Тазе нова серија, 2 епизоди до сега Arrow Станува збор за Оливер Квин, размазен богаташ кој после несреќа со бродот останува заробен на некој кинески остров 5год. Се враќа набилдан, секси и ептен борбен (овде не идеше таков опис, ама ја така го перцепирам ). Нешто му се десило на дечкото на островот, па сега профи е со лак и стрела, има одмазнички список и сега ја исполнува листата и желбата на неговиот татко (кој умре во несреќата). Ете така Погледнете ја, јас се навлеков од 2 епизоди, ми недостасуваат некои битни елементи на приказната, ама кога ќе седнам да ја гледам не можам очи да одделам од пц.
Arrow Макар со само две епизоди излезени, и јас се навлеков на серијата. Интересна приказна, и баш ме интересира како ќе продолжи. А и како што видов серијата е на CW уште толку доби плус кај мене затоа што знам каква серија направија од The Vampire Diaries. Ќе ја гледам со сигурност. А и Оливер ми е многу убав . Сега ја симнав 2 епизода и едвај чекам да ја изгледам.
Arrow Супер е серијава, има потенцијал. Вчера ја изгледав втората епизода и крајот посебно ми се допадна. Спојлер Цело време се прашувам каква е таа тајна поради која една жена ќе го саботира бродот во кој се наоѓаат синот и сопругот, и покасно после враќањето на синот повторно ќе се обие да го убие. Претпоставувам некоја организација се крие позади се, тоа логото им е нивен знак. Второто што ме интересираше малку мис е наговести на крајов од вторава епизода. Беше јасно дека еден пропалица како што бил Оливер, туку така сам од себе на еден напуштен остров нема да напумпа мускули и да научи така добро да се бори...па и тоа стрелањето. Неговата стара девојка ми нема некоја харизма, но не лоша, ај ќе ја биде. Тоа другарот како љубоморно човече ми делува, плус карактерн каков што бил Оливер пред бродоломот Црниов што му е обезбедување ми се допаѓа како лик, ми делува како единствен кој може до некаде да го свати Оливер, и на моменти да го види неговото вистинско лице. ОД крајов на вторава епизода добив впечаток дека он ќе глуми збеснат милионер плејбој, целосно незаинтересиран да постигне нешто битно во животот, со цел да не привлече внимание на себе за она што вистински сака да го прави.
Arrow И јас се приклучувам, ќе ја гледам...Вчера ги изгледав првите три, а едвај чекам утре да излезе новата на Замунда. Не да е sexy.... Има добар избор на глумци. Малку ми беше смешно летаат куршуми насекаде, а овој па со брзината на светлината леташе по ѕидови, скали и огради и ниту еден не го погоди. И тоа со тревата бе... Спојлер И јас мислев дека е злобен другар му Мерлин со тие фацки шо ги прави, ама во третата епизода, излезе дека сеуште ја сака бившата(воедно и негова) на Оливер. Јасно ми е што мајка му учествува во такво нешто да си ги ликвидира синот и мажот, кој знае во што е заплеткана и не очекувам да заврши убаво. Уште во првата епизода кога се врати син и и се виде лицето , не очекуваше такво нешто дека Оливер ќе остане жив.
А што очекуваш поинаку од суперхерој? Супермен што лета по згради реално е? Или Бетмен? Серијата е фантазија, правена според стрип. Не ваљда очеувате суперхеројот да се шета со панцир и да лежи во болница поради повреди. Или може да се смнува скала по скала
Јас паузирам од серијава, ќе чекам да се соберат епизоди па да ги гледам наеднаш, некако премн. серии имам што чекам неделно да излезат по епизодиче Се префрлам на некоја со повеќе сезони, па јануари ќе го гледам пак сексуљавиов
Од вчера и јас сум навлечена на серијава.Во еден ден ги изгледав сите 5 епизоди.Најмногу ми се допага затоа што е освежување серријава и не е со вампири и надпридни чудовишта. Се разбира Оливер е мх мх мх
Со нетрпение ја чекам секоја нова епизода. Многу ми е занимлива серијата а 5та епизода ми беше посебно убава, во 6та ништо ново. Несакам секоја недела да чекам нови епизоди но и неможам да оставам кога има нова епизода да не ја изгледам многу сум нестрплива
Од немајќи што ја почнав серија, не ми изгледа лошо како за почеток, само првата епизода ja изгледав. Јас не сум ич заљубена во овие сај-фај серии/филмови, ама интересна ми е оваа за чудо. Сега читам била базирана на стрип, интересно, интересно. И да....признавам.....главниов лик е ту хот П.С Ќе има втора сезона, сега прочитав, ќе ја гледам сигурно и понатака барем знам дека квалитетно ќе се загледам без да ја прекинат на пола или со една сезона да ја остаат недокажана.
