Crossover Supergirl-part 1 Првиот дел ми се допадна најмногу. Посебно Оли и Бери кога беа во смокинг. Рори дава хумор, и секое негово појавување со милина да го гледаш. Алекс и Сара ми беа прекјут заедно, Сара како личност е премногу остра, а Алекс нежна, баш си одговараа, ќе ми фалат нивните заеднички сцени. Нешто што ми остави најголем впечаток во првиот дел е кога Фелисити се развика на Оливер, се виде дека на Оли му падна баш глупо. Свадбата на Бери и Ајрис - иако не ми се допаѓаат како пар, се расплакав кога Кара ја пееше песната, додека Ајрис одеше до олтарот. Доаѓање на нацистите-борбата на сите суперхерои против нив ми се многу допадна. Посебно злобните Оливер и Кара ми беа вистински погодок. Arrow-part 2 Појавувањето на Тони како Prometheus ми се допадна многу, и актеров ми недостига во серијава премногу. Злобните Кара и Оливер ми се допаднаа како пар и сето она грижење на Оливер за Кара. Неочекувано ми беше ова: За да не ми е толку долго миислењето, за другите два дела ќе продолжам во темата The Flash.
Mid-season finale За свадбата на Olicity само ќе кажам дека беше пресовршена.Толку љубов има во нив. А и во приватен живот се најдобри пријатели. Издавањето на тимот од страна на Рене беше ту мач, океј, да, секој би си ја ставил ќерката на прво место, ама јас не би го направила тоа. Оливер не постапи лошо кога ги следеше, ама не, на Дајна тоа и е премногу, а тоа што им работеше зад грб не беше важно. Мило ми е што се врати ОТА, а и читав дека и Рој ќе се врати. Кој тим се собрал против нив, никогаш не би ми ни паднало на памет, посебно за Анатоли. Оцена за епизодава 9/10 само за свадбата на Olicity. Инаку Слејд нема да се врати во серијата поради:
Со оглед на претходната ужасна сезона, оваа е колку-толку подобра. Сфатив дека не може да стане нешто посебно добра и интересна, овие серии се лимонадка серии, да се успиваш со нив навечер. Во секој случај, има подобрување. Првата половина на сезоната беше доста досадна, поголемиот дел од драмата се дешаваше помеѓу тимот на Arrow. Заедно, па против самите себе, па пак заедно... Интересно стана кога Дијаз доби главна улога на негативец. Она што најмногу ми се допадна во оваа сезона е режијата. Како се прикажани сцените со тепачки, една доооооолга (снимено да личи како една непрекината сцена) акција, тепачки со многу ликови, измешани во речиси еден кадар. Префрлање од еден лик на друг, флуидно. Поготово беше интересна една од последните големи тепачки кога сите заедно со се FBI упаднаа по Дијаз... Научиле нешто од Daredevil. Tоа е позитивната и јака страна на оваа серија. Се надевам ќе го зачуваат тој тип на кадри. Крајот ми е тапа, воопшто не ме привлекува она што следи во наредната сезона. Но, ќе видиме тоа на есен.
Шестата сезона во глобала беше повеќе од одлична. Како нешто ново, за првпат негативецот не е убиен во финалната епизода. Во сезонава се случи и најдобриот кросовер, а и беше вратен Слејд, кој за жал веќе нема да се појави во серијата. Сезонава заслужува 9/10. Мои најдобри сцени, кои одпочеток и одпочеток ги гледам: Олисити ис енд гејм!
Arrow после очајната 5та сезона престанав да ја гледам, неколку епизоди пред финалето. Ме интересира дали вреди да ја продолжам понатаму или да ја оставам така. Мислења за тие што изгледале и 6та сезона дали вреди да се продолжи?
Шестата сезона е далеку подобра од очајната петта. Но, според мене не е нешто вау, сепак Arrow во глобала не е нешто особено добра серија. Али каде-каде е подобра сезоната. Заклучок: вреди ако си љубител на серијава и општо на comic-book стилот, има поголем број на акциони сцени, интересни кадри со тепачки, мешање на ликови, итн.
Ќе и дадам шанса затоа што видов дека Слејд го има во 6тата сезона. Најголема прочина заради која се размислувам да ја продолжам серијава.
Ја откажаа серијата, следната сезона ќе е последна и скратена. Плус, Емили Бет нема да се врати за осмата сезона, барем не како series regular.
Фала к**цу! Серијава требаше да заврши пред 5 сезони. Стрвни за пари, ги оглупеа и серијата и гледачите.
Имам гледано 3-4 сезони.. Мене искрено првата сезона ми беше најинтересна штета што ја упропастија серијата... На нет скоро сите го мразат ликот на Фелисити.. мене на почетокот не ме нервираше,но немам гледано одамна... Целосно го променија тимот, најмногу ми е криво Теа што не е дел
Несакам да прочитам коментари да не дознаам спојлери, на 2ра епизода во 2ра сезона сум. Ужасно ме иритира Лорел и до негде сакам и да преќинам само заради неа, ама Фелисити ја обожавам, Тиа исто ми е многу интересна. Надежно ја снемува Лорел од наредните епизоди, вака само скокам нејзини делови, многу ми се глупи и мех. И онака не влијае многу на главната storyline(се надевам)
Серијава на почетокот ја обожавав. Кога почнав да забележувам се што е нереално, па crossovers со Flash (ич не ја сакам) некако ми избледи желбата. Немам гледано со години. Ај чим е завршена ќе ја изгледам кај и да е. Многу ги сакам Оливер и Фелисити, Оливер ми е еден од подобрите ликови во CW.
Ја обожавам Стигнав до 3та сезона, Лорел некако ми се засвиѓа, најверојатно затоа што е многу отсутна. Исто, дали сите актери ќе се вака згодни? се топам..