Вчера имав башш ама башш голем СТРЕС.Виновна сум што подпаднав под влијание на непријателот.Ама сега отпосле лесно е да се каже..во моментот не е така.Замислете ме нападна жена,знаејќи и дека сум трудна.Најпрвин почна со зборови за на крај кога ми го нападна и првото дете,синчето да заврши буквално до тепачка! Не делеа луѓе!Во моментот делував инстиктивно не размислувајќи,ама отпосле... И сега го доживувам мојот најголем страв.Еве 03:45 е а јас неможам да заспијам сеуште.Имам испиено и 3 бедоксина и магнезиум..џабе.Најмногу се исплашив кога после инцидентот кога си дојдов дома,почна цела куќа да ми се врти во круг како да сум пијана. Притисокот кога го измерив 150 со 100 ми покажа.После не ни мерев.Ужасно се плашам.Ова ми беше НАМЕРНО направено,баш ради бебето..дури кога се туркавме со раце замавна и по стомак да ме удри.Таа личност дефинитивно е болна.Туку јас сега за бебево се тресамБремена денес точно 13 недели сумНезнам како овој огромен стрес го доживеа бебево.Најлоши мисли ми доаѓаат.Утре сакам да одам и на доктор..ако бидам физички способна зашто и големи нагони за повраќање почнав да добивам
Пробај да се дистанцираш и да го заборавиш настанот. Не го прераскажувај затоа што со секое кажување пак го доживуваш. Повраќањето може да ти е од тоа што ти се качил притисокот. Повеќе одмор денес.
Обиди се да ги тргнеш мислите од таа личност бидејќи стресот секако дека штетно влијае на сите, дури и на оние кои не се бремени. Размислувај на позитивни нешта, најди си некои интересни занимации и не се замарај со настан кој поминал и е небитен во споредба со твоето здравје и бебето кое го носиш. Подетално не раскажа за што станува збор ама како тоа те нападнала физички? Па пријави во полиција! Ако имаш сведоци дека те нападнала, а како што сфатив имаш бидејќи ве делеле, тогаш не се мисли воопшто. Ако било на јавно место ќе си добие казна за нарушување на редот и мирот а може и да ја тужиш приватно.
Да ,имам сведоци но во полицијава кај нас многу и не верувам искрено.Секој со секој се знае братучед му е овој на овој и така..и да пријавиш тоа се кине и ништо од тоа ако немаш и таму некој познат.За приватна тужба си требаат пари а и влечење по судови вака бремена..сето тоа мислам дека би ми било додатен стрес,со секое навраќање на приказната како што кажа погоре и @kukla21 ,па затоа и не пријавив.Се надевам дека нема веќе да се повтори,а и јас ќе гледам да си мислам позитивно, и да заборавам на ова.Иначе денес истата личност преку луѓе ми кажува како сакала да се видиме за да ми се извинела.Совест ли е или страв или финта или незнам што...како демек згрешила откако после си размислила,ама јас реков не треба,не сакам ни да ја гледам ниту па нејзино извинување ми треба.Само да не ја гледам.Како што кажав се работи за нестабилна жена.И така..се надевам дека тоа све е веќе позади мене Фала ти @Kitten,јас денес бев на доктор и бебето го видовме.Душичка супер си е.Само многу му се спиеше овој патМи падна камен од срце кога ми кажаа дека си е све во ред.Иначе јас цела ноќ не заспав од грижи,па така после докторот право во кревет и никако да се освестам,дури сега малку.Сигурно и оно затоа било поспано.Пошто нели викаат како се осеќа мајката така му е и на бебето.Битно бебето ми е во ред.Тоа е најбитно.Другото се ќе помине.
Истиот ден кога дознав дека сум бремена дознав и дека татко ми е сериозно болен...знам дека треба да сум смирена ама не ми успева, не можам да не се нервирам. Има ли некој пиено нешто на природна база за смирување што стварно делува, страв ми е да не си направам некоја беља со овој стрес и бес во мене..
@bella.s само консултација со гинеколог. Од она што е дозволено, можеш б6 слободно, тоа и за мачнини го препорачуваат докторите, и тоа по 3 на ден. Знам дека е тешко, но мораш да мислиш и на животот што расте во тебе, најбитно е сега на почеток кога се развива органогенезата на плодот. Инаку татко ми почина брзо пред да останам бремена, и особено јас од сите најтешко ја поднесов неговата смрт бидејќи беше неочекувана. Но штом го видов позитивниот тест едноставно се програмирав да дадам и направам се за тоа мало зрнце што расте во мене. Да не должам, во меѓувреме земај б6, тоа го опушта нервниот систем, а за нешто појако само консултација со лекар, на своја рака никако. Те гушкам и не се секирај, ќе се среди, Господ знае што прави
Problemi okolu cerka i gradinka imav denovivetolku nervozna sto mese Samo lupaisto taka mi izgleda kako Dole da eili od strav od misla ili neznam sto.....se nadevam nema nesto Loso da sé slucipiev tabletka za smiruvajne ama nemass efekt kako nekogas koga pieve...
