Форумџика на годината

Стрела (Arrow)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од kravce, 19 октомври 2012.

  1. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    И конечно Оливер се врати ама од неговиот тим не дочека враќање какво што јас очекував,посебно не од Фелисити.Па чекај остави го човекот малку прашај го како се вратил во живот а не веднаш такво однесување.Можеше тоа да се остави за некоја друга епизода,барем од моја гледна точка не ми се допадна нејзината реакција,не дека е во ред тоа што Оливер ќе го прави.Сите ми беа некако индиферентни освен детективот и Тиа,за неговото враќање.Немам што повеќе да коментирам,ќе видиме понатаму што ќе се случи.
    п.с Неговото враќање пред луѓето ми беше epic :D
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.840
    Пол:
    Женски
    Епизодава... Некако враќањево испадна обратно. Очекував некоја емоционална сцена со Фелисити. Почнав да се откажувам од Олисити, мех, нека оди нека си го бркне Атомот и чао пријатно. Од овој слепецов ништо не бива. И поразувањево на Брик премногу брзо некако. Нели беше страшно опасен? Мерлин го удри неколку пати и ај чао, а од куршум ништо не му е. Башка неговиот тим сите со пиштоли, убијци, овие од Глејдс гревчиња никакви и демек победија. Добро.
    Се изнасмеав само на сцената со Рој и Ленс кога му рече Харпер :D а не можеше ли и Оливер така да го препознае, маските не им се воопшто различни.
    Онака епизодава, не ми ги исполни баш очекувањата.

    И да, јасно беше уште кога Татсу му рече дека ќе мора да жртвува нешто скапоцено, се знаеше дека толку ќе биде од Фелисити.
    [​IMG]
     
    На mileystar, Elena69221, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Oliver is back,yey :D Кој говор им го одржа на народот,мислиш градоначалник :DИ наку баш ми е интересно да ги видам во акција со Мерлин,добра соработка со подлажнување.
    Фелисити си изреагира коректно,аман веќе од Оли,стопати и вели ја сака,ама стално изговори вади,и јас се откажав од надежта за нив двајца :(
    Инаку Брик ќе напраи фрка следната епизода според промото,и пак го видов тој од Вертиго,константно се враќа :D
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.840
    Пол:
    Женски
    Ех, таман работа да не се врати. И Слејд ќе се врати, собира сили само. Не гледав промо, сакам да бидам изненадена. Демек. Оној што ја учи Лорен го искршија сиромашкиот, Брик добро му се натепа. Ама затоа Лорел е добра ученичка. :D
    Патем... 8-|
    [​IMG]
     
    На mileystar, Tiki-lolipop, Marossa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Леле колку сум се смеела за сликава... :rofl:
    [​IMG]
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    Јееј,конечно се врати Оливер :party:
    Епизодава беше закон,посебно кога се здружија сите против Брик,уште и Палмер фалеше.За реакцијата на Фелисити,очекував вакво нешто од нејзина страна,посебно кога Оли и кажа дека ќе соработува со Мерлин.
    large (2).jpg На ова многу се смеев :D:D
    That must hurt :D:(
     
    На Hipster, Marossa и the.vampire.girl им се допаѓа ова.
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Вратија се Шиме.
    Добро е мрдна сезонава од мртва точка, супер ми беа сите епизоди после нова година.
    Шеќерче е бе, како да прекинеш да ја гледаш кога не можам без тие негови папи ајс...
    [​IMG]

    Ми се допаѓа тоа што ќе тренираат заедно сите тројца, без разлика на се не можат без Малком.
    Брзо го снема диџеот, требаше малку поише да го остаат.
    Нема везе, нема везе.
    И зашто осеќам ќе има нешто меѓу Фели и Палмер, мора да има за да му дојде памет на Оли. Нека ја освежат и неа малку, пустата неомрсена 3 години е:D
    Сакам да ја видам со него барем на кратко, па после Оли да го исчука и да си ја освои назад, ко витез.:wasntme:

    П.С Кој се враќа во следната епизода
    http://www.latinpost.com/articles/3...-spoilers-deathstroke-tommy-merlyn-return.htm
    Треба да ја крстат серијава рајс фром д дет, сите оживуваат мистериозно, уште Моира остана.
     
