Браво! И потоа кога ќе си го земеш детето од градинка со стрептокока треба да ве најде родителот и три стапа од грб да ви скрши оти вас памет никогаш нема да ви дојде поинаку. Како не ви е жал се чудам за другите дечиња кои ако имаат слаб имунитет стрептококата може и да ги убие. Али гз ве боли вас, битно вие раат да си имате. Една од причините од кои се иселив зошто во ништо не можеш да веруваш, ниту во еден посран брис.
Начин има, ама јас не сакам тоа да го правам. Матичната ми вели дека на последните 2 конгреси, еден домашен еден во странство, ги советувале да заборават на брисеви од нос- за вакви случаеви а не за симптоматсли бидејќи нр постои дете и возрасен кој во носот не носи некоја бактерија. Муабетот е дека институционално не сме стандрдизирани за ова, ко и за милион други работи.
јас и за ова ќе зборев, еднаш спомнав мислев вратата во нос ќе ми ја треснеа, ама не можам да им се силам пошто зависна сум од градинка, немам никој плус плаќам жена. прошлата недела една од учителките беше толку болна, едвај стоеше, а треба деца да чува цел ден, ама нејќат боледување да си зимаат, ќе им одбијат од плата...
Potpolno se soglasuvam, no dokolku navistina nemas moznost drug da ti go cuva doma deteto, a moras da odis na rabota, bidejki bez pari doma ne se sede, ke bides primorana da gi laziras rezultatite. Kaj kerkami vo grupata odat epten bolni deca, ama toa e, nema sto da se pravi, so temperatura deteto, ke mu stavat cepce od sabajle ke spusti i vo narednite 6h ke sedi vo gradinka zalnoto, ama ima roditelji sto stvarno nema koj da 8m gi cuva decata, a nemozat na sekoi 2nedeli da odat na boleduvanje roditelite
Gz me boli za moeto dete taka? Sramota!!! Pa jas tri meseci ja cuva doma kerkami zdrava pravam, pa vo gradinka za Edna nedela odma gnojna angina napravi. Site deca se taka vo gradinka. A ete veke stom si vo stransrvo kazi mi koga posleden pat napravi bris kaj tvoeto dete za da vides dali asimptomarski e nositel na bakterija, oti neli vie ste sovesni roditelji, a nie vo makedonija imame deca za frlanje
Лани кај син ми за 3 месеци 2 пати не тераа да правиме брисеви. ми вика учителката само 5 деца доаѓаат. матичната вика во тој случај треба да викнат служба од јавно здравје да земе примероци од сите па според резултатите да реагираат потоа, ако треба и дечињата да ги одвојат. ама нормално нив така не им одговара. поарно да ги пуниме со пари приватниве лаборатории пошто јас само саботи можам.ужас
Во Германија, искуство од 3 државни градинки е ова, не бараат брисеви за прием. Ниту кога се враќа од боледување прашувале/барале брисеви во градинките. Комотно може(а и сигурна сум дека е така) со бактерии да си седат таму се додека не качуваа тт или нема пролив или повраќање. Имам три деца. Не сум сигурна дали еднаш имаат направено од тој брзиот за стрептокока, знам дека дискутирав, не се сеќавам веќе што бидна. Еднаш од око видоа бактерија и од око дадоа антибиотик. На другите две деца па ниту од око. Со зелени мрсули си седат со децата во градинка. Педијатарката вика така требало, нормално било, да луфтираме.
Se mi e jasno, samo ovde vo makedonija ima takvi gluposti, gradinkite ni se za zalenje, so po 30 deca vo grupa, a dve ucitelki. Koj znae na kolku vreme se prave dezinfekcija na ucilnicite a baraat cisto brisovi kaj decata. Stom gi pustam decata vo gradinka svesno sme na kakov rizik gi izlozuvame. Na koj ne mu odgovara neka si sedi doma. Kako samo vo makedonija da ima bakterii, ni gi otruja decata so antibiotici.asimptomatski bakterii lekuvaat so jaki lekarstva, a neznaat deka so toa samo mu stetat na organizmot i na imunitetot na decata.
Мене ме буни двојниов аршин. Воспитачките треба да се први на тапет да им прават брисеви ако веќе сакаат да спроведуваат некакви мерки.
