Што мислите за пукање како хоби? Имам пукано како мала со помош на татко ми,уствари он пукаше а јас му помагав да го држам пиштолот Многу сакам да одам на стрелаштво,само што не сум информирана каде постои нешто такво во Скопје
Што мислите за пукање како хоби? Еднаш пукнав со ловечка пушка во шифуњер ама тоа беше по грешка. Многу би сакала да го пробам ова. Ако одел некој на часови може ли да каже колку се плаќа и каде?
Што мислите за пукање како хоби? Сакам и јааассс.... Уште како мала имав желба за пукање и никако да одам да пукам,ама здравје еден ден мора,значи цела сум на татко ми се што сака тој сакам и јас се што не сака и јас не сакам
Што мислите за пукање како хоби? Ептен ми е мило што повеќето тука пукале со пиштол или пушка и го засакале овој спорт. Јас премногу го сакам овој спорт, репрезентативец сум на РМ, се натпреварувам, а тренирам 3 години со воздушен пиштол. Многу ме влече овој возбудлив спорт, можеби е наследноста од татко ми... Стрелаштвото те смирува, се здобиваш со концентрација, смиреност и прецизност..јако е Сум пукала и со огнено оружје и нормално е појако од воздушното А покрај спортов што го практикувам ме влече многу војската (војничката облека, маскирната шара итн)
Што мислите за пукање како хоби? Ахх колку само сакам да научам да пукам со пиштол...едноставно ги обожавам пиштолите
Што мислите за пукање како хоби? Во план ми е да вадам лиценца за обезбедувач(ка),ама никогаш не планирам да го работам тоа,туку за да на лесен начин добијам лиценца за пиштол,обожавам да пукам и доста сум пукала.Уште од 15год.имав другари што беа во војска и скришно идев со нив на стрелиште
Што мислите за пукање како хоби? Дали можеби некој знае каде има во Скопје некој курс или обука за стрелаштво ама јас сум заинтресирана за пиштол повеќе и колку е цена?
Што мислите за пукање како хоби? Има некој клуб за стрелање во Карпош мислам,600-700 денари,2 пати неделно,ама стварно не знам како се вика клубот...
Што мислите за пукање како хоби? и јас сум заинтересирана би сакала да одам. кажете повеќе информации..
Што мислите за пукање како хоби? сакам да научам како и се останато и ова ме интересира и кажете кај има клуб за стрелаштво во скопје?!
Што мислите за пукање како хоби? Во Карпош 3, кај салата Партизан, последна 15ка,19ка. Немаше неколку месеци струја во стрелиштето, али сега е во ред и има тренинзи. Јас денес околу 18:00 ќе бидам таму, ќе имаме тренинг..Најчесто одат два клуба од Скопје, СК Работнички и СК Стрелец, има и други стрелци од други клубови ама поретко, има и почетници, се разбира . Јас сум во Работнички и мислам дека е 200 ден месечно, од 7 ни се тренинзите, тренинг 3 пати неделно (понеделник, среда и петок), а за Стрелец не знам која беше цената, нив тренинзите им се од 6, истите денови се оди. Ви препорачувам да отидете директно таму и да се информирате...
Што мислите за пукање како хоби? Заборавив да ви го постирам линков http://strelastvo.blog.mk/, тоа е блог за стрелаштво, па таму имате контакт инфо за се
Што мислите за пукање како хоби? Meне ми е страв да ја погледнам пушката на дедо ми а не пак да ми биде хоби ПАУУУУУУ !
Што мислите за пукање како хоби? Ова се вика супер информација, многу фала зашто поминав пред некој ден и заклучено беше и помислив не работи веќе ништо. За 200 ден со ќеиф ќе почнам да пукам одамна му се спремам . Уште и клуб за стреличарство да си најдам и ептен ќе ми биде супер .
