Кај нас оспенот беше ефикасен, бактеријата беше сензитивна на оспен и ја лечеше. Меѓутоа асото после секоја инфекција уште долго време остануваше високо. А друг антибиотик дали би имал ефект врз негово намалување не знам. Порано имам слушано дека користеле и оспен инекции за намалување на асо ама сега се забранети.
Што не пробавме и на природна база. Еве и крајниците ги извадивме пред 2 месеци, па ќе видиме. Само изгледа некако нестрпливо очекувам резултати. А од претходно знам дека ќе треба подолг период.
Дали на своја рака испитавте асо? Ќерка ми фати стрептокока а и пиеше амоксиклав 10 дена, по што имаше негативен брис, ја прашав матичната за асо и ми се изнасмеа као јас ќе ви кажам ако треба. Дали е од вена испитување асо?
Ако е во нос не испитуваат обично, ако е во грло претежно да. Инаку од прсте е. Не е дека мора да се испита, но не е на одмет, да е за смеење работава не е, и јас кога го прашував матичниот ми рече ако сакаш може ама немора бидејќи е во нос не е во грло ама не ми се смееше.
Dali ste probable so probiotici za usta? Citav deka se mn efikasni protiv strptokoka. Mislenje ve molam.