Носите ли стреч облека?? Сте виделе ли некаде тука кај нас стреч фустанчиња? Многу сакам да си најдам Башка каква ја прават силуетата.. мерак http://www.stylebistro.com/lookbook/Iri ... 8EClL/Hair Ова ми е фаворит
За кого како или мерак или тоталка да се разочараш од себе Ако си слаб коски и кожа како Ирина ќе ти стои и ќе те истенчува бетер. Ако имаш облини пример ко Ким Кардашиан ќе ти ги истакнува. Ама ако си подебел или неправилни имаш само спојлери или дебели нозе се тоа си го истакнува овој фустан. Иначе ист ко овој oд Herve Leger ти се по 1500 долари Слични апла тесни сум пробала и кај нас и по тоа што пробав се мноооооогу неудобни, зашто те стегаат, не можеш да дишиш. Така да не ми се по мерак освен за да ги гледам на слики. Јес да луда женска глава за убавина многу работи трпи
Не дека мразам ваква облека, ама едноставно не ја сакам. Не ми личи мене, а и реално носи многу неудобност. Да ја носам на мене ке мора да си ги покажам реално малите гради, кои секогаш се замаскирани со добар пуш-ап (ова пример само, иначе совршена сум си јас, се совршено таласа на мене ). А и не само кај мене, туку кај секоја ги покажува несовршеностите до максимум (освен кај оние кои живеат од своето тело). А нас девојките, верувам дека не ни е тоа поентата.
Јас ги обожавам овие фустани од Herve Leger би сакала да имам еден ваков, не знам како ги прават ќе треба јас да си се консултирам со шивачката
искрено не ми се допаѓа стреч облеката од проста причина што немам идеално тело и никогаш не сум носела ваква облека и нема да носам ги истакнува сите недостатоци и затоа ја избегнувам.блазе на послабичките девојки можат да си дозволат ваква облека на нив прекрасно ке им стои додека јас ке си се држам до комотноста така ми е најубаво.
Ептен секси ми изгледаат, ама секако убаво стојат на оние со вајано тело. Не може на некоја со вишок килограми да и‘ стои секси.
Јас имам створено аверзија кон вакви фустани, од проста причина што кај нас најчесто ги носат девојки што треба да си ги прикријат недостатоците (најчесто вишокот) на телото, па честа глетка се стегнати бутови што се тријат под некое тесно кратко фустанче, гради што излегуваат до врат и се преполовуваат и спојлери позади под рамењата. Не може секој да носи ваков тип облека, а на убаво тело изгледа совршено. Само ретко кој го има.
Ја делам со Сеси љубовта ко фустаните на Herve Leger. Многу, многу ми се допаѓаат. Е смачено ми е од Кардашијан, зошто мислам дека веќе ја надмина линијата и дека веќе не изгледа привлечно во нив, туку вулгарно. Инаку имам еден фустан, ми до донесоа од Холандија, не е баш како фустаните на Leger, ама сепак е стреч и добро изгледа. Е сега работата е што јас ослабнав, и веќе не изгледам убаво во него како претходно кога имав плус 3-4 килца на мене. Значи за да се носат вакви фустани треба многу добро обликувано тело, не премногу делбело, а и не премногу слабо. И висина треба.
Значи фустаниве ми се преубави, колку повеќе ги гледам толку повеќе ги сакам, сакам да имам еден од нив, па макар Старфиш ме тепала дека немам висина за него Не знам дали знаете дека оваа компанија има креирано парфеми за Авон
убаво изгледаат,баш секси,но не стои на секој ама ми изгледаат неудобни за носење,како воздух да не можеш да земеш можеби грешам,незнам-не сум носела
Мнооооооогу ми се убави имам 2-3 фустанчиња стреч не се како овие на Herve Leger (би сакала барем едно такво) али се Уз тело со ги викат постариве
Ги обожавам фустаните на Herve Leger. Би сакала да имам бар еден од нив и нормално да ми стои во плакар затоа што си имам вишок кг за ваквите фустани
Сакам да се стегнам во фустаниве!!!! Да ми кажат да изберам , не би можела, искрено, сите ми се убави на свој начин. Инаку Сеси, нема проблем со висината што јака, висока штикла не би го средила Уживајте!
Старфиш под казна за сликиве праќај 36ки од фустаните под број 2, 7, 8, 11, 12, 15, 19, 24, 25, 29. Абе овие од Леџер фустаниве нема шанси да стегаат како нискобуџетните стреч фустани нели??? Па над 1500 долари се, не смејат да стегаат Апла стреч фустанот што јас го пробав беше едно материјалче, ептен тесно стега, овие на Леџер се ленти спојувани, совршенство да не речам. Иначе еве го омилениот мој фустан од Леџер. Умиииииииииирам за него!!!! И имам второ пласиран фустан од типов. За жал пак го носи истата цура, која не ја сакам, али искрено преубаво и стои Па после овие 2 фустани следи моделот од погоре оние што си ги нарачав од Старфиш