништо чудно, продолжил по својот пат.

    По неколку дена пак поминал покрај истата соба, но повторно не видел ништо. Овој пат не успеал да ѕирне низ клучалката затоа што гледал само нешто црвено. Немало никаков предмет или човек, само црвена боја. Било исто како да гледа во црвено платно или црвен лист хартија. Не му било јасно зошто рецепционерката го предупредила за собата и решил да ја праша кога се одјавувал од хотелот. Таа воздивнала и му објаснила дека пред многу години во таа соба некој човек ја убил жена си и нејзиниот дух сега го прогонува местото. Таа изгледа многу бледо, освен нејзините очи кои се целосно црвени.
     
    На Arthur, sugarlips и RainbowButterfly им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.539
    Допаѓања:
    47.962
    Пол:
    Женски
    Како досега не ја чепнав оваа тема. :D
    На Интернет ги има многу, барем многу имам читано но сега не можам да ги најдам. Затоа ќе напишам мои, кои сум ги слушнала или доживеала.

    Во едно село не далеку од градот во кој живеам (нема да го именувам ни селото ни градот, бидејќи во строга тајност е на форумов тоа од каде потекнувам :D ) има еден мост и покрај мостот големо старо дрво. Сум слушнала дека навечер тука поминувал таксист, бил сам, ги оставил патниците и се враќал назад. Одеднаш колата запрела на мостот, не се изгаснала но некоја сила не дозволувала да тргне ниту напред ниту назад. Таксистот се исплашил но врвот бил кога се појавила рака па колата успеала да се придвижи. Потоа таксистот пошол во манастир да праша што се случило, да му објаснат што значи тоа, каква сила е, а тие само му рекле треба да е среќен што останал жив.

    Повторно приказна со таксист. Се качиле маж и жена, седнале назад и му рекле да ги однесе до едно планинско место. И се било во ред додека не стигнале не местото. Таксистот запрел и кога погледнал назад за да им наплати видел дека нив ги нема. Се свртел збунето наоколу и ги видел двајцата како му мавтаат оддалечени од колата, што немало никакви шанси да излезат за 2 секунди и да се најдат таму.

    Бев основно, не знам кое одделение. Имавме директор кој почина и некое време после тоа класната ни кажа за едно девојче кое почнало да вреска и притрчале, го нашле вознемирено, исплашено, му давале блага вода за да го смират. Кога го прашале што се случило, тоа им рекло дека го видело неговиот лик преку прозорец.

    Бев во Скопје, таму студирам и една вечер сонував дека куќата ни била опседната со духови, но само едниот дел од неа, духовите не можеле да преминат во другите соби од куќата. Следниот ден моите кога ми се јавија ми кажаа дека вечерта во една соба (баш како што сонував) паднала слика од ѕидот. Случајно или не, не знам, но оваа приказна има и друг дел.
    Куќата ја осветивме пред неколку години, дотогаш не била осветена и притоа не ја осветивме целата туку само еден дел, оние соби каде најчесто се движиме и во кои седиме. Тоа се тие соби каде во сонот не влегуваа духовите. Останатиот дел кој во сонот го видов како опседнат, всушност и во реланоста нешто има во него. Отсекогаш тој дел ми бил страшен, сум се чувствувала некако непријатно и како да има нечие присуство таму. Сум слушала крцкање и некои морничави звуци. Еднаш ми паднаа јаболка и се стркалаа под шифоњерот, се тркалаа полека како некој да ги земаше, едно не остана тука што не се стркала под него. Немам проверено дали сеуште стојат тука некаде под шифоњерот или ги нема, баш ќе проверам после. Летово планирам таа соба да ја заживеам, да ја средам, да можам да седам таму па ќе видиме што ќе бидне. Може ќе пишувам пак во темава. :D

    Се има случено да слушам на таван како некој трча, од едниот до другиот крај, со силни и брзи чекори. Сум го слушнала неколку пати. Некогаш не трча само на таван, туку и по скали па пак назад, со неверојатна брзина. Којзнае какво чудо е тоа...

    Има и други, но да не се повторувам, ги имам напишано во темата Необјасниви случки.
     
    Последна измена: 9 април 2016
    На Arthur, RainbowButterfly и Marick14 им се допаѓа ова.
  20. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    2.916
    Абе имаше и една за Дојран. Да не ја знае некој?
    Со една куќа беше, така нешто...
     
    На Juccy и Arthur им се допаѓа ова.