Евтино? Само колку за илустрација, еден обичен фустан на Herve Leger чини $1350.00. Е ваков: A посвечена варијанта и $5200.00 Ако ти изгледаш смешно во нив(како што си напишала), не значи дека на другите девојки не им стои убаво. И баш напротив, овој тип на фустани делуваат секако, само евтино не!
Абре кога Мајлава Сајрисот може да носи ваков фустан можеме и ние!! Прекрасни се ..реално не би се задоволила со еден... Ваква краснотијаа не се одбива!
Убаво стојат на згодни девојки. Искрено не ми се допаѓаат многу многу и лично јас никогаш не би се стегнала во вакво фустанче. Секоја чест на оние ептен згодните што носат вакви
Некој од нив со темни светкави бои што се ми делуваат ептен клубски ... онака младешки, ко за модерно диско да си се изнаиграш кога си излезен така нешто .. Јас никогаш не би носела , а и немам тело за такво , секоја чест на некој што го има.. Сепак мислам дека не се воопшто лукзузни .. Spoiler Code: Луксузното мора да е и удобно , зар не ? -Коко Шанел Воопшто не се удобни , мое мислење
Добро, ти си ставила слики од модели што се слаби и фустанчињата им стојат супер.Мене ми е евтино кога некој што нема тело за тоа, се облекува во таква облека, па на сите страни виси сало.Не сме сите совршени и нема потреба да си ги истакнуваме маните
Можеби единствена мана на ваквите фустани е тоа шо ги носи секој кој сака да ги носи.Убаво делуваат вака,но само на манекенкине од Викторија`с сикрет,на други тешко...али и Кардашијан си мисли дека убаво изгледа па и таа ги носи. Дури и да си слаб,не ти дава право да се опниш во нешто вакво,зашто до максимум ја вади на површина и најмалата несовршеност на градбата/конституцијата. Фала Богу што ги нема и кај нас(на Херв Леџер мислам),па сме поштедени од грда глетка на се живо со вишок самодоверба и желба да биде во тренд.
Ми се допаѓаат многу и би сакала да имама еден ваков фустан, море не само еден туку поише. Ги сакам сите на ските.
Имам неколку среч фустанчиња во плакар, но се доста неудобни. Сепак тие што ги имам, ги сакам и убави ми се...