1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стрела (Arrow)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од kravce, 19 октомври 2012.

  1. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас завршив со серијава.Последнава епизода 3 вечери по ред ја заспивам,конечно ја изгледав и готово,доста беше.
    Нема потреба ни спојлери да ставам,дебилизам до срж,толкава бесмисленост одамна не сум видела.
    Има нешто во одредени серии,после 3та сезона ја оплескуваат работата,не е оваа единствена.
    Па ако немаат инспирација,нека ја прекинат навремено,мада се е до екипата што работи,како е можно Супернатурал,Хаус,Френдс.. по 10 сезони имаат,а уште да ми се интересни и по сто пати да ги превртувам.
    Амел нека си најде друга улога поскоро,со задоволство ќе го манијачам :D
     
    На mileystar, bittersweet, Elena69221 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Arrow е серија за тинејџери и за деца не ни е цацко крив што ја гледаме :D.

    Спин оф серијата "Flash" е нешто подобра, нема такви глупости како во стрелава а кој сака стварно квалитетни серии, да чека со нетрпение следна епизода и да не се осеќа дека оштетува мозочни клетки моја најтопла препорака за "Continuum" i "Marvel's Agents of Shield". Во споредба со овие две Arrow изгледа буквално ко детска емисија.
     
    На Marossa и do-re-mi им се допаѓа ова.
  3. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Море Фринџ му е мајката,цело време се прашувам како сум губела време со вампири и се и свашта,кога серијава ми била поставена на послужавник уште од 2008,заостаната ептен :D

    Инаку Флеш е за нијанса подобра,ама мислам и таму ќе зафркнат после 1 сезона,нели од ист човек се правени :D
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    Абе ајде......колку само се нервирам :D:@Што му е на Оливер?Знам дека сето тоа го прави за да го убеди Рас,ама мислам малку претера.Се е измешано,баш ме интересира кој ќе биде негативниот лик во 4 сезона?И Масеа го убија,а Татсу мислам дека нема да ја убијат бидејќи сигурно знае нешто за противотровот.Од епизодиве најмногу ми се допаѓаат тепачките,посебно оние во Нанда Парбат,тоа беше јако,и нормално хуморот на Фелисити :D.
    plknb.jpg Ете кој ќе ја спаси целата работа!! :D:muscle:


    И уште нешто:
    tocno.jpg
     
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Море сексот не го прокоментиравте ич а?(смајли што се лигави). Онака душата ми се напуни небаре ја се плеснав со него.
    Прекратко траеше според мене, по експлицитно сакав ја, иф ју ноу ват ај мин]:)
     
    На G.G му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Конечно ја завршив сезонава, и да ви кажам и не е толку лош завршетокот, добро јас читајќи ве вас искрено замислував многу полошо.
    Да целата фрка околку Оли е лош не оли има план е добар и стварно не сака ми беше смешна. Плус која му беше логиката да се здружи со Мерлин не сфаќам. Плус лезбо моментите на Лорел и Ниса ми беа бљак. Што знам многу извештачено ми беше/
    Среќна сум за Фелисити и Оли конечно, само дали е сега време за нив и не знам баш. Јас мислам дека не треба да има 4та сезона или ако веќе има требаше поинаку да заврши.
    Малком е сега Рас Ал гул океј, логично до некаде дека он умираше да биде Рас, ама некако прелесно и пребрзо дојде до тоа.
    Многу работи се десија пренабрзина, многу нелогични работи се десија во момент на секундата.

    Читам коментари за 4та сезона, Оли ќе биде Зелената Стрелка и ќе има брада. Има и милион слики што укажуваат на тоа ама мене ми е тогаш навистина бља. Која драстична промена човече.
    Многу капитални грешки сезонава, од кикнивањето на Рој, кој колку и да лоши глуми беше незаменлив дек на тимот. Многу нелогични смрттни случаи, па воскреснување к*рци палци.
    Али морам да ви признаам, многу беше секси оли вака со кратка коса и малку подолга брада. Тоа очињата како ми светкаа, мф мф.
    [​IMG]
    Aли да сценаристот е изгледа факат камен пијан кога ги пишува дијалозите, па дете од 3то одделение подобри ќе смислеше.
    Ја уште не кревам раце од неа иаку да морам да признаам ја отераа во бестрага серијава.
    Али ова ми беше сепак хајлајтот во целата, целата фрка и лудило.
    Прекрасни се.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    Последна измена: 19 мај 2015
    На rhcpfan, mileystar, Marossa и 2 други им се допаѓа ова.
  7. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    И јас дефинитивно се вклучувам во групата на критичари, не само за финалето на 3 сезона, туку општо за текот на целата серија. Нема да заборавам кога ја почнав серијата беа излезени 8-9 епизоди, како ја гледав со сласт и воодушевувања, ми беше во првите топ 5 серии а сега буквално се мачам додека ја догледам секој епизода. Буквално од 3 сезона неможам да извлечам ништо интересно.
    Толку долго го чекав спојот на Фелисити и Оли што сега кога и се случи бев многу рамнодушна, се едно ми беше |( Ретко прекинувам серија и ајде ќе видам како ќе почне 4 сезона, чисто да видам дали се на добар пат да ја подобрат иако ретко која серија успеала во тоа!
     
    На theowndemon и mileystar им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.087
    Допаѓања:
    174.069
    Пол:
    Женски
    Према колку лоша беше трета сезона, и нејзиното финале, мислам дека отвора патишта за доста добра сезона барем по мое, мислам јас лично само од финалето извлеков некои интересно делови за што би можеле да бидат како последица на се ова што се случи, но дали така ќе биди во серијата ќе видиме ...
     