    Последна измена: 18 февруари 2015
    На Marossa и mileystar им се допаѓа ова.
  8. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    ^Во флешбекови ќе се враќа Томи,а Слејд е уште жив,на островот е он :D
    А баш би сакала да го оживат Томи,убав е :D
     
  9. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Ајде да видиме малку акција со Слејд, вака досадно станува. Последниве епизоди ги гледам без внимание, па морам да враќам сцени дека сум ги поминала мислејќи на нешто друго. Првите две сезони ми беа многу поинтересни...
    П.с. сега приметувам дека Рој не знае да глуми, само прави некои полунасмевки што се трагикомични. :D
     
  10. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Ајде уште малку може и Џон да го видиме во суперхерој. (Green Lantern)
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.840
    Пол:
    Женски
    Леле серијава луѓе, дали е можно да станува се поглупава? Изгледа можно е.
    Оли да биде Раз Агул, ар ју факинг кидинг ми? Туку така ја фати Ниса, одма ја порази, ајт у кафез.
    Тоа дијалозите врска им немаат, оваа (не сакам името да и го напишам) легна со атомот, тој костумот, леле мори мајко. Му ја зема компанијата на Оливер, му го зема градот, му ја зема девојката сега дојде на ред и херојскиот статус да му го собере. Чекајте другарки, зошто серијава уште Arrow се вика?
     
    На rhcpfan, Marossa, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. MysteryMan23

    MysteryMan23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2015
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Машки
    Најдобрата серија шо ја дават на македонските програми..
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ептен глупава епизода.Оли пак се враќа да се бори и зошто? Мал дел за сестра му,повеќе му е што го утепаа еднаш,па како тоа него некој да го победи |(
    Арно си призна барем,егоист и налудничав.Ептен заматен ум е,многу работи му се издешаваа,само во борба функционира нормално.
    За Фелисити се очекуваше ова,ја сфаќам комплетно жената,се нема омрсено сто века,а овој Палмер кога и испадна полугол,целиот секси,па кој да му одолее:sweat:
    Инаку костумот Атом ми е малку надвор од серијава,не ми се вклопува воопшто.
    Градот повеќе заштитници ќе има отколку луѓе.

    Да не биде темава само слики од Стивен
    [​IMG]
    И другово колаче :$
    [​IMG]
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  14. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Мене епизодата ми беше до некаде океј.Крајот ме шокира навистина не очекував такво нешто..Ова со атом ми е бесмислено и нема потреба од такво нешто во серијата навистина.Тоа со Фелисити што се случи и него,некако очекував и не ми смета ,сепак девојката треба малку да е среќна :DЛорел ме изнасмеја најмногу на светот,значи како може така да биде глупава и да мисли дека може со Малком.:rofl::rofl: Оливер го разбирам до некаде,а до некаде и не.Тиа малку избрза со Малком,без разлика што да сторил,таа пак ќе чувствуваше вина.И ајде веќе нека се смират со Рој не можам така да ги гледам :D.Сфаќам дека Оливер сака да ја спаси Тиа,ама некако сето тоа со Нанда парбат и одењето по Малком пребрзо ми се случи за една епизода.Нафрлано некако :^)
     
