Спојлер И мене епизодава малку ме разочара. Сите, освен Фелисити, изгледаа како да не им е баш гајле дали Оливер е жив или не. Ме зачуди Малком затоа што изгледаше како да му е жал за смртта на Оли, не знам дали е вистински или се грижеше само што ќе се случи со него после ова. Mоментов ми беше пресмешен, демек ќе се исплаши Малком со 2 пиштола: Палмер не го сакам, многу ми е Tony Stark Wannabe, не знам зошто толку сака да го спаси градот кога веќе ги има Arrow и Speedy. Па уште го местат со Фелисити, не ми се воопшто добар пар, а и јас сум Team Olicity . Лорел не сакам да ја коментирам, како одеднаш научи како да го брани градот е неверојатно. А и Тиа ме чуди, како веднаш забележа дека Рој е Speedy, а Оли е Arrow подолго време и има некои очигледни работи по кои лесно ќе сфати за кој се работи. И едно прашање до оние кои ги гледаат и Arrow и The Flash: Која ви е поинтересна, која ви има подобра приказна? Јас не сум многу воодушевена од Флеш, очекував повеќе, ама постојано читам доста позитивни работи за серијата.
Јас неодамна завршив со втората сезона, малце назад сум и кога ја гледав последната епизода, чудо беше што не ги искинав слушалките од нерви. Мислам од пола епизода натака почнав да ја мразам серијата и тој кој ја направил и се ради тоа што ми ги кренаат чувствата за Оливер и Фелисити и во еден мал момент ми ги рушија. Искрено многу го скав Малколм и дел од мене беше пресреќна кога се појави. Да помини екстерното ќе почнам да гледам и трета сезона.
Спојлер Можеби Малком се надеваше дека Оливер ќе победи во битката, затоа и го прати, за да се ослободи и он самиот. Може и му беше жал малку, мене така ми делуваше. Одамна знаеше она дека Рој се мавта со Стрелата. Уште кога беше со него кога го бараа, и после тоа кога го молеше да се држи подалеку од него. Ќе беше многу глупаво да не знаеше дека е Рој. И Спиди е Теа, не Рој. Јас Флеш не ја гледам, не ми е интересна, кастингот не ми се допаѓа баш. А и слична е ко Стрелава така што... Ете, доволни се спојките што ги прават, иако нема некоја потреба од нив.
Флеш е со побавно и поедноставно дејствие,ама интересна е,за тепање време.Треба да се подобри акцијата и сценариото. Стрелава е баш супер,добро и кастингот им е јак
Спојлер Оливер мислам во втора сезона го нарече Спиди- по прекарот на Тиа, ама он не го прифати тоа име. Јас така сум го запамтила, ама уствари Arsenal почнаа да го викаат.
Спојлер Meanwhile, Maseo finds Oliver's body and takes it to Tatsu so that she can "bring him back to life".-Ова го најдов на википедија,така да Масео не мислел буквално што значи Оливер не бил мртов.А нема логика после 4 дена да го носи кај неа,најлогично е брзо по борбата.Како е навистина ке видиме понатаму.
Спојлер Ама он е Оливер Квин,мислам после 4 дена (ако добро разбрав) Масео ја носи Татсу да го спаси, а Оливер лежи на карпа на -20 степени и останува жив. Која траги-комедија
Спојлер: 3x10 Многу досадна епизода,навистина очекував повеќе! Лорел како и обично премногу ме нервира,не ја гледам во улогата на Black Canary,досадна ми е. И како може овие од "Team Arrow" така лесно да се предадат,посебно Фелисити?Хелоу,како може да е мртов,па тој е Оливер Квин
Спојлер: s03e10 Епизодава ми беше многу млака. Ништо посебно не се случи, освен што се откри причината зошто Матејо му помогна на Оливер. Мене сеуште поинтересни ми се настаните од минатото, отколку овие новиве. Лорел никако не можам да ја поднесам, ужасно ми оди на живци. Сега па со глумењево bad ass уште повеќе! Ниту ме допре епизодава, ниту ништо. За тепање време ми беше. Се надевам дека ќе се вратат во колосек.
Спојлер: с03е11 Не беше лоша епизодава воопшто. Оливер пак го немаше многу, ама имаше доста акција. Мило ми е што Лорел не ја направија веднаш некоја супер-жена, туку се гледа дека е неискусна. Овој Брик е одвратен, ама во целост ми се допаѓа како негативец, ми се допаѓа и актерот. Едвај чекам да го средат. Досадни се овие враќања во минатото, поинтересно беше на островот, ај нека си се прибере пак таму.
Спојлер Многу беше подобра епизодата од предходната.Едвај чекам Оливер да се е врати досадно е без него.За диџејот се шокирав,не очекував такво нешто да се случи.Без разлика што Лорел не ја направија супер-жена, воопшто не сакам да ја носи таа маска
Незнам што толку ја хејтате Лорел. Неможе да ја замени Сара тоа секој го знае, но добро е што ја пуштаат во огин, и можеме да видиме како еден почетник се мачи во нешто
Антипатичен лик,барем за мене тоа е.И во друга серија ја имам сретнато и таму ме нервираше. До глумицата е,не до улогата.
ДЕФИНИТИВНО НАЈАКААААААААААА СЕРИЈААА. Вчера ја почнав.. сега сум 4 епизода..Мислев дека Game of thrones или Breaking bad се најдобрите серии според рејтинг...Кои достигнале до 9.8/10 ама стрела/arrow најзаразна е од сите..Сега ми е најомилена.. поготово ми се слатки оливер и таа убавицата <3
Спојлер Добро е барем тоа што не ја направија Лорел уште од прва тепачица права зашто стварно ќе беше безврска со само два тренинга да ја стават на исто рамниште со Сара или Рој. Мене Лорел ми е онака океј како лик, мислам дека има можност да напредува се` додека не прави непромислени потези.И нека се враќа Оливер веќе досадно е без него!