Dali nekoj moze da spodeli iskustvo so streptokoka kaj bebe od 1 mesec, zatnato nose i isipano lice? Pedijatarot ni dade da mackame gentamicin i hloramfenikol.
Мајки здраво ве молам за совет за стрептокока... Ги има 50 во а и б група... Кај нас е бета хемолитукус и пневмонае... Стигнавме до хоспитализација и вендка терапија ве молам за некој дополнителен совет...
Бевме и ние хоспитализирани поради стрептокока, кај нас на обичен брис не се откри, а правеше компликации, со опстукции и бронхит. Венски примаше лекоклар мислам дека, или лендацин, не ме држи за збор, плус по 7 инхалации во ден имавме на почеток, и секако урбазон. За околу 7 дена не пуштија.
Kolku vreme piese ospen ,i dali pravevte dopolnitelni ispituvanja kako aso i slicno? Mozes nesto podetalno da mi objasnis?
Вакцина ако не е вакцинирано детето. За стреп А освен оспен, нема друг лек ама се стекнува имунитет после некое време нема да прави ангини
Кога и како стекнува имунитет? Секој 2 месец има стрептокока, му прави и опструкции, страшно ја поминуваме, вакциниран е редовно иначе.
Која стрептокока? Кај мене големиот мака има со стреп А, му прави ангини. Ама од 3 ангини годишно, сега е на 1 за стреп А нема вакцина
За пиогенис нема вакцина, за пнеумоние да. Зависи која ја има. Да пробаш со бронховаксом (во консултација со доктор, секако) Кај ќерка ми многу помогна. Се пие по шема три месеци, најдобро да се започне од август за да заврши во октомври и веќе да има некаков имунитет.
Јас давав респивакс. Тоа се таблети ама имаат некоја функција како вакцини, и така примајќи ги детето станува поотпорни на бактериите.
Здраво. Кај дете 1.5г пронајдена стрептокока во нос,прскаме со оспен п,но во меѓувреме на образите му се направи како осип,рапаво на допир и црвенило дали е од мрсулите што ги размачкува додека да стигнам да го избришам или?
Мајки до која возраст најкасно се става вакцина за стрептокока? Детево откако тргна на градинка нема која врста на стрептокока не ја прифатило. Го уништивме со локални антибиотици , буквално секоја трета недела е со бактерија . Го чувам дома додека се лечиме , го праќам на градинка 4 ден е веќе со растечен нос . После два дена има страшна кашлица и се така во круг...
Пред два дена качи температура малку, грлото жар со црвени точки горе. Јас исто после еден ден… најверојатно е пак стрептокока, не знам дали одма да барам антибиотик или да ја оставам? Нема ни месец како заврши две дози Сумамед, пред тоа Панцеф.
Направете крвна слика, земете упат од матичната. Ако има бактерија стрептокока, најчесто се покачени леукоцити и гранулоцити. На брис најточно ќе ви покаже, ама ако на крвта се покачени овие вредности, 99% е бактерија и за антибиотик. Пиогената стрептокока мора да ја лечите со антибиотик, особено ако има симптоми. Не смее така да остане, може опасна да е неизлечена. Упорна е и досадна, и додека не стекне отпорност организмот, нажалост е вака. Моето дете после 2 дена од испиен антибиотик ја фаќаше и пак на ново пиеше... Му требаа година и пол да проретчи. Но сепак, осигурајте се па да не е од вирус грлото, во тој случај само ќе помине.
Стрептококата дава висока температура и во главно бели наслаги на крајниците и многу болка, ако е ниска температурата до 38.5 пример и е со црвени точки тогаш може да е вирус и ќе мине без антибиотик, можеш да даваш ибубруфен кој делува против воспалително и против температура. Ако за ден, два нема подобрување и качува повеќе температура тогаш води на доктор. Во меѓувреме можеш да и направиш стреп тест сама дома, ги има во аптеки тие тестови и ќе знаеш баш на што си.