  9. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Знaчи кaкo ме нервирa oвaa ЛOРЕН МДКСOСППАЈДНСЈСУСИКД!!!!!
    :@
    Дoјдoв дa се испрaзнaм дoдекa се пуни следнaтa епизoдa.

    Дo следнo пишувaње.
    Вaшa, М :doh:
     
    На Arabella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Arabella

    Arabella Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2013
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Првите две сезони беа супер. Едвај чекав да излезе нова епизода. Но третава...:worried:
    И глумата лоша (може и порано била таква- сигурно, но можеби поинтересна приказна и не сум забележала). Особено Фелисити.
    Значи колку и да ја сакам, и ми е слатка, и со Оливер ми се преубав пар, глумата и е ужас. Особено последниве епизоди кога плачеше и цивкаше цело време.
    Не знам што да очекувам за следната сезона. Се надевам ќе биде последна, и нема да одолговлекуваат со приказната. Можеби Оливер ќе се бори со Малком. Нели он е Ра, и може ќе се борат, и Оливер конечно еднаш засекогаш ќе го победи и ќе се ослободи од Малком.
     
  11. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.097
    Допаѓања:
    6.158
    Пол:
    Женски
    Се надевам и стискам палци дека 4-та сезона ке биде подобра од 3ва. Првите две сезони ми беа супер, ама третава малце ми ја укакаа. стварно незнаев кој е мртов,а кој жив. (facepalm)
     
    На the.vampire.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Моето прво прашање за оваа сезона е дали ако серијава има уште 3,4 сезони да речеме во секоја сезона Оливер ќе биде транспортиран на нов остров или на некое друго место?
    Бидејќи ова почна да биде досадно веќе, се се повторува, и на крај пак некако приказните од флешбековите имаат ударно дејство во сезоната. Таман помислив доста е од острови и од Рас'ал гул се надевам они ете ги пак!
    Второ што не ми се допаѓа е овој Демиен Дарк суперхјумен, е тоа ми беше скроз безврска, кај ми е доста од The Flash и таму метахјуманс сега фалат уште тука. Сфаќам дека сигурна има некаква врска со Рас и Нанда парбат нели го видовме чудото со Лазарус пит ама не можам веќе да поднесам во што ја претворија серијава. Од една добра и пред се реална приказна за еден херој во суперхјуманс фантастика за 3 хероја. Не знам за вас ама јас немам претстава кога гледам дека серијава го добила името Arrow кога Оливер ми е ко безгласна буква, џабе е и green arrow и што сака нека му сменат во името кога него го сменија скроз ко лик.
    Знам дека само негативни коментари имам ама мислев ќе се поправат а веќе не сум сигурна во тоа а и веќе серијава почна да губи многу гледачи.
     
    На theowndemon и d.Darla им се допаѓа ова.
  13. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Почетната епизода ми беше онака,солидна за почеток..Не сум навикната да го гледам Оливер таков цело време со Фелисити.Ме нервира што цело време се врти истото во круг,упорно некој bad guy го напаѓа градот,тие го победуваат и ајде па друг го напаѓа градот и така натаму..Мене флешбековите ми се интересни затоа што сметам дека треба да се открие целата работа со Оливер на островот.Тој новиот лик Демиан,ужас воопшто не ми се допаѓа што внесоа такво нешто.Во врска со Лазарус пит мислам дека сега следи оживување на Сара и веројатно ќе се врати како White Canary.Единствено тоа ми беше интересно во втората епизода.А и во првата епизода крајот беше чуден,имам читано дека некој од главните ликови ќе умре само што ни продуцентите сеуште не знаат кој е.Очекував нешто ново поинтересно иако почетокот ми е подобар од трета сезона (сепак пак е рано да се каже) но ќе видиме понатаму.
     
    На d.Darla му/ѝ се допаѓа ова.
  14. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Па како заврши најновата епизода, се мислам и јас кој ќе убијат од главнинве ликови? Сестра му и Фелисити не ми се верува....Црнецот да не го убијат??
     
  15. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Ја гледате уште серијава?
    Не ми се верува дека Фелисити е мртва,мислам кога можеа сите ликови да ги вратат од мртвите сигурно Оливер ќе најде некое решение.
     
  16. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.097
    Допаѓања:
    6.158
    Пол:
    Женски
    Јас уште ја следам серијава и стварно се надевам дека Фелисите не е мртва. :( се надевам нема да ја умрат. многу ќе ми биде жал ако умре.:(
     
  17. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Не е мртва Фелисити, таман работа, видов коментар од Stephen, нема да ја умрат
     
  18. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.097
    Допаѓања:
    6.158
    Пол:
    Женски
    новава епизода беше врвна. едвај чекам нови епзоди.
     
  19. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Уххх јас вечер ќе ја гледам. Сигурно е добра епизодата. А Фелисити знам уште од порано дека нема да е мртва.
     
  20. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Не знам дали уште некој ја прати серијава и не знам јас сама како уште ја гледам, мислам најпаметно е да ја преименуваат во "Хрониките на Фелисити". |(Толку напорен, одвратен лик не сум сретнала оддамна во серија. Дури и да биле такви со тек на сезоната се подобрувале. Ама ова е претеризам веќе. Како цел свет на Оливер да се врти само околу Фелисити, само таа се жали, плаче, значи многу ми е лигава, како не ја утепаа кога експлодираше колата голема работа ќе завршеа. Никогаш не ги сакав како пар, едноставно не ми се свиѓаат заедно и не ми се свиѓа во каков мекуш го претворија Оливер, како последна на свет да е оф.
    И како што читам на сите портали Лорел е таа во гробот. И тоа ќе биде врвот на глупоста оваа сезона. Таман и го оправија ликот, и посветија малку простор покрај целава драма со Фелисити и ако ја убијат огромна грешка ќе биде. Огромна!!!
     
    На blackpanter му/ѝ се допаѓа ова.