1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стрептокока кај деца

Дискусија во 'Дете' започната од zagrizenamama, 4 јануари 2016.

  1. Anaksunamoon

    Anaksunamoon Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Син ми се пожали на болно грло, на лекар прво не му дадоа ништо, ама ако јави температура или други симтоми да се јавиме. Качи температура за два дена. Пак на лекар, не само црвено туку гнојна ангина - претпоставка стрептокока и препорака Сумамед. Ја испи терапијата херојски, ама мајка уште ја гризе совест дали мораше.
    Има и коксаки вирус активен и многу раширен што дава исти симптоми, ама пак грлото дали ќе поминеше без антибиотик? Не беше во можност да пие течности и да јаде од болка, ептен се изнамачи
     
  2. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.551
    Допаѓања:
    37.368
    Пол:
    Женски
    За гнојна ангина мораше. Не знам што ви е со преслушување дали мораше. Ако лекар рекол така мораше. Ете оставил лекарот доволно простор да види дали треба или не антибиотик. Испаднало дека требало и тоа е тоа. Нема ништо јуначки нит нејуначки во пиење антибиотик тогаш кога треба.
     
    На dromka, Mother of 2boys и MikicaBt им се допаѓа ова.
  3. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.056
    Допаѓања:
    8.052
    Пол:
    Женски
    Друг пат направи си кс и брис. Побрзо да ви помине
     
  4. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.551
    Допаѓања:
    37.368
    Пол:
    Женски
    Кај гнојна ангина нема потреба од брис. Многу е јасна ситуацијата која бактерија е предизвикувач и кои се антибиотиците што се даваат.
    Друга опција е да се лечи старински со дување нишадор на гнојните кесички. Ама тоа не гарантирано сека е успешно, прилично е непријатно кога се прави и може да биде опасно ако се инхалира нишадорот.
    Не мора за се да се зема брис и крвни слики. Некогаш треба и да се верува на некој што има ем образование ем искуство со вакви работи.
     
    На dromka, Cherry79, Mother of 2boys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    6.280
    Да, ама како ќе се знае на кој антибиотик реагира бактеријата ако нема брис со анбиограм? Еве јас имав случај со децата, двајцата бактерија на брис, на двајцата (патем идентични близнаци) на различни антибиотици искочи сензитивна.
     
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.551
    Допаѓања:
    37.368
    Пол:
    Женски
    За гнојна ангина се знае предизвикувачот (која бактерија предизвикува) и на што реагира. Во тој случај е јасно. Не е јасно во други случаи, ама за гнојна ангина се знае која е бактеријата и кој е третманот. Како дете често добивав ангина и од тогаш знам кој е третманот (пеницилин - Оспен, Амоксиклав или евентуално Сумамед од поновите генерации антибиотици). Другите не делуваат.
    Знам дека кај нас владее паника случајно да не дадеме антибиотик непотребно. Одиме од крајност во крајност, ама некогаш има случаи каде што ситуацијата е јасна. И некогаш ради тој страв и недоверба која ја набилдавме сами во лекарите, правиме непотребни компликации и ги изложуваме децата на непотребни испитувања (како на пример крвна слика и брис при гнојна ангина).
     
  7. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.056
    Допаѓања:
    8.052
    Пол:
    Женски
    Не се сложувам. Син ми имаше ангина со бактерија резистентна на амоксилав бидејќи тоа му дадоа од око и пак се разболе одма после тоа. Од друга страна, имал не толку лоша општа слика и крвна слика со температура, па имал стрептокока пиогенс (да, сама си правев брис, докторот ми даде само крвна слика), а знаеме што предизвикува нетретирана. Така да, јас апсолутно не се сложувам со тебе, искуството ме научило, детето еднаш ми пиеше погрешен антибиотик и нема пак да го трујам без врска. Исто така го познавам кога има пиогенс, јазикот му е како јагода, затоа и направив брис, а матичниот беше убеден дека вирус било и ништо освен брисот не потврди дека сум во право. А секој си прави што сака на крајот на денот, јас кажав како јас правам.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.551
    Допаѓања:
    37.368
    Пол:
    Женски
    OK е. Моето дете пиеше грешен антибиотик по антибиограм зашто кај деца тешко се зема брис па една бактерија имаше напред а втората поопасна скриена позади крајници. Кај деца често се случува да има мешана инфекција и ради природата на имуниот систем да не реагираат онака како што се очекува. Сите имале по една таква епизода и да страшно е кога си беспомошен, ама тоа не значи дека треба да се фрла сомнеж на се што лекарите го прават и да се правиме попаметни од нив. На крајот од денот земање брис кај деца и крвна слика со ЦРП не е никаде во свет стандардна процедура. Само кај нас ние сами го правиме. Често и на своја рака.
     
    На Cherry79, Annath и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  9. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.056
    Допаѓања:
    8.052
    Пол:
    Женски
    Ама јас не се правам попаметна од лекарите, ги слушам што ќе кажат а позадински си се осигурувам. И немој аман со светот да се споредуваме. Во светот се лечат со чист воздух што кај нас го нема и не верувам дека даваат антибиотик докторите зошто ги мрзи да прегледуваат деца. И ова ми се десило, да.
     
  10. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    6.280
    Ама тоа сакам да ти кажам, кај секого може да бидат различни антибиотиците на кои ќе реагира бактеријата. Пример, кај едниот да реагира на амоксиклав кај друг да биде резистентна на амоксиклав. И ако даде докторот на двајцата амоскисклав (што е прв избор) кај еден може да делува, кај еден не. Ова се случи кај моиве, на последниот брис. Инаку, тотално се согласувам дека тој притисок да не се дава антибитик непотребно, без брис без крвна слика си носи свои ризици. Јас никогаш не сум се сомневала ако даде доктор атб па макар и да немало испитување направено зашто неколку пати до сега кога доктор не ми дал атб одмаа завршувало со компликации. Секогаш одам со тоа дека не сум доктор, и дека тие подобро треба да знаат. И ми е чудно кога ќе видам прашање, ми препишаа атб, не знам дали да го давам. Не може и не смееме на форум да даваме такви совети.
     
    На Annath, JoyJoy и Miss_S им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.149
    Допаѓања:
    38.010
    Пол:
    Женски
    Прв избор за гнојна ангина т.е стрептокока пиогенис секогаш е Оспен т.е пеницилин. Има случаи кога истиот не делува (ќерка ми имаше таков случај) па се додава и клавуланска киселина во комбинација т.е Амоксиклав. Во 99% ова делува и навистина нема потреба од постојани брисеви.
    Јас ве разбирам. И јас бев таква на почетокот кога почна да се разболува ќерка ми, ама со текот на годините сфатив дека брисевите се непотребни оти може да бидат неточни. Имам примери каде што ќерка ми во две различни лаборатории правеше брис во размак од околу половина час и резултатите и беа различни. Така што... Верувајте му на докторот. Обично гнојна ангина или ангина лесно се препознава и третира.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.