Јас навивам да е со полицајкана да ја остави Лоралл зош ке има мака со другароо секако ем му ја знае тајната ем го мрзии најмногу на целио сфетт... Едвам чекам да видам да го убијат овој снајперо и црнчено да си дојде дома .. Спојлер нешто почнав мнн да се лигавам додека пишувам
И мене многу ми се бендисва приказната на серијата нешто како модерен Робин Худ а и ми се бендсива начинот на кој паралелно кажват на островот шо се случило појако е така во исчекување да видиш одколку на почетокот да кажеа убав е глумецот и сите мислам дека се на место глмуците според улогата освен малце овај не знај онака емоции да покажва ама ај можи потаму ке се поднаучи Омилен лик ми е дефинитивно детштето прејако со дускерот Спојлер 100% ке откриат со Теа дека брат му е тој и овај ке се приклучи А инаку единстен лик кој не му се допага е Лорал некако во Мелросе Плејз му одговараше улогата и во Госип грл ама овде не баш
^Ја изгледав малку повеќе од половина серијава, и истиот впечаток го имам за Лорел, не ми се допаѓа воопшто глумицава за улогава. Мислам дек поасална можеле да најдат, не ми е доволно убедлива за ваква улога, прелигава ми е. Но тоа е, само се надевам дека нема да и текне на крај да го брка Оливер после, ќе ја задавам. Типувам на Оли и Фелисити, да ја потсредат малку ќе биде бомба, па и каков пар би биле Томи ми е прелигав, баш супер пар се со Лорел, двајцаталигави. Татко му на Томи on other hand, е екстра лик, ако е злочко. Мајка му на Оли ми е малку лигава некогаш, али тоа и бара улогата. Очувот беше во ред, ако на почетокот мислев дека он стои зад се, се изнаенадив многу. Се надева дела ќе се врати во серијава. Диг ми е екстра, ептен погодени се со Оли, му држи рамнотежа, се надополнуваат двајцата. Добра екипа нашле, одлични глумци посебно го сакам како глумец татко и на Лорел, ако ликот му е малку кисел. После Оли, фејв лик ми е сестра му Тиа, преубава ми е и многу ми се допаѓа како глуми. Оли на почетокот, на островот и сега овој ми се како два различни глумци, толку бил антипатичен тогаш, како прасе во фацата. Ама сега, кхм Не ставам веќе слики, ќе ми падне притисокот, а и се пости денес Си ги штедам епизодиве, ако пребрзо ја изгледам ќе ми фали премногу до есен, ептен ми се фати за срце, во топ 5 серии од овие што ги гледам.
