Стресот за жал е неизбежен дел во секојдневниот живот. Каде и да сме, со кого и да сме, самиот начин и темпо на животот не доведуваат во многу стресни ситуации. Колку и да се трудиме, лесно е да речиш: не се нервирај, но тешко е навистина да не се нервирате. Посебно за време на бременоста се препорачува избегнување на стресни ситуации, а сите во семејството да придонесат за хармонична атмосфера. Колку вас ви делуваше стресот и како се справувавте со него? Колку мажот се трудеше да не се нервирате и ја подобруваше домашната атмосфера? Како се однесуваа вашите свекрви кон вас, знаејќи дека повеќето се жалат. Споделете ваше искуство...
Искрено маж ми секогаш гледа да ме поштеди и буквално заштити од било каква стресна ситуација. Свекрвата не ја гледам нешто многу често, ниту пак поминувам многу време со неа, иако живееме во иста куќа, па затоа и немам што да се потресувам од неа. Додека добри 90% од стресните ситуации , нервозни моменти мислам дека ми се од татко ми. Дури е чудно како се инати со мене, како обожава контра да ми оди, да ме провоцира , за 3-4 дена кога ќе си отидам дома. Но сега си фатив тактика, претходно одев сама, а сега одам исклучиво со маж ми, па така татко ми нема шанса да се расправа, ако има нешто да каже или праша нека разговара со сопругот. Иако се потрудил и најмалата шанса да ја искористи.... Понекогаш е несватливо како најблиските сакаат и умеат да те изнервираат. Можеби и не нервираат намерно, но самиот факт дека се блиски многу повеќе погодува одколку да не изнервира некој небитен, далечен. Како влијаел стресот кај мене во бременоста? Па на почеток не приметував, но потоа осетив дека при напната ситуација , имам болки во стомакот, кои наликуваат на грчеви. Незнам дали има врска со бременоста или пак од самата нервоза, но со оглед на тоа дека претходно не сум го чувствувала тоа, сметам дека некако е поврзано. Сега си пијам Б6 витамин, по 2 на ден, секогаш кога ќе се осетам напнато, и искрено ми помага. Но едно е јасно, факт е дека најмалку што и треба на една бремена жена е нервоза, стрес. Среќни се тие кои умеат како да го избегнат сето ова и да не му даваат никакво значење.
здраво на сите феминки ве читам често , па затоа сега решив и да ви пишам Во последно време сум многу напната и нервозна понекогаш ми се плаче безвезе . бремена сум 8ми месец се плашам овој стрес да не се одрази лошо на мојата ќерќичка . најлошо е што не можам да се контролирам.. не знам дали е од моменталната ситуација во која се наоѓам( со мажот ми сме во странство а немам никој покрај мене, не знам како ке успеам све сама без ничија помош... дали ќе бидам добра мајка ... дали ќе знам се што ќе и треба по интуиција...?) или самите хормони си го прават своето? ве молам за разговор и ваше мислење. ве поздравувам вие да не сте ми ке спулавам како сто сум сама постојано.
и самата си кажа дека хормоните си го прават своето башка и тоа што си сама далеку од фамилијата во странство али немој да се секираш се ке се среде и ке биде ок уште некоја недела ке си ја држиш керкичката во раце и треба да бидеш сталожена и смирена за да можиш да се справиш со таа ново настаната ситуација значи треба да си цврста и сталожена и како физички така и психичи да се подготвиш за доагањето на бебето сигурно ти е глуп период и затоа така еосекаш издиши длабоко и размсли какви комликации можиш да си направиш ако продолжиш со нервозите а за се што те мачи ние сме тука
ти благодарам за подршката сега ми е многу подобро неверојатано е колку му помага на човек кога ке си се искаже, инаку потполно си во право морам да размислувам позитивно и да се контролирам. те гушкам и ти посакувам убав ден
Знам дека е лош стресот поготово во бременоста, но живееме во мнооогу стресно време а и хормоните си го прават своето на моменти многу малку ми треба за да заплачам тие емоции ме убиват се надевам дека од кога бепчето ќе се роди ке се нормализирам и ќе си уживкаме, мазиме и пазиме
bas me interesira nadege kako se snajde so cela taa situacija bolnici, sama ti i bebceto zatoa sto sum vo potpolno ista situacija iljadnici km daleku od doma samo jas i mm nikoj drug
Стресот е непријател бр.1 за се,па така и за бременоста.Јас со првиот спонтан иако знаев дека сум бремена се нервирав да не ви кажувам за какви глупости и прво што ме праша докторката беше дали беше под стрес? Потоа за вториот пат,гледав да сум релаксирана,некако за ништо е ми беше гајле,а баш тогаш имав фрки на работа,маж ми ме поштедуваше за се,не даваше дома да пипнам ни садови ни ручек,али пак не сакаше да биде. Сакам да ви кажам дека бременоста сама по себе е толку убава што заради неа не треба да ве тангира ништо околу вас,уживајте и игнор.