Што мислите за пукање како хоби? Прво би го замолила администраторот или модераторот темава да ја преименувате во СТРЕЛАШТВО, гледам постојат посебни теми за секој спорт, па нека темава си го носи точниот назив. Јас активно се занимавам со стрелаштво, репрезентативец сум на Македонија, и верувајте спортот е преубав. Еве малку поопширно за стрелаштвото Стрелаштвото е спорт кој се состои од повеќе дисциплини. Најпрвин поделбата е извршена помеѓу мажи и жени, а потоа помеѓу јуниори и сениори. Mажи пушка дисциплини: -50м тростав (малокалибарска) -10м воздушна -50м слободен стил (малокалибарска) Мажи пиштол дисциплини: -10м (воздушен) -25м брза паљба (малокалибарски) -50м (малокалибарски) Жени пушка дисциплини: -50м тростав (малкалибарска) -10м (воздушна) Жени пиштол дисциплини: -10м (воздушен) -25м (малокалибарски) Кај нас во Македонија, најактивно се застапени 10м Воздушен пиштол и пушка Оваа дисциплина е стандардизирана со правилникот на Интернационалната Спортска Стрелачка Федерација (ISSF), што значи дека вакви натпревари се одржуваат ширум светот и се дел од светските првенства и купови во стрелаштво, како и Летните Олимписки Игри. Основните работи кои треба да се знаат се следниве…се пука на оддалеченост од 10 метри, со воздушен пиштол кој користи муниција (дијаболи) со калибар 4,5мм. Големината на метата е 17х17цм, во која се сместени концентрични кругови означени од 1 до 10. Центарот, односно десетката која треба да се погоди како највисок резултат, има дијаметар од 11мм. Овие бројки не значат многу кога ќе застанете на линијата за пукање, но важно е да се знае дека на еден натпревар во оваа дисциплина се пука по една дијабола во една мета, жените пукаат 40 истрели (вкупно 400 кругови/поени), а мажите 60 истрели за оценување (вкупно 600 кругови/поени). Согласно со ова, жените имаат 1 час и 15 минути да ги исстрелаат 40те дијаболи, плус пробата која е неограничена на почетокот на натпреварот, додека мажите имаат 1 час и 45 минути, 60 истрели плус проба. Важно е да се напомене дека штом се заврши со пробата и се стави првата мета за оцена, веќе не можете да се вратите во делот за проба и да попукате неколку пробни во меѓувреме. Во текот на натпреварот може да излезете од линијата за пукање, доколку го известите судијата. После натпреварот првите осум натпреварувачи влегуваат во финале каде се испукуваат 10 истрели, по еден во мета, на кои им претходи проба. Финалето се пука истрел по истрел, под команда на судиите, за еден истрел времето е 75 секунди, и доколку не биде истрелан во ова време, ке се брои како нула. Во финалето истрелите се бројат со се децимали. На крајот се собираат поените од основниот дел и од финалето и се прогласува победникот со најмногу погодени кругови, односно поени. Со воздушно оружје може да се повреди човек, па дури и да се усмрти, значи вниматлно, и не слушајте ги оние кои ви велат дека со дијабола не може ништо да ви се случи. Околу опремата, кај оваа дисциплина постојат специјални патики кои се користат, но може да се користат и обични патики каде ѓонот ќе биде рамен и не повисок од 1цм, исто така патиките не смее да го покриваат глуждот на ногата, односно треба да бидат плитки, под глуждот. Може да пукате во било каква комотна облека (не фармерки), каде мора да имате ракави, значи не смее да се пука со кимоно блуза, исто така пантолоните треба да бидат долги најмалку колку сто ви се долги рацете кога ќе ги поставите покрај телото. Пред секој натпревар се прави техничка контрола на оружјето и опремата, каде проверуваат дали ги задоволувате стандардите кои се бараат. Тежината на влечење на обарачот треба да ви биде најмалку 500грама. Околу ставот на пукање, пиштолот се држи со една рака (лева или десна зависи која рака ја користите повеќе), другата рака се поставува на појасот, нозете се малку подраширени заради постабилно стоење. Еве ќе ставам слика како тоа изгледа, малку е лошо да се објаснува со зборови. Тоа се основните работи кои треба да се знаат за оваа дисциплина. Ако има прашања, пишете, ќе дообјаснам. Сега ќе продолжам со дисциплината воздушна пушка. Како и воздушниот пиштол така и оваа дисциплина е стандардизирана со правилникот на Интернационалната Спортска Стрелачка Федерација - ISSF, што значи влегува во светските купови и дисциплини и во Летните Олимписки игри. Основните работи кои треба да се знаат се следниве…се пука на оддалеченост од 10 метри, со воздушна пушка која користи муниција (дијаболи) со калибар 4,5мм. Дијаметарот на најголемиот круг, означен со 1, е 45.5мм, додека дијаметарот на центарот, односно десетката 0,5мм, како што може да се види на сликата. На еден натпревар во оваа дисциплина се пука по една дијабола во една мета, жените пукаат 40 истрели (вкупно 400 кругови/поени), а мажите 60 истрели за оценување (вкупно 600 кругови/поени). Согласно со ова, жените имаат 1 час и 15 минути да ги исстрелаат 40те дијаболи, плус пробата која е неограничена на почетокот на натпреварот, додека мажите имаат 1 час и 45 минути, 60 истрели плус проба. Важно е да се напомене дека штом се заврши со пробата и се стави првата мета за оцена, веќе не можете да се вратите во делот за проба и да попукате неколку пробни во меѓувреме. Во текот