Ми требаше некоја серија за летово да тепам досада и од оваа навистина се изненадив.:up: Приказната е сосема добра, прочитав нешто дека била базирана на стрип, така да уште подобро. Уште од почетокот ме копкаше што му се случило на Оливер на островот. Некако ме нервираат овие флеш бекови, нестрплива сум и сакам се одеднаш да дознаам, ама ај се издржува. Оливер ми е нешто предобро. Успева да варира од нежен и сладок дечко до бестрашен и храбар стрелец. Глумицава што ја игра Лорел воопшто не ми е погодена. Ич ја нема фацката и ставот на адвокатка. Освен облеката што ја носи, ништо друго не ми се допаѓа кај неа, премногу ми е лигава. Тиа, сестрата на Оливер, е нешто предобро во серијава. Ме воодушевува со нејзината глума, покрај тоа многу е слатка. Таткото на Лорел, детективот, не знам дали е до улогата која ја има, ама многу ми е антипатичен. Во секој момент ми доаѓа да му мавнам еден бокс преку телевизор. Диг и Фелисити ми се полн погодок како партнери на Оливер. И да Фелисити и Оливер би биле многу добар пар, се гледа дека фрчат искри помеѓу нив. За крај Рој како лик во Teen Wolf ми беше преантипатичен, ама тука гледам дека доста му лежи улогата. Ептен е згоден и со Тиа ми се the best couple во серијава. Последната епизода од сезонава доста ме раздрма. Таков крај во никој случај не очекував, ама сепак мора некој да си отиде од серијата, па друг да доаѓа, во спротивно за брзо време ќе стане досадна.
Само шо ја завршив у еден здив! Оли, Оли, Оли шо тело ќе беше мајко природо! Мммммммм..... Синоќа го сонував да, и стрели сонував, и секс сонував, па нормално 3 дена само серијава ја гледам, спијам до дечко ми а Оли си го сонувам! Серијата е многу добра, знаев од првата епизода дека ќе ми се засвиѓа а и знаев дека одма ќе а изгледам, кој ќе чека нова сезона сега Прекрасни глумци пред се, Диг и тој машала пу пу тело и пол, со Оли ми се дрим тим. Сестра му на Оли е лепотица права, со типчето (кое најверојатно умре Не дај Боже сепак) си одговараа тип топ. Мајката на Оли и Теа, прејака милфица, и фаца и става, браво за изборот, одлична глума, на моменти ми идеше да ја зашлапам преладен однос со децата, чуден карактер, но нели, така оде тоа кај милионерите...обично^. Волтер - многу ми се допаѓаше, штета баш што го избација од серијата, предобар лик ми беше. Томи на крајот многу ме нервираше, така да неговата смрт многу не ме погоди. Лорел антипатична муцкетина! Кога веќе тера некоја си главна улога покрај Оли нонстоп, можеле да се погрижат бар некоја на негово ниво да му најдат, а не оваа стоногалкава, па како се перчи со тоа цицките напред и газот, ми се идеше прст у око да и брцнам, и под итно нека си ги среде веќите и тоа устата што мисле дека и е ногу секси, а не и, како мамец за риби и е! Татко и на Лорел, го знам од многу други серии и филмови, така да навикната сум на неговата фаца и ми е кул, дури и неговата улога ми е онака чил аут, типично полицајче или инспекторче шо и да е. Фелисити е кул и дефинитивно треба да ја пуцне прчлана Лорен и да го грабне Оли - треба малку да го хакне и рестартира шо се залетал по муцкана дигната. Се на се, добра серија со квалитетна глума и прекрасни актери освен горенаведената лигња.
Почнав да ја гледам пред два дена и до сега доста епизоди сум изгледала. Интересна приказна, ги исполнува моите барања. Мислам дека станувам зависна од серијава. Сега за сега сум презадоволна од приказната, се надевам дека ќе продолжи да ги исполнува моите очекувања. А и овој Оливер е баш убав
Јас морам нешто да кажам! Оваа Лорал(или како и да е) помутава фацка здравје.Зар не можеле да најдат подобра актерка, толку е вештачка, проѕирна, абе да се немало грам талент.Ужас, воопшто не му личи на Оли, ајт таму само нека не се смируваат. А и плус па и не е некоја лепотица, за разлика од него.Лигла.Единствен промашај им е во серијава, дефинтивно. Инаку јас почнав да ја гледам, ама ќе коментирам кога ќе изгледам повеќе, битно ептен ми се допаѓа и веќе сум навлечена.
Не е воопшто лоша серијата, друго е тебе да не ти се допаѓа таква тематика, а друго нешто е да биде лошa. Kaко прво снимена е по стрип и поради тоа е малку фантазија. Мене не ми се јасни луѓето што оценуват филм или серија само според жанрот или темата.Целосна критика се дава кога ќе се согледаат ефектите, актерската екипа и многу други аспекти, тогаш може да се даде соодветна критика, а вака не.
Хаха! И стрипот не го бива, го имам читано. И стрипот го има работено лош тим, а и серијава. Мислам, човече, актерскава екипа доџе ми да вриснем, целата нафурана. Идејата на стрипот, а и на ова тотално ископирана од Бетмен. Серија за плејбол виџеланти. Еј, абе Бетмен ли е ова? Начинот на кој се одвива, со се дејството е лошо. Ниту да те завлече за следна епизода, ниту пак да има некоја wow прикаска. За вкусови не се расправа, ама за невкусови да. Да ти се допаѓа оваа серија е ствар на невкус. И Walking Dead е според стрип, па е суперишка.
