Јас како што знам оспенот е слаб а за панцеф кога ни го дадоа матичната рече аааа му се напраило ангина панцеф е јак ќе се среди и стварно. Иначе сега со оваа бактерија и ние исто прво алмацин не делуваше па после амоксиклав ни даде
Налет со овие бактерии ,читав по форумов страв ме фати ,стептокока е многу упорна и досадна бактерија а знае да направи други проблеми .Се леча со години и пак ништо ,се мислам да го носам на клиника во Скопје ,ако недај боже пак се повтори
Ќерка ми е со растечен нос и поткашлува од тоа. На брис од нос има стрептокока. Матичната ми препишува антибиотик, а јас не сум баш за тоа. Зашто оди во градинка и нели бактеријата нонстоп е присутна таму. Сега нема ни температура Совет?
Ако се почне пред 1г, 3 дози. Ако со наполнета 1 година, 2 дози. Ако е со наполнети 2 г., 1 доза. Синчето мое имаше наполнето 2 кога ја воведоа и го вакцинираа само со една доза.
Да и кај нас така ја воведоа во редовен календар. Само кажувам за опциите ако некој пропушти/одложи или од било која друга причина покасно почне. Тука во мк ја воведоа во календар 2019 и синчето веќе ми беше 2 години. Само една доза прими
3 или 2, зависи кога ќе се даде првата. Ако се закасни со првата, се даваат само 2. За после 2г не знам како е. Јас му ја дадов на 1година, прими 2 дози само.
Веќе одговориле но еве и јас ќе кажам моето исто беше над 2 год кога ја прими и тоа од мака што видовме па ај и тоа да пробаме,еве го пак ги закачи сите можни после карантинот ама стрптокока не сретнавме на брис. Ама до бактерииве глава не кренавме дома имам аптека од спрејови капки и масти, матичната сите комбинации ни ги препиша и не помага а и антибиотик ќе испие една недела добар и пак друга ќе закачи во градинка.
Синко е скоро 4 год, оди во градинка. Пред 2 недели прв пат имаше позитивен брис на стрептокока бетахемолитична во грло, и испи една доза Оспен сируп. Иако цело време давав пробиотик заедно со сирупот, на јазикот му се појави кандида која сега ја лечиме со Нистатин капки, ама не поминува. Совет за ова? И уште нешто, после испиениот атб кожата на рацете почна да му се суши мн, моментално вака му изгледаат: Матичната вика дека понекогаш од бактеријата вака се прави кожата на рацете. Имате ли некое слично искуство?
Пред три недели имавме бактерија во нос и грло стрептокока пнеумониа и пиевме амоксиклав му помина отиде во градинка еден ден и пак затнато носе проследено со зелени мрсули и поткашлува од што му се слева секретот во грло, една недела дома беше со инхалации со физиолошки само и прскање синомарин ајде се смири отиде во градинка 4 дена повторно истото не знам веќе што да му правам совет некој како ја тртирате?
После 3 недели од првиот пат, и негативни контролни брисеви, синко пак фати стрептокока, пак атб ќе пие. Кажете ми искуство со искоренување на оваа бактерија? И за кревање на имунитет, од септември наваму глава не може да крене детето, се нешто му е. Стомачен, па вирус до темп, па бактерија, сега еве пак... Читав за Изопринозин ? Или да пробам прво со Киндер имуно, Дефенфил и слично?