лелелеее мира*ку*ууу Спојлер лекк хихихи не можев да не се изнасмеам ..за мене многуу провидно нешто Спојлер мнн радување падна кога го убија началниокоо ајде сега Тато на Тиа пак ке е жив али ке видиме
Спојлер Најкриво ми беше кога го убија Блад. Човекот го украде лекот за Оливер, за да му помага и на крај...
Неможам да дочекам следна епизода! Ај нека заврши како што треба. Ми фали стариот Слејд. Ај нека го излечат од миракуруто више и се да биде во ред. Too good to be true, ама ај ќе видиме. Во четврток очекувајте да ви се исповедам тука
Уште едно добро финале. Спојлер Бај бај Слејд Теа ме изненади комплетно,и кога го застрела Малколм и со одлуката да замине со него,сигурна сум дека ќе ја истренира да биде немилосрден убиец. Кога ги видов Оливер и Фелисити во вилата Квин,срцето ми заскока Знаев дека е нешто наместено,до вчера Оли беше во кревет со Сара,а денес ќе и изјавува љубов на Фелисити,не оди тоа така Како што минат епизодите,се помалку се надевам на овој пар,продуцентите со ова финале покажаа дека Оливер никогаш нема да ја гледа така,иако она е до уши заљубена во него. Сцената во тунелот кога се судираа со Чудовиштата ми беше најмоќна од целата епизода. Генијално одигра Оливер,ама имаше многу помош.Ептен ми падна мака за детективот,изгледа ќе умре,а Лорел ќе ја замени Сара,натака ми оди работата. Ме интересира што ќе се дешава следната сезона,ама до септември има време
Спојлер Ептен ми е криво за Слејд. Таман мислев ќе се излечи од миракуруто и ќе се врати у нормала. Ма јок. Ептен ми фали стариот Слејд Кога Оливер и кажа на Фелисити дека ја сака буквално се здивев зошто го чекав моментот уште кога почна серијата. И на крај тоа да ти било планот. Најискрено мислев дека Рој ќе умре, незнам зошто. Си се спремав цело време ама добро помина. Тиа човече со кој памет отиде со Мерлин, објаснете ми. Ќе ја направи сериски убица. Финалево не беше голем cliffhanger, а баш очекував такво нешто. Се на се добро заврши, можеше и полошо.
Спојлер Тиа и мене ме изненади,мислев ќе остане со Рој А моментот кога Оливер и рече на Фелисити дека ја сака,буквално се заледив,ваква бев ,ама тоа сето беше глума Сега ќе чекаме дури до септември
Meне ми се свиѓаше финалево. Ем се средија работите ем не се средија Спојлер Дадоја ситен матерјал за наредна сезона и дефинитивно ме привлече. Едвај чекам да видам што се случувало во Кина Особено ме исполни преокретот на Теа. you go girl! Криво ми е што беше излажиран моментот со Оливер и Фелисити, џабе се радував Ајде октомври доаѓај побрзо! Ќе ни фали Оли..
Јас каснам 2 години хаха само што почнав да ја гледам серијава, од првите неколку минути се навлеков на неа. Уште повеќе поради Оливер yummy mummy
Уште една серија по мој вкус. Возбудливи настани + неодоливи глумци. Фелисити ми е омилена уште од првиот момент кога се појави. Многу педерски ги местат со Оливер, дај нека превземат нешто продуцентиве. Во трета созона мора, значи мо-ра да бидат заедно! И ги обожавам коментариве https://www.youtube.com/watch?v=TtBy-GqW3I0 Лаурел ми стана многу досадна, а и не ми се допаѓа нејзината глума. Во прва сезона ми беше океј, ама во вторава некако и го уништија ликот. Сеедно. За Оли немам зборови, совршено суштество. Ептен му одговара улогата. Морам да признаам дека приказната од островот во повеќето случаеви ми беше поинтересна од vigillante/arrow ствари. Навивав да го убие Слејд, вака има шанси пак да излезе од таму. Како и да е, интересно финале, интересна серија. Кој ќе чека октомври сега..
Girls видете го ова: "In the aftermath of this victory, Season Three opens with Arrow now a hero to the citizens of Starling. Crime is down, people feel safer, and Captain Lance even calls off the Anti-Vigilante Task Force. Basking in his success, Oliver believes he can finally have a private life and asks Felicity out on a date.But the second Oliver takes his eye off the ball, a deadly villain reappears in Starling, forcing Oliver to realize that he can never be Oliver Queen – not as long as the city needs The Arrow." еве ви линк од статијата http://screencrush.com/arrow-season-3-s ... -villains/ btw прочитав на tumblr дека изворот е релевантен Olicity fans, полесно се дише нели?
Знам дека малку каснам со коментари, ама сега ја почнав втора сезона и морам нешто да кажам.Како можеа да најдат толку одвратни актерки како Лорал и сестра и Сара Мислев дека Лорал повеќе ќе ми се допадне со тек на време, ама не бре, толку антипатично суштество немам сретнато ни реално ни на филм.Сестра и пак да не коментирам, со тоа грозната муцка и прчеста уста, уф ужас. Се нервирам кога гледам најсериозно. Инаку Рој ми е ептен секси младич, мхм.
Доста интересна серија, демек мислев да ја влечам подолго време ама не можев, за една недела сум ја изгледала цела. Оливер ми е... топење. Значи презгоден е. Исто така и Рој. Многу ми се слатки со Тија, се надевам дека ќе се смират, многу убав пар се. Фелисити ми е ѕверка, многу ми е смешна и слатка, али никако не можам да ги замислам ко пар со Оли. Гледам по страниве толку ги форсираат , а мене ич не ми одговараат, никаква хемија ми нема помеѓу нив двајца. Сосема друга слика е кога Оли и Лорал се заедно. Иако глумицата ми е малку лигава и на моменти ме нервира, многу повеќе ми одговараат, а и значително и го подобрија ликот во втора сезона, барем според мене. Само се надевам дека Сара нема да се појави во 3та зашто поодвратно суштество од неа нема. Ич ама ич не можам да ја поднесам.
Една работа многу ми е смешна во серијава, како богати до сега не ги препознаа ниту Оливер, ниту Сара. Нема веза што им е изменет гласот или очите скрени, Сара посебно само еден поглед во таа грозна муцка одма се знае дека е таа.Требало барем цела маска да имаат. Него и мене Оливер и Фелисити не ми се баш добар пар, чинам во серијава сеуште нема девојка која би му одговарала на Оли.Фелисити ми е мила и слатка, ама ни малку не ми е за него.Сара и Лорал да не зборам, одвратни ми се си кажав веќе, па и нив не ги сакам за него.Така.
^И јас се прашувам тоа Сара се гледа од далеку дека е она,а и Оли има доста препознатлива фаца. А за како пар со Фелисити,мене ми се срцки и двајцата,Фелисити ми се допаѓа како лик и баш би сакала да ги видам како изгледаат заедно. Sucker for romance Ми се допаѓа што следува во новата сезона,не се сомневам дека ќе биде возбудлива како останатите 2.На Оливер дефинитивно не му било досадно тие 5 години надвор од дома
На почетокот беше прилично досадна серија, ми ја препорача дечко ми ја гледав па прекинав. Од досада почнав повторно да ја гледам, и фала Богу што е така. Одушевена сум од пресвртот кон крајот на првата сезона, втората ме загреја толку многу што едвај чекам да почне третата сезона