Немам лично искуство. Мене ми ги препорача една пријателка, ептен ми ги испофали. Нејзе и ги препорачал специјалист од Козле мислам.
На ќерка ми 4 ипол години позитивна е на стрептокока се исфрла по телото и за кратко и поминува други симптоми нема никакви 10 дена треба да пие антибиотик и пак брис.Има ли некој со вакво искуство
За стрептокока пиогенис и без симптоми се пие антибиотик. Мојава имаше одлична крвна слика, никакви симптоми и на брис од нос пиогенес. Си примаше антибиотици 10 дена.
Здраво, син ми има 7 години и веке неколку месеци се мачиме со стрептокока пиогенес во нос. АСО му беше 1700 по што му дадоа амоксиклац 10 дена после антибиотикот пак ја имаше, па му дадоа трицев пиеше и пак ја имаше бактеријата, па се покачи Асо на 2900 а најмногу треба да биде 200, му дадоа оспен веќе 2 недели пие но сеуште има мрсули и мислам дека ниту оспенот не реагира. Сите антибиотици му се дадени според антибиограм, на детска клиника одиме на контроли веќе не знам што да правам. Дали некој имал ваков случај?
Здраво, малата (3 г) повеќе од една година пати од ужасна хронична уртикарија. Денеска за прв пат ми спомнаа АСО стрептокока … нема други симтоми, имал ли некој вакво искуство?
Kade go ispituvate ova ASO ? Sin mi imase pred 10tina dena streptococa no ne potvrdena so bris. Na tretiot den mu se pojavi urtikarija izrazita, posle 5tiot ja snema, no sega povrorno mu se pojavuva iako e so poslab intenzitet
АСО тест се прави после две недели или месец дена од инфекција со стрептокока од група А. Ако се високи вредностите без оглед на симтоми се пие антибиотик. Тоа е секундарна инфекција , може да оштети бубрези, срце, да предизвика ревматска треска. Во овој случај нема врска симптоми и антибиотици.
Здраво, лани во јуни детето од 5 години имаше вредности на АСО 600 и примавме терапија 4 месеци оспен и падна на 190. Зимото правевме брис од нос и грло испаднаа негативни резултатите. Пред 15тина дена ја болеше грло ни дадоа коалмацин по 5 дена повторно ја повтори грло минимална болка и температура над 39 со 5, испитавме АСО повторно високо 400 и ни дадоа панцеф. Дали некој се има лекувано со панцеф, дали е ефикасно? и каде би можела да најдам оспен? ни дадоа панцеф и ни рекоа ке треба да продолжи како лани долгорочна терапија со оспен
Zdravo majki dali pri Infekcija so streptococcus pneumoniae vo nos na nekogo mu pomognala terapija so chloramfenikol. Od pricina sto pred 2 meseca imavme moraxsela vo nos isto bez simptomi pocnavme so chloramfenikol pa za nekolki Dena dobi I konjuktivit I pocna da kasla krena I temperature I na kraj zavrsivme so pancef se plasam da ne bide isto I od asimptomatski da bide so simptomi. Barav odma oralno da pieme ne ni dade
Здраво ... Мојата ќерка има 10 год и поради високо АСО 1500 а некогаш и повеќе пиеше подолгорочна терапија Оспен за да се намали. Многу малку се намалуваше со терапијата па мораше да ги извадиме крајниците. И после 4 месеци по операцијата АСО е 1000. Докторката ми вели дека не може да се намали веднаш и дека нема потреба терапија затоа што детево е добро, меѓутоа друга докторка ме советува дека треба да се почни со Оспен 1500 3*1. Сакам да прашам каде го носевте вашето дете кај кој Др и дали има некој педијатар што се занимава баш со оваа проблематика. Загрижена сум ... Малку ме чуди што и покрај тоа што се извадени крајниците мн е висок АСО. Стрептокок е подмолна бактерија која си ја носи и може да наштети бубрези, срце, зглобови...
Се лечи. Јас не би форсирала (и нефорсирам) ако матичната советува да проба да се третира локално особено ако е асимптоматски.
Здраво, за високо асо се оди на преглед кај ревмакардиолог или орл, оние одредуваат терапија. И син ми пиеше оспен 3 месеци и асото само одеше нагоре, сега не пие ништо само витамини за јачење на имунитетот. Битно е детето да не се разболува ако е здраво ке почне асото да се намалува. Кај кој доктор вадевте крајници?