Мене последнава епизода ми беше досадна ептен. Се сложувам за Фелисити напорна е многу последниве епизоди, ама ми беа слатки со Оливер, ама заврши тоа. Врв беше кога му раскина и прооде. Колку се смеев тогаш. Најискрено јас би сакала Лорел да умре, ич не ја сакам, и неа и татко и ( не би ми сметало и он да умре), човекот колку пати го убиваа, тепаа и се и пак е жив. Опадна квалитетот на серијата тоа е, се надевам ќе се поправат.
Arrow е совршен пример како продуцентите можат целосно да упропастат една серија. После епизодава можеби ќе ја догледам до крај само чисто да видам како ќе заврши, а од наредна сезона се откажувам. Многу сум разочарана, многу. Како можеа да ја убијат Лорел? Ова е неправда, кон Кејти, кон нас гледачите. Прво јасно беше кога почнаа да и кратат сцени, во одредени епизоди дали два пати ќе ја покажеа и целосно ја ставија во заден план како да не постои. А black canary е битен лик од стриповите од justice league. Колку само се подобри од почетокот до сега како лик конечно,стана black canary и за што? За продуцентиве да ја убијат и нормално пак да ја стават Фелисити во центар на внимание и сега неа да ја претворат неа во black canary. Смачено ми р од тоа што дури и Оливер го ставија настрана и целото внимание на Фелисити го ставија. Како што знам уште Arrow се вика. Како и да е, мислам што и да се случи сега сеедно ми е, поголема глупост од оваа не можат да направат.
Најискрено сакав Лорел да умре, ме нервираше од почеток, ама сега ми е жал. Многу. Инаку по нет негде прочитав Лорел, ќе ја има во Флеш, една епизода мислам, ќе глуми друг лик. И таман епизодава супер помина, на крај Фелисити дојде. И го гушка Оливер, ко ништо да не било. Се надевам нема да се врати во тим Ероу.
Јас имам girl crush on Felicity, така да не гледам реално на ситуациите, сакам само она да ми е среќна де Спојлер: Our love photo Како и да е, не знам зошто ама во последно веќе кон сите серии кои ги гледав имам голема одбивност. Абе се зафркнаа, од серија која вредеше да се гледа сега е ... ништо. И не е прва, а за жал ни последна за која вака ќе се чувствам. Можда често се лутам кога некоја серија која е предобра - ја прекинуваат, но реално подобро да ја прекинат пред да ја уништат целосно.
Лорал сметаше во серијава. Јас искрено сакав да умре. Да ја снема во серијава. Досадна беше. А досаден ми е и Дарк. Цела сезона со него се борат и никој не може да го победи. Приказната во оваа сезона ми е малку утната. Оливер никакви чуства не покажа кога Лорал умре, а му беше бивша. Само на гробот кога беше и тоа траеше 3 секунди. Глумецот не е за вакви филмови. Боље што го ставија во Нинџа Желки, бар таму би успеал мислам.
@Marick14 Мора да кажам дека не се согласувам со тебе.Искрено,сезонава не ја гледам најредовно,ама Лорел иако антипатични првите сезони,последнава стана баш неопходна во секоја смисла.Ликот и созреа,се усоврши во техниките на Canary, и во работата и одеше,и оп,решија да ја убијат. За Оливер,глумецот знаеме не е нешто премногу сјаен,ама во ред му беше изведбата,според мене.Мислам дека човекот е одамна отрпнат,колку загуби има преживеано,така што тагувањето му е неизбежен дел од животот.
Изгледа прашање на вкус е, колку ти била симпатична актерката. Лорел многу се подобри од почетокот па до сега. Многу и се подобри глумата, се соживеа со ликот. Колку и да го обожавам Стивен Амел како личност зашто го следам на сите социјални мрежи како актер не го бива нај нај. И јас очекував малку повеќе да се вознемири за смртта на Лорел ама не го долови тоа како што очекував. Целиов концепт и целата смисла ја изгуби серијава. Приказнава со Дарк изгледаше интересно на почеток ама кога ја вметнаа приказнава со магијата со натприродни суштества се изглупираа скроз! Треба да ги изгледаат Дердевил и Џесика Џонс и да учат за глума и што е серија за суперхерои.
Ако престанам да ја гледам серијава ќе биди зошто на нерв ќе ми стапни со обврзвањето да гледам други серии за да си догледам серијата или магично да дојди продолжение од некоја од другите спин-оф серии, и да се думам да гледам во календарчето да не сум пропуштила некоја недела некоја епизода. Пример последната епизода, не знам како стигна до таму, а не гледам ни еден спин- оф за да дознам, а вика на Legends of Tomorrow ќе продолжела, па сега да провервам кога имат и тие епизода и да гледам. Абе ајде, не планирав сега да ги почнувам туку кога ќе им заврши сезоната.
Оваа епизода беше кросовер меѓу сите 4 серии, Supergirl, Flash, Arrow и Legends of tomorrow. Така да, да ја разбереш целата суштина и борбата против Доминаторите треба да ги изгледаш само новите епизоди и без Супергрл зашто целиот кросовер беа последните 20 сек. А што се однесува до новава сезона на Аrrow, добар старт, повеќе акција и фала богу ги нема веќе Олисити, зашто ја затруја серијава со нивните патетики. Единствено новиве регрути малку не ми се свиѓаат и Лорел ми фали, не требаше да ја убијат.
Зар уште постои некој што ја гледа серијава? Јас се откажав многу одмана дури мислев дека ја прекинале оти стана многу бошшшш.
И јас демек ја прекинав ама ми премина во навика не за друго, а бидејќи ја гледам и The Flash и заради вакви кросовери и поврзаности никако да ја прекинам скроз. Ама се надевам дека ќе биде последна сезона зашто од 3 па навака одат се во надолна линија, иако новава сезона за сега ветува подобрување. Ама сепак останува втората половина каде најчесто ги прават глупостите и нормално почнуваат да ја уништуваат сезоната.
Оф, претходната сезона не беше најдобра ама мислам дека последнава, а особено финалето - беше сериозно добро. Изненадувачки добро. Со душа чекав да ја гледам епизодата и кога заврши сакав уште. Одамна ова го немам чувстувано за серијава. Никогаш посреќна не бев кога ми ја вратија љубовта, бар на една епизода.
Серијата почнувам да ја гледам по четврти пат отпочеток, најдобра серија досега. Последниве 2 сезони некако ја утнаа, но сепак од целава петта сезона последната епизода беше најдобра.
A зарем заврши? Од толку што ја отупеа прекинав да ја следам. Дека е најдобра, далеку од тоа, барем според мене.
Сите серии на CW се обновени за следна сезона? @Stephen Amell Лично, гледам многу други далеку подобри серии од оваа, но и не е толку лоша за разлика од други. Зошто неможам да ја прекинам е зошто сум цврсто врзана за ликовите. Факт е дека првите две сезони се убедливо најдобри, ама и последната имаше интересен пресврт, не колку тие две ама некој нов шмек кој те тера да видиш што понатака. Или можеби беше само глумењето на Адриан, одлично.