Да, и секогаш му е излечена бактеријата. Прв пат фати лани во октомври, па повторно на крај на ноември, сега во јуни и еве сега пак.
Не знам стварно што да речам, читав дека најдосадна и најтешка за искоренување, во нос и не е толку страшно колку во грло
Не е страшно и во грло доколку се фати рано и се почне со терапија. Кај него досега секогаш се лекуваше со една доза атб. Ама упорно ја фаќа, тоа ме нервира.
И мојот пак ја фати по 3 пат сега.. и плус направи алергија на коалмацин, па го префрлија на панцеф... ако најдете решение кажете. Само со ова се зезаме, од мај, на секој месец ипол/два ангина прави.
Синко немал досега гнојна ангина, ниту црвено грло од неа, воопшто. Само мн висока темп крева и мешето го боли. И без атб секако не поминува. Досега 4 пати пиел само атб и секогаш поради оваа досадна бактерија.
Епа сите различно. И мојов само за стрептококава пиел антибиотик зошто му прави чепови во грло, а не крева многу температура до 38 максимум. Не знам стварно како да ја откачиме.
Што можам од алтернатива да користам за стрептокока на грло освен антибиотик? Осекам дека уште една доза ќе морам да пијам, кашлањето ми се намали ама уште кашлам како да се решам од неа?
Sin mi imase prv pat streptokoka piogenus vo grlo vo septemvrii, piese amoksiklav i koga pravevme kontrolni brisevi ja nemase, sega povtorno ja ima, bese so temperatura, stomacen virus i zavrsivme vo bolnica, aso >600<800 i venski primase lindacin a doma ne pustija so 14dena da pie ospen, a vo dekemvri treba da gi vadime krajnicite, kolku treba da e asoto za da go operirame, i dokolku ne se namali aso koj ve upatuva na klinka za bockanje?
Нели асо се испитува после месец дена од пиен антобиотик за стрептокока? Така беше кај нас, со стрептокока во нос, без симптоми, и со нормална граница на асо. Прави во авицена пак Асо, па според возраста има одредено, нема шанси да оперираат крајници а да има стрептокока, или висока тт. Треба детето да е потполно здраво за вадење крајници.
Како се ставаше цитералот во оперил? И декса ампула ли требаше? Ако може некоја мама да пише имав ливче од матичната ама ми остана на работа. Трет пат позитивен, ст. пнеумоние Овојпат сензутивна на се. Матичната упорно вика да не ја лечиме ама страшно затнат е и еве почнува кашлицата. Секоја трета недела веќе и пак стрептокока. Прошли пат на хлорамфеникол сензитивнасамо. беше но овојпат на се да се чудиш
Ја читам темава од почеток и едно нешто не разбирам. Што е тоа аст што се покачувало во крвта при пнеумокок? Па некои високи броеви, па поврзано со крајници. Ништо не разбрав. И по една недела третирање на бактеријава, дали се лекува, поминува? Има кашлица, која си ја имаше секако подолг период ама и поминуваше. Последниве дена на брис излезе бактеријава во нос. Ставам капки и давам антибиотик. Денес правевме рентген на плуќа, чисто е, нема спуштено. За колку време поминува оваа бактерија, може ли пак да ја закачи кога ќе продолжи во градинка?
За асо титар да се направи треба ли некои симптоми да се има? И доколку да кои? Обично стрептококата на грло се јавува и на брис се детектира но ако е присутна а да не е на грло како може да знаеме дека ја имаме? Стрептококата може и на зглобови да се јави, со оток и болка при движење.... Но мене општо ме интересира и сакам повеќе податоци
Здраво на сите. Мака мачиме со пиогениот стрептокок и ние. Син ми е 1во одделение. За два месеца, еве моментално пие 4-ти (четврти!) пат антибиотик. Се отру. По испиен антибиотик 10 дена, два-три дена во школо и пак болка во грло, пак покачени леукоцити и гранулоцити (што укажува на бактерија). Не успеваме ни недела дена да истераме за брис да земеме. Последниов пат само успеа, и покажа позитивен брис од грло на стрептококата... Не знам дали е нормално толку често да ја фаќа. Педијатарот вика, тоа ви е, не одел во градинка нема имунитет. Но јас сум исплашена бидејќи знам не е таа наивна бактерија. Ништо не ни спомнал за тестирање на асто. Инаку после само 1 ден од антибиотик веќе е ко ново дете, значи му делуваат. Но штом го испие, последно издржа само 4 дена во школо и пак ја закачи. Дали со тек на време се создава имунитет и на оваа бактерија исто како што се создава и на вируси имунитет? Фала.
Син ми ја повторуваше инфекцијата се додека не испи 2 дози сумамед (6 дена). Од тогаш не се повторила, пу пу.. Претходно панцеф, коалмацин, амоксиклав.. ќе испие цело шише и за брзо време пак ќе се појавеше.
Здраво !Ние се мачиме со истата инфекција од септември пиеше Оспен,Амоксиклав, Панцеф и сега пак е со гнојна ангина и Амоксиклав ,нема други симптоми освен наодот на грлото,крбна слика добра и на брис негативен.Колку долго го имавте овој проблем и дали некој друг имал слично искуство?Ве молам за одговор и благодарам!