Нема потреба искрено доколку мислиш дека не треба да правиш. Али доколку детето ти има стрептокока сеа во моментот и да го пуштиш во градинка од најмала настинка може температура пак да крене зошто имунитетот сеуште му се бори со бактеријата. Друго е да закачи вирус или бактерија кога е здраво, а друго е кога веќе има бактетија и на таа уште една да додаде или вирус. Али дека виреат бактерии во градинкиве како на ниедно друго место тоа е точно претерано е. Мојот додека одеше во градинка најцрни му биле рацете кога ќе сум го земела и тоа само за 3часа престој мислам дека надвор не му се толку прљави како таму, а ќе кажеш градинка е.
Не зна тука чисто е ,еве топлинките и ги земав пред некое време за да и ги заменам со потенки на ѓонот само пластелин најдов ништо валкано. Ама што е со разболувањата не ми е јасно.
Пола саат пред да одиш се ставаат и така ги носат. Иначе од каде ќе имаше бактерии во градинките. Стрептокока не се лечи за 5 дена со антибиотик.
И ние сме фаќале бактерии и вируси како деца, нормален процес е. Ама нас ни даваа инекции директ, и фала богу таа практика се искорени.
Искуство со стрептокока пиогенес во грло? Од симптоми само температура еве трет ден ама веќе мислам и спаѓа. Само што ги добив резултатите а денес празник тек утре ќе одам кај матичната...
Дали стрептокока во нос знае да направи проблем како стрептокока во грло? Симптоми имаа само мрсули, и тоа прво воденести, па зелени, па пак воденести, однесени на матичен и на специјалист, мислењето е исто дека не треба антобиотил за во нос, и дека може сама да исчезне, да направиме брисеви за мах 1 месец. Имала некоја сличен проблем?
Ние имавме само во нос доколку има секрет само хлорамфеникол маст една недела сабајле и навечер па ќе видиш како ќе делува дали ќе се повлече иначе ако нема темп не се третира со потешки антибиотици.
Ставав, ама ми рекоа дека немало реална потреба, дека секој 2 човел знае да ја има во нормалната микрофлора на носот. И оставив така, сега секако немаат мрсули, а и добри се, па ќе видиме за некое време на брис дали уште ќе ја има.
Син ми имаше пред 2 месеци..почна со температура и кашлица, преглед во петокот и земени брисеви а за кс ајде ќе почекаме до понеделник докторот се сомневаше на вирус, викендот се откорна од кашлање и повраќање, па понеделникот излезе на брисот, почнавме оспен 4 дена никакво подобрување, на крај му дадоа панцеф за 2 дена му се смири кашлицата ама пиеше антибиотик уште 7 дена...една недела уста не отвори живееше на вода, кога проделува панцефот се поткрена и брзо му се смири, температура само 3 дена имаше...Штом имате само температура се надевам полесно ќе помините од нас
Исто три дена ама многу висока температура, на трет ден со резултати од брис почна со Оспен(терапија 10 дена)па не се искомплицира во кашлица и слично. Одвратни се овие бактерии со високи температури и слично....
Здраво, Синко е 4.5 год, и оди во градинка. Пак фати стрептокока во грло (по 4 пат од октомври досега), ама сега ја има и во носот, истата бактерија стрептокока пиогенис. Почна веќе Коалмацин од понеделникот, викендот изгоре од темп 40.2 имаше. Нема веќе темп, ниту болки во мешето, му делуваше одмара атб. Прашањето ми е како да се откачиме од оваа бактерија, оти очигледно никако да створи имунитет на неа? Чаре некое имате ли?