Да се пожалам и јас на стрептокока у нос. Стрептокока пнеумониа или како и да е правилно не ми се смејте. Кашла, носе се растече тек сега.. Тт 37.. одеше до 38,5 ама намали. Ни рекоа да третираме локално ако е она ок. Со ацидосалус. Кај нас доста тешко оди тоа прскање во носе. Дајте ми совет ве молам како да се лечиме. Во уста дава да и прснам, редовно прскавме ама за носе шанси нема. Ниту па да и намачкам хлорофеникол.. не сум паметна веќе на 3 недели она е со тт. Првиот пат и амоксиклав пиеше, џабе, вториот исто. Џабе трујам дете.. Мора да има нешто друго што би можеле да пробаме.
Sega te citam i tuka i moram da prasam mozno li e da se fati streptokoka ako dete e vakcinirano so pneumokoka. Sega se mislam da ne go pie sirupot protiv alergija bez vrska da ne ima zakaceno nesto takvo. Os simptomi prethodno bea cesanje na oci i nose.
@Annath Немаше симптоми освен понекогаш незабележително и кратко бели мрсулчиња. Ова е рутинска контрола-брис од нос. ...незнам да прочитам што треба да и дадам...или воопшто да не давам ништо. Кај матичната не ми се оди ради зарази по чекални.
Нас за ова ни кажа само ацидосалус да прскаме зошто беше без др симптоми.. додуше имаше блага тт и се смири за 2 дена. Никогаш не ни дале антибиотик само на основа на вакви резултати, туку само ако не поминува со локално третирање. Прашај по тел. бар.
На сите антибиотици е сензитивна бактеријата, ама дали треба и кој од листата сепак мора педијатар. Прати вака кај матичната или јави се.
Прашај ја по телефон матичната дали да даваш нешто. Ако нема симптоми, не мора да ја третираш со антибиотик. Физиолошки раствор шприцај почесто, спреј од диво оригано или ацидосалус. Би требало да се исчисти.
Фала ти. По телефон ке ја прашам. Дали ваквото однесување на организмот е резултат на тоа што има примено вакцина ? ...бар една придобивка да има од толкаво боцкање..
Мене орално за стрептокока во нос не ми давале,само капки цитерал во нос.Исто го имаме користено ацидосалусот континуирано превентивно и се покажа ефикасен,од тогаш нема закачено бактерија во нос. Пробајте и од бомед спрејот за во нос со прополис го фалат. @referentka според симптоми јас мислам не би имала потреба од антибиотик,али секако матична најдобро знае..
Веројатно и вакцината. Ама самото тоа што е веќе поголема, има изградено имунитет, па тој не дозволува бактеријата да надвладее, има улога. Немам искуство со вакцината, ама дефинитивно не значи дека не може да закачи стрептокока ако ја има примено, само нема да развие инфекција.
Ова е или лажен резултат или е нешто моментално. Штом ја има примено вакцината би требало да има антитела за стрептокока и истите да ја убијат бактеријата. Мислам дека не може да опстои бактеријата кога веќе има примено вакцина??? Баш ме интересира Референтка доколку одново ги правите брисевите како ќе испаднат. Инаку ние имавме иста ситуација с.пнеумонија без симптоми и јас не давав антибиотик.
Јас сакам да ја ставам вакцината. Ммр прими 12 февруари, мислам дека е ок да ја ставам. Да одам само кај матичната да ни даде амин што се вика. Вие што имате ставено, реакции после неа, какви може да се очекуваат. Мислам дека ќе се спасам со неа зошто кога и да е болна, излага дека е бактеријава, ништо друго.
Реакции нема од вакцината,ама треба детето да е кристално чисто со здравјето. Иначе,да Ве информирам,матичната ми препорача Цитерал капки (за очи се ама и во нос се ставале). 103 ден во Зегин ги има. За 10-тина дена ќе правам брис пак да видам дали е чисто детето. Шубе ми е зашто во градинка ќе ги испозарази сите,а тоа не реагира на бактеријата. Е сега,треба сите мајки да си направат брис на своето дете од групата за да ја искорениме кокава,ама на друг ај па кажи му што да стори.
Не само децата, и воспитувачките треба да направат брисеви. Џабе ако децата се исчистат (тешко тоа, ама еве да претпоставиме), пак ќе ја добијат, од воспитувачките. Тешко се искоренува од градинките.
незнам до толку детали.Само знам дека било која вакцина не го штити лицето комплетно секогаш ,некогаш може да се фати но со полесни симптоми.
Здраво, едно прашање до @FreeMind i @referentka ако правилно ве разбрав,децата вис е вакцинирани со вакцината за стрептокока. Дали претходно правевте некое испитување?Што значи тоа “детето да е кристално здраво“? Извинете ако погрешно сум ве разбрала,игнорирајте прашањава.Позз
Вакцинацијата се спроведува без крвна слика зошто параметрите на крвна слика немаат врска со вакцинацијата. Стрептококата е најчеста во градинка заедно со рота вирусот. Затоа и треба да се вакцинира. Овде е на два месеца првата доза. Тоа е еден тип на коки кои се најчести предизвикувачи. Детето да е кристално здраво не знам што значи Она дека вакцина не штити 100% е точно. Вакцината е за најчестиот вид на пнеумококи. И штити преку 90%. Пнеумокики има многу видови, ако подоцна заболе од некоја друга не се вика не чини вакцината туку заболе од поредок вид на кока.