    На mileystar и Elena69221 им се допаѓа ова.
  15. G.G

    G.G Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски
    Епизодава досадна и глупа мислам Лорелај со Малком??? А најглупото од се ми беше летањето на Палмер, на Тони Старк му требаше време да научи да го контролира летањето и општо целиот костум на Ајрон Мен овој оп легна со Фели, стана го среди и се вивна во ѕвездите и сега супер херој е бла бла бла
    инаку ќе има и нов спин - оф со Палмер, Сара (најверојатно ќе ја вратат некако со Лазарус пит барем така се теориите на нет) и Ајсмен
    а ова со Оли и понудата на Ра'с беше очекувано зошто се водат по приказната на Бетмен, за Оли да стане Зелената Стрела мора да ја прифати понудата. И за крај се надевам дека нема Олисити да ми ги стават во заборав, тоа што спиеше Фелисити со Палмер ќе го заборавиме без разлика колку е добар на очи ;)8)
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.840
    Пол:
    Женски
    Ова серијава ко мајка е, само раѓа нови серии.
    Мене па палмер не ми е нешто особено, чудно му е малку торзото. А Лорел со Малком беше живи смешки, ама ете, бесот чуда прави. А причините за кои Оли отиде во нанда беа и повеќе од бесмислени, Малком да го спаси, Боже сачувај. Колку луѓе има убиено, а се загрижи за еден кој не е ни малку вреден. ( and it rhymes)
    И душата на Теа ко божем нечепната е, знае дека ја уби Сара, тоа е и повеќе од доволно, без разлика што не беше свесна. Ама ај. Oh well...
     
    На Tiki-lolipop, G.G, Elena69221 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    Последниве две епизоди,некако бесмислени ми се.Што му се случува на Оливер,причината поради која отиде во Нанда Парбат е навистина глупа,Тиа да не се чувствувала виновно,ма како да не,а Тиа ја гледаш ја предизвикува Ниса на двобој :^).Значи толку ми се антипатични и Тиа и Лорел,посебно Лорел,со кој ум отиде да се тепа со Мерлин???:x
    А Фелисити,си вика Оливер ќе оди во Нанда,пак ќе умре,што е сигурно,сигурно е да си го фатам Реј,нешто во тој фазон ми е :D:D
    И нормално крајот ме шокира.Оливер да биде Раз Агул?Нема шанси!
     
  18. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Порано имав омилени ликови во серијава, ама со секоја нова епизода сите ми се некако меех.
    Сериозна беше Лорел? (facepalm) Требаше Мелком убаво да и го дотера паметот - заслужено ќе беше.
    Атомот нека си го вметнат во The Flash, што има тука да го мешаат. Скроз ми е безвезе, колку само да се дешава нешто. А Оливер не мора да се прави Мајка Тереза покрај толку многу убиени луѓе, се потресе за да го спаси Мелком. Врв на глупоста! Дали јас се навикнав да гледам други серии каде нон стоп се убиваат луѓе, па сега очекувам во секоја серија да се дешава тоа - не знам! :D
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.840
    Пол:
    Женски
    Офффф.
    Атомот толку се изнамачи со костумот и од една стреличка толку беше.:D Се посмеав добро на сцената. Серијава ми преминува во жанр трагикомедија да ви кажам право.
    Па му вика Оли на Реј, Фелисити те одбра тебе. Како па да не. Он кога ја шутна, па оваа избега кај Реј, не дека го одбра. Не може да го има Оли, па се задоволи со Реј. И тоа е тоа. Дијалозите продолжуваат да стануваат се поглупави. Имаше уште еден бисер на кој се посмеав, ама не ми текнува сега.
    И што беше со минатото на Дедшот? Апсолутно непотребно. Ама па и на Оли минатото е исто така глупаво и без поента. (facepalm)
     
    На Giovanna, viktorxD, the.vampire.girl и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    И моментот кога Реј го испржи Рој со тоа струјата,сиротиот летна на другиот крај ама затоа Оли како си замина,како газда.:D
    Скроз се согласувам со @RainBow, серијава ми стана комедија не ми е воопшто тоа што беше.
     
    На the.vampire.girl, RainBow, mileystar и 1 друга личност им се допаѓа ова.