5ти месец сум...две недели константно сум под стрес, нервоза и слично...само излегуваат нови работи кои ми идат ставрно на живци...со оглед дека спремаме свадба и спалната соба и многуу се нервирам..едвај се воздржувам да не плачам затоа што кога плачам сите ме гледаат попреку...ми е страв да не штети на бебето или да не доведе до прерано породување?
Здраво.Стресот секако влијае на бременоста и затоа пробај смири се Зошто си под нервозна кога спремаш свадба?И јас спремам свадба за месец дена и сум толку среќна и весела,таква треба и ти да си не да се нервираш кога се случуваат убави работи во мојава бременост ниеднаш не бев нервозна и не плачев,треба да почнеш на друг начин да ги гледаш работите а не на сите околу тебе да им правиш нервоза Поздрав и секое добро
нервозна сум затоа што не излегува се како што треба ниту за спалната соба ниту за свадбата...дури и по нарачка намештајот не одговара за собата иако е најголема од сите што ги имаат..креветче не собира а за тоа косава ми се крева...никој не мисли од неговите на ништо..се се чека на мене и на моите со оглед на тоа што спалната била чеиз... месец ипол има до свадба ниту е закажано црква ниту бурми сме нарачале ни ништо..изгледа и тоа јас со мешко мој ќе мора да средиме...тоа ми идее неверојатно премногу на живци и се нервирам... плус ми е прва бременост а читав дека може пред времено да пукне водењакот од нервоза..ама повеке верувам на паталец него на гаталец затоа и прашувам..
Ти си стварно будала Абе крени си ги нозете и ич да не се замараш какви свадби какви чеизи какви бурми. Глеј си се. Да видиш како веднаш ќе се сменат работите и како ќе почнат да се замараат “останатите”. Те нашле будала и нервозна и знаат дека ќе средиш затоа се опуштени сите. Сврти ја топката будалче ти си бремена тебе ти е најтешко. Чудни сте жени
I jas istoto i go pisav.Svadbata ke dojde i ke projde.I jas sum mesec dena do svadba duri i pomalku do tebe pa ni burmi,ni bovci nisto nemam kupeno Se popoleka i natenane i taka i nemame nervozi.A ti sto ke se nerviras pa ke gi sredis rabotite,taka samo uste tolku ke gi upletkas i ke si rasipes raspolozenie pred svadba
Јас бев бремена 1 месец и имав спонтан баш поради стрес. Тој ден цел го поминав во нервоза и плалење и вечерта добив крварење а веќе следниот ден и го изгубив малото. Сега се каам си викам за безвредни луѓе се нервирав ама веќе е доцна затоа удрете бригу на весеље најбитни се тие мали души во вас а се друго е пролазно
Во првата бременост (гледам и тука имам пишано тогаш), ептен бев релакс. Сега луѓе еве сум во 4 месец и дали од хормоните е, не знам, ама постојано сум нервозна. Малку ми треба за да МНОГУ избувнам. Просто не можам да се контролирам
Стресот е неизбежен во денешно време. Само што дознав дека сум бремена. Отидов среќна на работа ама тоа ти се бре плитки и злобни луѓе ( среќа само една е лева кај што работам, ама шефица ни е за белја), само негативна енергија да се шири. Незнае друго освен да оговара, да осудува, да врти луѓе едни против други, а за работа? Она ако се дава 100% мора секој, затоа што одма почнува тоа гледање на криво, тоа мрштење и ред други глупости. Едвај чекам да отидам на породилно и на крај да си дадам отказ. А како што слушам и од другарки жално е што секаде има по некоја таква. Значи 99% од тешки психи и искомплексирани колеги се жени
Јас сум ужасно под стрес и затоа што немам како да го канализирам решив да се отворам на форумов. Стресот ми доаѓа од работата, во процес сум на менување на работното место затоа што на старово ми дадоа до знаење дека повеќе не ме сакаат. Многу сум разочарана затоа што не очекував таков однос, а максимум се давав на работа. Ко капак на се веќе две години имам несоница и се будам без никаква причина среде ноќ. Поради дешавкиве не можам повеќе да заспијам, па не можам ни да се одморам како што треба. Се плашам дела ова штетно ќе ми влијае
Никако не смееш да си под стрес. Мисли на бебето, гледај да не анализираш премногу, едноставно мисли си дека новата работа и бебето се нешто најубаво што ти се случило периодов Штом не те сакале на претходната работа, значи не вреди да им се нервираш. Мораш да си позитивна . Со лесно
Imam golemi problemi so pogolemiot kolku i da se obiduvam da se soberam neide, celo vreme mi e toa vo glava nitu apetit nitu mozam da spijam ...celo vreme nekoi recenici mi odzvonuvaat vo glava ...Ne uspeav voopsto da se poraduvam ..
Здраво,бремена сум 5ти месец до сега се си беше во ред но синоќа имавме голема караница со сопругот до цркање викање и плачење. Цела вечер око не склопив се будев на секој саат. Во многу не убава ситуација сум не сакам да се стресирам и нервирам ради бебчето, се плашам дане се случи некое пореметување во неговиот развој. Ве молам за совет и како се справувате во вакви ситуации