Девојки пред 3 месеци тренирав пукање со воздушна пушка и искуството е ептен интересно... Ме занима дали некоја од вас имала вакво искуство... На терен со професионален тренер???
Јас имам пукано со воздушна, мислам дека стрелалиштето се наоѓа во карпош 3, одамна беше, пред 5-6 години. Навистина е интересно, а на отворен терен не сум пукала.
Одев едно време во Партизан во Карпош 4. И тоа цената беше смешна, нешто како 100 ден. месечно, само колку да ги покрие дијаболите. Е сега муабетов е пред едно 12-13 години, знам средно дека бев Имам дома многу пукано, имавме воздушна, и многу често пукавме во двор. Не сум пукала со пиштол, а баш би пробала. И стреличарство би сакала да пробам, интересно е. Сум гаѓала со стрели еднаш-два пати, ама не поактивно. Знам дека имаше и тоа во Скопје, ама не ми текнува сега каде беше.
Не сум пробала ама би сакала . После на луѓе што не им е местото меѓу живите да им го демонстрирам моето ново хоби
Денес бев на исложбата на оружје на АРМ Како машко се изнауживав таму..... Две работи: М-21 е ок пушка, ама се чуствува ко да држам лопата у рака Ама затоа М-4 ми лежеше во рака како саливен Ако некаде имате шанса да ги видите, пробајте ги како ви лежат. Телескопскиот кундак на М-4та е супер !
Пред 4 години одев на стралаштво неколку месеци. Не пукав на отворен терен. Беше премногу интересно, но се откажав бидејќи само јас бев единствена девојка.
Мене ме привлекуваат вакви работи, кревање на адреналинот и слично. Авантуристички тип сум, тоа го имам наследено од татко ми. Само..годините се проблем, дали ќе ме пуштат мене да влезам таму..А не пак да пукам!? Но..си имам и јас некои мали врски.
Го крева адреналинот во вас , ве прави дива и бесна ... Тогаш се испукуваш за се .Да имам употребено оружје во рака .Од пиштол до ловачка и карабин... се ловољубци во куќа имав прилика да се испробам и во таа вештина ...некаде во Мавровскиот регион Е беше одамна
За жал не се одржа по трет пат! http://217.16.70.245/?pBroj=1479&stID=15351&pR=11 Инаку интересен спорт!
Што мислите за пукање како хоби? Мислам дека е одлично, ме интересира криминалистика и сето тоа и баш би сакала да пробам. Едит: Мислењето е редактирано од страна на модератор. [mod-kirilica:29qhjhuj][/mod-kirilica:29qhjhuj]
Во средно имавме некои слободни активности и се запишав на стрелаштво.Ептен ми беше интересно,една година одев и пукав со воздушен пишто и со пушка ама таа неможев да ја додржам,мн беше незгодна некако да држење.Со пиштол ептен беше возбудливо и се радував на секој успешен резултат...и професорот ме пофали дека прецизна сум била хехехе
Одев на стрелаштво пред пет години отприлика и пукав со воздушев пиштол, бевме околку 15тина имаше и една женска што пукаше со воздушна пушка што беше професионален пукач мислам одеше и на натпревари, не пукав долго од причина што после тоа многу брзо се затвори тоа. Беше бесплатно и трењерот се откажа и ние по него, баш сакав да продолажам интересно хоби ако ништо друго барем ќе ми беше. Таму им бев најмало ама солидно се покажав, одлично пукав, а и да гаѓав центар, интересно ми беше кога тие метите со помош на копче ги доближувам кон мене да видам што сум погодила
Што мислите за пукање како хоби? За тоа треба силна рака! Многу сакам пиштоли и пушки, штета што кај нас нема такви обуки за пукање! Ех што ми прават Американските филмчиња, сега сум во шема со овој Транспортеров!
Што мислите за пукање како хоби? Ја убива нервозата, кога неможеш да убиеш некого , пукај во било што ..ќе помогне
Што мислите за пукање како хоби? Работата ми е поврзана со оружје, така да секојдневно сум во контакт со НЕГО! Пукањето го крева адреналинот, пиштолот не многу, но пушка аууууууууууууууууфффффф каков адреналин е во прашање тогаш не можам да опишам со зборови ! Не сум насилна по природа, но пукањето ми прави гооолемо задоволство !
Што мислите за пукање како хоби? Ахх Victorya,тоа ти е најголемата грешка што не си продолжила бидејќи си била единствената девојка. Напротив,тоа требаше да те мотивира да одиш понатаму,да се бориш. Јас на пример ако осетам дека сум единствената девојка во нешто шо го прам,со городост продолжувам понатаму,а кога има повеќе девојки,малце потешко имам воља,ама сепак и тогаш се трудам... А за пукањето. Сум немала можност,ама многу сакам. Имав еден другар и ми кажуваше дека чувството е неопишливо. Предобро... Мозокот во лер ти е и уживаш ...
Што мислите за пукање како хоби? Еднакво на јога ми е мене Многу ослободува, и го обожавам плус може ке ми се најде некогаш. Штета што и јас се подоткажав
Што мислите за пукање како хоби? кога бев мала дома се жалев дека ми е досадно ..еден ден татко ми ме изнесе во дворот ми даде една воздушна пушка да ги гаѓам едни капачиња од пепси што беа обесени со конец на зидот ... незнам тошно колку погодив но знам дека наредн ите 2 недели им кажував на другарките колку сум јака