на натпреварот може да излезете од линијата за пукање, доколку го известите судијата. После натпреварот првите осум натпреварувачи влегуваат во финале каде се испукуваат 10 истрели, по еден во мета, на кои им претходи проба. Финалето се пука истрел по истрел, под команда на судиите, за еден истрел времето е 75 секунди, и доколку не биде истрелан во ова време, ке се брои како нула. Во финалето истрелите се бројат со се децимали. На крајот се собираат поените од основниот дел и од финалето и се прогласува победникот со најмногу погодени кругови, односно поени. Со воздушно оружје може да се повреди човек, па дури и да се усмрти, значи вниматлно, и не слушајте ги оние кои ви велат дека со дијабола не може ништо да ви се случи. Околу опремата, кај оваа дисциплина постои посебна опрема која се состои од специјални патики, панталони и џакет, исто така и ракавица која се носи на раката со која ја придржувате пушката. Целата оваа опрема треба да има специфични димензии кои исто така се назначени во правилникот н ISSF. Опремата се проверува од техничката контрола пред секој натпревар. Еве како изгледа таа опрема и како отприлика изгледа ставот на пукање воздушна пушка. Во случајов, ставот за десничари, кундакот на пушката се потпира во делот меѓу рамото и телото, така што пушката не треба да се потпира на градите на стрелецот. Дланката од десната рака се поставува на пушката, така што показалецот може да го опфати обарачот, додека со левата рака се придржува пушката, при што лактот од левата рака е потпрен над колкот. Овој став бара малку расчекорни нозе и свиткување во кичмата и потпитање на главта на пушката. Важно е да се напомене дека тежината напушката треба да се “натовари” на телото, а не како што често се греши, телото да се свитка и искриви над пушката. Постојат уште дузина подробности околу ставовите сето тоа повторно е детално подвечено во правилникот на ISSF. За додатни информации слободно пишете. Овој спорт како што веќе реков е веќе застапен и кај нас, така да доколку некој е заинтересиран подетално исто така може да пише.
Што мислите за пукање како хоби? Еве некои чести прашања што ги добивам во врска со стрелаштвото Која е најдобрата возраст за да се почне со стрелаштво? Што порано,тоа подобро. Најдобра возраст е од 8-11 најдобра за почеток - бидејќи тогаш се создаваат навиките.Но тоа немора да значи дека неможе иподоцна, јас почнав со 14год. - па пак успеав,имаме луше и на 20год почнале.Едноставно кажано за стрелаштво никогаш не е доцна.Тоа е таков спорт, во кој и врвните стрелци немаат одреденаграница, како на пример (грубо речено): фудбал-има кондиција да трча до кај 35тата година атлетика-незнам колку....., како и да сите тие спортови се ограничени. А во стрелаштвото тоа не е така, се додека можеш знаеш и умееш да го работиш како што треба можеш да се бавиш со него.Чист пример е врвната спортистка Јасна Шекариќ која е родена 1965г. А во 2010год имаше 4 финалиња од 10 натпревари од кои на три била 4то место и еднаш прво. А пред недела и пол на Европското првенство повторно беше 4та. Како се организирани тренинзите? Нема да зборам за професионални тренинзи,бидејќи претпоставувам дека се интересирате за почеток на еден стрелец.Првите тренинзи се доста описни и слободни, да не речасоединување и зближување на стрелецот(детето,човекот) со оружјето, да го запознае чувството и стрелаштвото.Пото следуваат некој мали воведни точки, како се нишан, како се полни, како се стои, па има еден долг процес на вежбање, откако ќе се научи сето тоа следи процес каде што веќе кон него се пристапува поинаку,веќе он ги има темелите, сега треба да се учи делот, како се мести пушка, како се дише, сетоа оноа што претходно било аматерски и дозволено-сега полека,полека треба да се отстрани,...па потоа доколку би покажал потенцијал би бил испратен на натпревар-е тогаш учи правила,што како зошто,кога....тоа се веќе циклуси и циклуси.Инаку еден нивни тренинг изгледа со смеа,дружба, кога се пука се пука, кога се прави пауза повторно се смееме, секогаш на тренинг има чајче,сокче,чоколадце,кафе, на кого што душа му сака.Едноставно во мојот клуб владее хармонија.Јас сум доста задоволна. Дали клубовите работат со деца? Сите клубови сакаат нови членови, е сега се зависи од моменталните можности на клубските тренери дали во тој период имаат време да примат нови членови, бидејќи постојат термини и сезони каде што они имаат обврски со нас кои се натпреваруваме, бидејќи ние имаме купови-лига на македонија, како и надворешни натпревари надвор од МК. Како и да е, јас за во Скопје го препорачувам клубот Стрелец - јас сум негов член, и доколку сте заинтересирани можам да ве упатам дадојдете со детенцето и да видите. За се останато што ве интересира слободно прашајте...
Оливера Накова Бикова викендов зема сребрен медал на светскиот куп во Сиднеј Браво и честитки за Оливера, треба да бидеме горди на нашите репрезентативци.
Отворена е официјалната страна на Македонска Спортска Стрелачка Федерација, секако некои категории се сеуште во изработка,но наскоро ќе биде комплетна. Моментално се гласа изборот за национален дерес на Македонската стрелачка репрезентација,така да повелете и гласајте и вие. http://www.mssf.org.mk/