Не можам да кажам дека имам стресен живот бидејќи работам работа што ја сакам, пријатно ми е тука, колегите ми се и пријатели, дома сами со мм со кој фала богу имаме убава комуникација и пријатна атмосфера. Односите со моите и со неговите се супер, едноставно мислам дека откако сум бремена еве 4ти месец сега, дали еднаш сум се изнервирала. Но, не е само тоа стресот-нервозата. Добив „комплимент“ од мм дека не сум заинтересирана за околината и земјата дека не гледам вести и не читам весници, а тоа намерно не го правам бидејќи таму има само негативни работи. Откако останав бремена решив сите негативности од животот да ги отстранам, па вклучувајќи ги и луѓето кои не ми влијаат убаво. Си читам книги, се дружам, слушам музика, гледам филмови, но не сакам политики и вести бидејќи ме потресуваат. И пошто ме искара дека е срамота за мене интелектуалка да не се информирам, земав да читам Вест и кај земав, налетав на статијата за бебето со пресечен јазик од Арачиново. Лелее луѓе, така се потресов невидено, ете и тоа е стрес. Дефинитивно се враќам кон неинформираност и мирен живот деновиве. Па ако падне бомба, секако ќе дознаам вака или така.
и јас така направив некој рез во животов откако дознав дека сум трудна, ама не намерно, туку едноставно се што е површно, па и оние површни пријателства ми се згадија и све елиминирав! многу се променив кон околината и никој и ништо не ме интересира освен мене, бебчето и маж ми, и нај нај најблиските (мајка, татко, сестра) ! А околу стресот, не сум имала стрес ама затоа нервози околу ситници да! И по природа сум си темпераментна и избувлива, а сега уште повеќе, и знам дека не треба да се нервирам за глупости ама појако е од мене, мислам дека сум во состојба и човек да убијам ако ме изнервира за малце фалеше на еден брат/сестра на трансфузиологија да го рашамарам , но исто во крајност одам кога ќе фатам да се смеам поготово без причина, аууу крај нема. Хормони, тоа ти е, као налудничава се осеќам
Гледам максимално игнор да удирам на се што можам, но некои работи скале или не се наше секојдневие....многу ми е тешко на душата, и одма после едно саат време осеќам грчеви во левата долна половина. Ете и вчера примив една информација која не ми излага од глава просто кога ја дознав се развикав на цел глас: Добро бе, каде ви е паметот, моравте ли ова да ми го кажете, зошто едноставно не ме поштедевте од ваква информација имате ли ви малку совест, и мислите ли колку мене ова ќе ме потре?
Вчера и денес, такви стресови и нервози доживувам да е тоа чудо едно...плачам сенервирам. А во глава не дека не ми е бебушот мој, ама едноставно тоа е посилно од мене.
аууууууууууууууууууууууууу какоф стрес сега доживеав колко се изнервирав еееееејј уште се нервирам луѓе ццц бебето мое не е ни криво ни дужно моите стресови да ги трпи.. ГОспод да ми го чува
гледам колку можам да стојам подалеку од нервози и стресови, кога сум нервозна бебуш мрда многу а понекогаш и пржи внатре во мешето не е добро стрес,а уште повеке за бебушките.
Јас нон стоп сум под стресни ситуации... Работам стресна работа, дома имам 100000 проблеми од луѓе кои не би требало да се мешаат, сопругот кога ме разбира кога не... И згора на се сум 13 недела бремена! Ужас!! Не знам како да продолжам а да не се нервирам и да не сум цело време стегната... Не знам дали постои некоја како мене или слична на мене и што таа жена превзема за да се смири??
Еве ме и мене иста сум како тебе и сум 5 недела. МНогу сум тазе и многу се плашам да не го изгубам бебето поради нервози. Секојдневно имам проблеми на работа каде ме третираат како партал и не знам зашто ги трпам. Ми треба одмор и не сакам да работам повеќе и мислам дека и ќе си дадам оставка само за да не си направам проблем. Не сум успеала начин да најдам до сега, константно се нервирам само од работа, со ништо друго.
I jas cela moja bremenost bese pod stres sega na krajot poveke dali nekoj znae dali posle pragaj vlijae na psihata na majkata
И јас сум по природа темпераментна личност постојано во стрес Поради патолошката не одам на работа ама стресот е тука Наогам за секаква глупост са се истресирам. Плус проблемите со бременоста капак на се. Не аум некоја кавгачика да се расправам по дома да ги малтрерирам сите ама тоа што стои во мене е уште полошо. Се плашам во такви топ стресни денови за бебушот. Кога сум многу напната ептен е вознемирен. Ако некој знае како да се справиме нека каже Пијам вит б 6 пијам магнезиум ама стесот е тука. Не секојдневно но доволно често за да бидам загрижена.
Zdravo devojki, jas sum mnogu pod stres I strav vo bremenosta, bremena sum 14 ta nedela I mi e strav da ne mu nastetam na moeto bebe da ne oseka , nekoj raboti stresni mi se slucvaat I se plasam I mi e strav da ne mu nastetam na moeto bebe daki toa oseka pisetemi ?????