^ Зар можеш да им се чудиш на жени што ја гледаат? Серијава е апла плакнење очи. Нема лик што не е згоден или убав, сите девојки се секогаш перфектно нашминкани. Мене тоа на почетокот ми бодеше очи -тажниот живот на рич американ пипл - ама кога има добро мевце за плакнење очи Не, шала на страна, јас ептен се радувам што Самер Глау ќе се придружи на екипава, може сум досадна со неа, ама и фасцинирана сум од неа, па мерак ми е
Да пошто ти си единствениот(та) што гледа добри серии на форумов, па сите ние други имаме лоши вкусови. Али немам намера да се расправам пошто секако те читам на повеќето теми и сфатив дека ти на секое зошто имаш затоа, така да уживај.
Пошто гледа Сјутс ќе му простиме малку, али сепак се работи за вкус, серијва не е сјајна, али не е толку лоша. Кај виде сличности си Бетмен не знам, различна е, можда само идеологијата е иста, али па на сите суперхерои им е тоа идеолгијата, сејв д сити, џаститс битс ол. Јас не сум многу по стриповите, али тие неколку што ги знам тоа е тоа, у кратки црти. Башка не си жена за да сфатиш зашто ја гледаме, иаку ние сфаќате кога гледате некоја серија или филм заради јаки риби, така и тука исто.
Кравче ти се радуваш на Самер Глау а јас па на Dylan Bruce (Orphan Black) е сега незнам колкава улога ќе има но ќе се појави како директор на Лорел Спојлер Првата епизода ми се допадна.Нешто има од минатото нешто од сегашноста а откриваат и за иднината. Ќе почнам од Оливер.Посекси неможе да биде Го вратија Фелисити и Дикс.Заедно ми се како трите мускетари! Баш ми е мило што Теа и Рој се заедно само се надевам Рој нема да западне во некоја неволја а така ми се чини дека ќе биде.На почетокот мислев дека он е во групата на лажните стелачи. Е сега која беше па на крај оваа плавата, мислам дека не беше онаа јапонката од минатата сезона, некако се сомневам дека е оваа Isabel Rochev или па можеби Shado(од островот) Дефинитивно тврдам дека кај Фелисити и Оливер има некоја искра, посебно го почувстував во оваа епизода.Ја обожавам како лик, па со каква радост му ја покажуваше новата направа за стрели.
Во првава епизода ептен секси ми беше Рој... уф бре Добра беше епизодата. Јас ја напнав Самер Глау, а од нејзе немаше многу, ама знаејќи ги нејзините улоги мислам дека ја спремаат за поголемо нешто. За Фелисити читав дека ќе има маж за нејзе, ама друг некој, не Оли. За Оли пуста среќа што не иде веќе со онаа Плавата на крај е друга глумица, она ќе биде Black canary изглеа од стриповите. Малце ме изнервира мене Оли на почетокот, одма нешто не иде, и брзо назад да го нема
Мислам дека Лорел е Блек Канари, така некако беше според стриповите. Не беше лоша првата епизода ама не беше ни нешто wow, има време може ќе се поправат. Како бе на Фелисити друг маж ќе и наоѓаат, па каква сексуална тензија има помеѓу нејзе и Оли, тие друг маж ќе и местат , ај може понатаму ќе ги состават или барем еден секс нека падне помеѓу нив.
Па како што читав, за старт оваа ја ставиле... http://i.huffpost.com/gen/1253022/thumbs/o-ARROW-BLACK-CANARY-facebook.jpg Спојлер Иначе ете, грешка напраив со Фелисити читав уствари во стриповите дека ќе има друг тип Извинете ко призна... Ај да не откриваме предвреме работи, ќе видиме што ќе испадне. Битно има серијава луѓе за плакнење очи
И јас почнав да ја гледам,само што ја завршив прва сезона.Значи верувајте ми за 1 недела цела прва сезона ја изгледав ,толку многу ме зарази серијата .Мене лично ми се допадна,а најмногу ми се допаѓаат некои неочекувани моменти,кога нешто што не очекуваш ќе случи .Сезоната глупо заврши,зошто мораше баш Томи да умре,добар лик беше .Сакам Оли со Фелисити да биде,така повеќе ме влече,а не со Лорал.Сега ќе ја почнам и втора сезона,едвај чекам да видам што ќе се случи
И јас ја гледам серијава, лани на сред школска година се заглавив со неа, не ми се ни учеше, ништо не ми се правеше . Ја загледав заради tumblr, постојано некои гифови со Теа и Рој среќавав и решив да ја гледам, а си немав поим дека ќе има некој толку згоден како Оли . Лорел ми е предосадно суштество, кое ич не го сакам. Ама затоа Фелисити е ставена во серијава, со сите тие глупости што ги збори. Јас навивам за Оливер и Фелисити, ама како што читам тешко ќе биде тоа . http://www.youtube.com/watch?v=1jq_nBiK ... e=youtu.be
Почнав да ја гледам и од старт ми беше досадна. И дадов шанса до 6-та епизода и ја оставив. Лоша глума. Плус ништо ново.
На телевизииве наши ја нема, јас ја симнувам од замунда, ама ја има и на страниве со српски превод: http://www.filmovin.com/ http://filmovizija.com/ http://www.iserije.com/serije.php Спојлер Инаку објавиле дека Сара, сестрата на Лорел е жива и најверојатно она е Black Canary.