Во право си за се. Кај ќерка ми во градинката само во петок чистат. Зошто не чистат секој ден? Зошто не ги мијат децата пред јадење и после? Колку пати сум ја земала лом направена од храната, до ушите избркана. Играчките да не им ги дезинфицираат секој ден случајно? За стерилни брисеви треба стерилни услови
Во нашава градинка не бараат брисеви, освен ако се појави некоја заразна бактериска инфекција. Се сложувам со @danichap двојни аршини има тука, зошто само децата да се трауматизираат постојано со земање брисеви, каде се тука воспитувачките и останатиот персонал по градинките? Само децата немаат бактерии, возрасните често знаат да бидат бацилоносители. А стрептококата им е домашно милениче по градинкиве, и да е чисто детето, штом го однесеш во градинка одма ќе ја фати. Никогаш не сум обвинила друго дете или родител затоа што моето фати стрептокока. Ниту пак обвинувам родители што носат болни деца во градинка од што немаат избор. Ниту пак обвинувам родители што лажираат резултати, иако не го оправдувам тоа. Самата никогаш не би го направила. Стрептококата е постојано присутна по градинкиве, и не може да се искорени, пошто секогаш ќе има некој здрав бацилоносител. Децата ќе фатат, ќе ја излечат, пак ќе ја фатат кога ќе одат во градинка, персоналот ја има. Да не мислиш дека во Германија стерилни се градинките? Ахам, да, сигурно. Секој ден брисеви прават, немој некој позитивен да излезе.
Зборуваме за свесно манипулирање на брис бе, свесно изложување на останатите деца на стрептокока. Ова е исто како со морбилите. Во Германија има вакцина, веќе е вакцинирана мојата. И да не се стерилни не се ненормални како доле да лажираат свесно резултати. И за вакцини лажираат и за стрептококи и за се! И после чуди се на епидемија.
Значи во ред е на прием брисеви, ама на секое течење носе и тт да трауматизирм дете со брисеви, епа не би, фала. Наречете ме несовесен родител, како сакате, не сум лажирала брисеви, правам кога треба, кога сме со тт која е видно дека е од нос/грло, лечам со антибиотик и дете пуштам по 2 недели во градинка (без повторно направени брисеви).
Има два месеци моето и имам доктор дома така да кога и да има симптоми четките за брис се во ташна. Плус е вакцинирана од пнеумококи.
Исто и јас, не правам брисеви на секое, додуша за малово не сум правела ни за прием во градинка, не бараа. Ама што да прават родители како во случајот погоре кога им бараат чисти брисеви на два-три месеци? Детето може да е здраво, ама да има бактерии во нос и грло, впрочем сите ги имаме. Не оправдувам мерки со лажирање резултати, ама пак во систем и држава ко нашава што да прават родителите притиснати до ѕид? Тоа прво градинките да си го расчистат, па после родителите да ги притискаат. Немаат сите доктори дома и четки за брисеви во ташна. И не значи дека ако е вакцинирано, не може да фати бактерија и да ја пренесе на друго дете, невакцинирано.
Прво и основно, матичните доктори не даваат боледување за појава на стрептокока, поготово ако не манифестира со Т или на некој друг начин. Ако си вработен и ако немаш доволно денови одмор, ќе те отпуштат. Затоа и ги сфаќам родителите кои СЕ БОРАТ за опстанок во лудово време. Не сфаќајде дека потегот со лажирање го оправдувам. Ама пак и неможам да ги обвинам, знаејќи како стојат работите. Затоа сметам дека вакцината против стрептокока треба да се воведе како задолжителна во картонот за имунизација.
Neka ti e zivo i zdravo, neka potporasne pusti go vo gradinka pa ke pravime muabet. Jas ete nemam cetki doma vo tasna,deteto mora da mi odi vo gradinka, pravam brisovi samo koga ima simptomi, nemozam za svaki slucaj koga ke mi tekne da mu zemam bris, nemam doktor doma. Dete moe bolno neodi vo gradinka, no nemozam i da gi obvinam i roditelite koi pustat bolno deca vo gradinka. Rabota za minimalni plati, nemaar pravo ni ednas vo godinata da korisrat cel godisen odmor, a kamo Li sekoj mesec po dve nedeli da se na boleduvanje
Фала, ќе правиме. Пази ќе ме фатиш на сентиметалност од тие сум. И понатаму ќе работат за минимални кажи им се додека лажираат се што постои се дотогаш ќе немаат годишен одмор, оти една држава го чини народот, неговата свест и менталитет. Реципроцитет: ти го јебеш системот, он тебе и така во круг, ако ме разбираш. Иначе брисеви не си земаме од досада по дома за сваки случај тоа прашај ги оние докториџок што си играат. Заклучок: нема оправдание лажирање на медицински документ и свесно ширење епидемија која може да има смртни последици. Точка. Ни плати, ни одмори ништо.