Изопринозин го препорачуваат од козле, ама при повторливи респираторни опструкции, за стерптокока не знам дал би ви помогнал. Дали ставаш нешто во нос/грло пред градинка. Ако не јас би ти препорачала или спреј диво оригано во нос пред и по градинка или има на фрезидерм една маст исто што е за заштита, колешка ми ја пофали дека и тоа и помагало. Иако искрено јас ориганото не го менувам за ништо, кај мали се покажа многу ефикасно.
Изопринозин е за вируси. За бактеријата пробај Бронховаксом. Се дава по шема, 10 дена секој месец, три месеци по ред. Во консултација со матична, секако. За имунитет Д витамин е клучен, вака ми има кажано имунолог. Јас се уште давам Д преку цела година (ќерка ми е 8 години) и сега во зимскиве месеци и давам и матичен млеч. Бронховаксом со години наназад (со исклучок на лани) давам секоја есен и кај нас има дејство.
Д витамин давам откако е роден без прекин, сега е скоро 4 години. Матичен млеч давав и лани есента, и сега од септември. Лани 3 месеци не се разболе, сега ужас. Бронховаксомот ми го спомна и матичната, ама рече не знам дали тука ја има дозата за него?
Кога беше помала ми носеа од Бугарија кесички, потоа земав од тука, капсули од Зегин. Ако не може да ги голта, ќе ги раствориш со водичка. Прашај во аптека, ќе те советуваат. Само, не знам дали ќе ги најдеш сега. Јас во септември барав за третата доза, едвај најдов А, ако имаш некој да ти ги донесе од Бугарија како кесички, уште поубаво
Zdravo se izvinuvam na dolgiot post kaj mene maskovo e 6god od cetvrtokot so povisena tt I bolki vo glava Dr den bolki vo stomak I vecerta crven osipot po celo telo I go odnesov vo plodnos napravivme test za morbili negativen krvna slika vo red za da kreni vecerta 40tt na infektivno dijagnoza gnoj vo grlo ni prepisa ospen I da SE proveri krv so ASO test I bris od nos I grlo stasaja rezultatite od Krvta se e vo red a od brisot seuste ne se dvoumi gr pomegu streptokoka Ili bilo nekoja alergija da napomenam krvnava slika I brisot praveni po 4den od pocnat ospen vase mislejne
Фала мама, ви помогна? Колку дена ставаше? Мојата има носе растечено и еден ден беше со температура до 37.8. После тоа без температура. А крвната слика супер. На брис излезе стрептокока и ни дадоа хлорамфеникол. Во аптека на мм сега му рекле директо со тубата во нос дека има шилест врв ?!
Искрено не знам дали ни помогна зашто на секој брис од нос редовно има стрептокока.Ама мислам дека и кај повеќето мали деца редовно се појавува и покрај тоа што се третира.Среќа што не прави проблеми.Инаку како поефикасно решение матичната ни кажа да ставаме цитерал помешано со оперил п.Со оглед дека цитерал капки тешко се наоѓа во аптеките јас зимав капки Флоксимед (како замена за цитерал), извлекував пола од шишенцето со шприц и ставав директно во шишенцето Оперил П (спрејче што е за деца) и со тоа и прскав во нос.Како што ми кажа докторката на овој начин побрзо се решава стрептококата за разлика од Хлоранфениколот, иако и тој е исто ефикасен. Инаку јас ставав 7 дена.
А од симптоми што имавте? Еве сега и ставив и за пола саат се искива, извади мрсули, а со тоа и маста. Треба пак да ставам? А количина која ставаше мама? Длабоко во носе или на почеток?
Ќерка ми има во носето стрептокока пневмонија...исто ми дадоа капки флоксимед 7 дена ама не и помина, пак има зелени мрсули. Што да се прави сега? И дали е можно во очите да ја пренеси оти почна да трепка денес со очите.
Од симптими само мрсули, и температура која не траеше долго, ама тоа поради вирусот.Не мора да ставаш пак, сигурно веќе има делувано, гледај најмногу до три пати на ден.Јас гледав стапчето за уши да биде убаво натопено (колку што можев повеќе) и гледав подлабоко во носе (што може и претерував), затоа со капките ми беше полесно, зашто прскав по еднаш во двете ноздри.
Секако дека може да и се пренесе во очи, затоа нас ни дадоа да ставаме и торбекс капки во очи, истовремено кога и ставав и во носе.Ако приметите дека има и во очи, пробајте со торбекс.За бактеријата во нос, ако не предизвикува други проблеми, не се третира со антибиотик, само во случај на висока температура, омалаксаност и др, тогаш даваат и антибиотик да пие.
Само носот и течи со зелени мрсулчиња а други симптоми нема, брисевите ни беа за да почни во градинка и затоа ни даде да ја исчистиме. А прави гурелки оваа бактерија? Оти само трепка, друго немам забележано.
Исто беше и кај нас, без симптоми, а за очињата, да правеше, обично и се залепуваа кога стануваше сабајле.Ако има во очи сигурно ќе познаеш.Од торбексот нема штета, ама почекај па ќе видиш дали ќе има потреба.