Мене Кејти Кесиди повеќе ми се свиѓаше како негативец во Супернатурал, овде едвај ја препознав. А во серијава сите девојки се која од која, како цртани Оли е секси :geek: Дури и девојката на островот беше убава Мислам дека ликовите ја гураат серијава, приказната и не толку. Требаше уште нешто да додадат, за да се заинтересираме за мистеријата, вака сме ко слепи. Иначе и јас навивам за Фелисити, ептен ми е кул А татко му на Томи многу америчка фаца ми има, како недосончан во солариум ми е
И ја изгледав цела, не можев да престанам после 19тата, едноставно не ми даваше срце да не ги изгледам сите. Финалната не ја очекував така да заврши, али предобра, едно од најдобрите финалиња во последно време. Јас лично сакав поинаку да заврши, но сепак и вака не е лошо. Спојлер Не сакав Томи да умре, мислам дека екстра пар беа со Лорел. Со Оли нема хемија едноставно, нема исфорсирано е, стара љубов бла бла, ју беливнд ин ми вен но боди елс дид, крап, не ми е некако тоа тоа. Убедливо нај нај пар би биле Оли и Фелисити, уште одсега фрштат искри, сцената во ливтот, т.е над лифтод ми беше топење, значи се гледа дека Фелисити го бендисува Оли, али он глуп. Со душа сакам да видам што ќе се деси понатака на островот, таа приказна некако ми е поинтересна, а сега ми е поубаво Оли да го гледам да се спанџа со Фелисити. И Рој и Тиа ми се пар ипол, каква спојка се, нешто нај во серијава. Инаку најсигурно мртов е и Мрлин, нема враќање, ама имаат ште работа, мислам дека многу работи останаа неоткриени, за среќа наша ќе уживаме и следната сезона. Прочитав дека Лорел ќе била исто во маска следната сезона-Black Canary. Што сакаат нека и праат, ама нека и најдат некој, да ја мавнат од Оли. За РОј има шпекулации дека ќе биде црвената стрела, ама че видиме. Предобара серија сума сумарум, не очекував дека до толку ќе ми се допадне. Одвај чекам 2ра сезона, одвај.
Лелееее крајот каков беше Спојлер И јас нејкев Томи да умри не беше фер стварно многу ми падна жал ко ги виде заедно со Оли...нз мене не ме бендисва Лорел за улогата воопшто и страшно ме нервират оние шангајките патиките глупи шо ги носи нема везе то ама онај со Теа стварно премногу си одговарат и прејак ми е и тој знаев дека нешто и тој ке влези во шемата овде Фелисити ми е омилен лик срцка е најјака Не можам леле до септември пооооооо
^^ јас навивам за Тиа и за малиот да му се додадат на темата помошници Спојлер не ми се верува дека Волтер после се што се десуи замина ... итоа онака без да и каже ни збор на таа „Кравата“ јас буквално знаејќи дека заради неа лежи 6 месеци таму имаше да и ја пукнам една преку муцка за да се свртии 1000000 пати ММЕ незино мамино.. Криво ми е дека пола град се руши ама сега моѓе во следнава сезона Оливер ке го гради Знае некој за кога е најавено 2ра сезона?
Ова е една од ретките серии што намерно ја почекав да заврши цела сезона и да ја изгледам одеднаш. Знаев дека ќе ми се допадне. Солидно сценарио, ликот е бонбона, има потенцијал многу. Се израдував кога ја видов Вила Холанд (Кејтлин во O.C., Агнес во Gossip Girl) девојката е феноменална. Има сплетки, мистерија, интрига, а другар ми ми кажа дека и веродостојно се држеле до стрипот. Филмовите и сериите со супер херои се такви, нема многу чудење околу приказната. Или ги сакаш, или не ги сакаш. Ќе пишам впечатоци штом ја изгледам сезоната.
Ја изгледав за релативно брз период цела сезона и ми се допаѓа. Спојлер Оливер е супер само никако не ми е за со Лорел.Многу ме иритира и воопшто не и стои оваа улога на добра девојка.Супер ми беше Detective McKenna Hall.Ми одговараа со Оливер, па дури и Хелена ама Лорел никако. Баш ми е криво за Томи, мислев дека ќе влезе во филмот каков татко таков син, ама до крај си остана френд. Тиа и Рој премногу фрчат со страст.И требаше на серијата ваков пар.Навивам за нив и се надевам дека ќе им се придружат на екипата на Оли и заено ќе напаѓаат Мене супер лик ми е и Волтер, посебно со неговиот англески акцент И на крај најаката Фелисити.Значи ја обожавам.Супер лик.