Мислам дека ја претераа со ова. Ама ај...како мислат така нека прават. Не сум за задолжителна вакцина за стрептокока, па по Богу, шо ќе ги напраиме децава, нека се избори организмот сам нека се зајачуваат, на секоја бактерија - вакцина ставаат....Не знам, можеби грешам, ама сепак, ова е мој став.
Да точно секој си има свое мислење, но недај боже некој да ја добие тешко се лечи. Бактеријата станува имуна на сите антибиотици. Еве ние ја имаме 6 месеци, ја лечевме 3-4месеци но нема ефект,. Не дај боже може да дојде до полошо.
Не викам не, затоа кажав ова е мој став. Секој со своето искуство. Знам на пријателка детето стигна до Козле поради истата, а нашето искуство не беше страшно, две недели траеше. Затоа реков, не мора да е задолжителна. Нели беше ставена како опционална, па поради тоа знам и многу родители кои потешко поминале одлучиле нивните деца да ја примат, ете тој организм и не така добро ја поднесува. Меѓутоа, реков дека НЕ МОРА да се стави во задолжителна. Ги „откинаа“ децата од вакцини (задолжителни). Оваа, па за рота вирус, па утре-задутре можда ќе стават задолжителна вакцина за обична настинка, кој ги знае
Има најава и кај нас дека ќе ја воведат како задолжителна од следна година. Ја пре би ја ставила оваа вакцина него сите други, го отрувме од бебе со антибиотици малото, а откако ја прими раат сме, оди без прекин во градинка и се е во ред, здрав е со месеци веке. Второто дете здравје уште во првата година ќе си го вакцинирам на време. Ова е мое искуство и мое мислење
Колку време дете е заразно..после 8 дена терапија и поминати 10-11 дена од првите симптоми (висока температура) постои ли опасност од зараза? Некаде прочитав 10, некаде 15..а тука читам се лечат и подолго..
Температурата престанува после третата или четвртата доза од антибиотикот, ако е погоден. Штом се работи за стрептокока, ако е даден Оспен, веќе вториот ден од терапијата треба да има подобрување, барем кај син ми така беше. А за висок титар, антибиотик се пие додека не опадне вредноста, ако треба и со месеци.
Da ospen 10 dena,sin mi za mesec dena 2 pati fati vo uciliste.Ednaska asto bese 400 posle terapija i nedela dena bez ospen asto mu bese 120 i za nedela dena pak asto 640.Dali mislis deka ne se izlecil ili pak ja fatil
Se plasam koga ke mu pomine da ne fati pak,mi rekoa slab imunitet ima,si zemala ti nesto za sin ti za posilen imunitet
Цинк, витамин Ц. Секој ден пробиотик, давам Провен Fit for school, содржи цинк, селен, витамин Ц и Д. Ова сега, а кога имаше проблем со стрептокока, давав Провен пробиотик за деца до 4 години, Zincovit C, медекс омега 3 јуниор. Инаку син ми има и здрав пиено Оспен десет дена како носител, без симптоматологија, оти позитивен беше брисот, а бактеријата не даваше никакви симптоми. Ама во градинката се појави шарлах, и затоа сите мораше да имаат чисти брисеви.
Sin mi e treto oddelenije i sigurno nekoj ja ima bakterijata vo ucilisteto za mesec dena dva pati fati
Позитивен брис за стрептокока во нос, без симптоми освен течење на нос. Локално ја третиравте со капки/маст или орално?
Ние користевме Хлорамфеникол маст и Алмацин сируп 10 дена. Нам носот не ни течеше, напротив ни беше затнат цело време и шлајм се лизгаше низ грло и ја тераше на кашлица.
Јас како дете ја имав до 16 години, со години бев на оспен и никако не можев да ја излечам. Шеташе во нос и грло. Со операција на крајници ми се среди. И јас би вакцинирала од оваа досадна бактерија, многу е досадна и тешка за лечење.
ги прочитав сите постови ама не наидов на некоја со мојава мака. на секои 2-3 месеци од градинка не тераат да правиме брисеви пошто "се појавила" стрептока- божем некогаш ја немало. испаѓа во нос ја има. дете здраво,право, весело, крвна слика одлична дури ни капка од нос не и тече.др вика јас на вакво дете антибиотик не давам-со што се сложувам. ама јас сум во небрано, градинка ми бара нег брис др.не дава лечење, у најлош случај со капки. јас сум меѓу два огна.немам кој да ми ги чува а секои 2 месеци јас да отсуствувам по 2 недели од работа ниеден работодавач нема да ме толерира. пукнав веќе а не е првпат, нит одмор ми остана веќе а ни боловање можам да земам. има ли некој кој е надлежен за ова а да не е оставено на градинките сами да си одлучуваат биддјќи да бидеме реални да побараме на учителките да им направат брисеви сите од нив ќе имат бактерии...
Мајка моето дете не оди во градинка,но што имам другарки,пријателки децата што му одат во градинки и пред да оделе да прават брисеви му давале на децата една доза од некој антибиотик.И нормално чисти брисеви имале. Една пријателка ми вели тоа ако не го правев немаше никогаш да го примат во градинка.
Drugarkami go imase ovoj problem, detenceto si ja nosese bakterijata celo vreme asimptomarski. Od gradinka i pravela problem ne i go primaa deteto so pozutiven bris, a doma nemase koj da go cuva. Zatoa morase da gi lazira rezultatite. Pola saat pred zemanjeto na bris, vo noseto na deteto stavas chloramfenicol mast. Ova sekako dokolku bakter8jara reagira na toj antibiotik, ili pak kapki so fizioloski rastvor i genramicin ampula rastvoreno vo fizioloski.