Кај нас во училиштето фармацевтите прават креми за црвени и бели стрии. Цимерката си купи и ми кажа дека имало ефект. Кремите се 50денари. И правени на природна база.
Незнам кој е составот на кремата. Не знам дали и ги има во аптеки, бидејќи напоменав дека во училиштето ги прават по нивни рецепти. Цимерката ми кажа дека се многу ефикасни.
caroline.costa нема ги во аптеките, ние на пракса само за нас си правеме, викат дека помагале па шо знам јас не сум користела. Ама некогаш ги утнеме и се во канта фрламе.
Прочитав дека со мешање на бадемово масло ,павловичева и витамин Е или капки АД доаѓа до избледување на стриите,па сакам да прашам за колку време отприлика може да се дојде до тој резултат и колку време после правење на смесата може да се нанесе на телото и колку пати на ден ?! позз п.с.Незнам како но кај мене , стриите што ги имав на едната внатрешна страна на бутовите половина исчезнаа ама другите............
Стриите се оштетено сврзно ткиво, и нема шанси да се повлечат. Замислете некој материјал што е расцепен на некои делови. Дури и во добро опремените салони со секакви третмани - велат може редукција до некој процент, помалку да се познаваат, но целосно да исчезнат не е можно. Може само превентивно да се делува со редовно мачкање на кожата со квалитетен лосион за да е еластична и здрава.
ма со јаболков оцет само побелуваат а стриите целосно да осчезнат нема шанси освен ласерски и тоа по многу третмани
Јас имам многу стрии.На грбот ептен дури, ако се наведнам страшно е. Не знам на што се должи точно,ама ваљда дека ослабнав нагло... И на бутовите имам,и на градите малку. Не ми создавале некој комплекс ама ете... Бели се...
виновник за стриите е исклучиво дехидрираната кожа, а не зголемување на тежина или нагло слабеење и не знам што уште не. намалената хидратација доведува до пукање на колагенските влакна и еластинот што е пресудно за создавање на стриите. и сето тоа се случува поради недоволното внимание и невнесувањето на доволно течности. немојте да се ослоните на било какви козметички препарати затоа што козметичката индустрија иако сака да го реши ова, стриите можат да се отстранат исклучиво со хируршка интервенција. препаратите даваат масност, а не влажност. ако веќе мислите дека можете да постигнете нешто со истите нека бидат тоа препарати со висока концентрација на ПФВ супстанци и во никој случај да не содржат парафин или некое јаглеводородно средство кое ќе оневозможи кожата да дише.
Помошшшш !!!! Ми се изнаправија стрии кај колковите и меѓу горниот дел од двете нозе.... Стриите се толку модри ,што скрос се разочарав за да се слечам на плаза по бикини.... Имате ли некој ефикасен лек за модри стрии
^^ Редовно мачкање со павловичева помешана со маслиново масло.Мене ми помогна многу. Додека се модри можеш да делуваш и ќе исчезнат.
Јас во празна кутија од крем мешам витамин Е, бадемово масло и оригиналната Павловичева (ма да има таа у неа витамин Е али ќеф ми е да си пукам ампули). Прво нешто - кожата се затегнува и омекнува неверојатно. А за стрии, не оди така лесно и брзо, но ги избледнува. Нормално не може да ги елиминира, но со континуирана употреба прекинуваат да се познаваат. За бели прајме муабет. Јас ептен малку имам, но неќам да се познаваат.
Еве нешто интересно, природни шлаканици што ги користат луѓето.. само колку се успешни не знам. Верувам дека колку толку има ефект за помала видиливост на стриите, а дека скроз исчезнуваат, посебно белите, тешко. Пошто мислам има разлика од бела до бела стрија, зависно од тоа колку е оштетено, т.е раскинато на тој дел ткивото. Некои се подлабоки и пошироки, некои се потенки, така што нема како да се залепи тоа место. http://www.ehow.com/how_5011895_rid-str ... nions.html 1. кромид + јаболков оцет -Половинка/цела/или две главици зависно од тоа колку ви е потребно за да се премачкате, исцедете го сокот и помешајте го со еднаква количина јаболков оцет. Најмалку два пати дневно премачкувајте ги местата. http://www.ehow.com/how_5047140_rid-str ... rinds.html 2. кафе + алое вера гел - лажичка или две кафе (може плус и какао), зависно колку ви е потребно, натопете го со малку загреана вода за да добиете нешто во форма на густа паста. Додадете алое (може и масло од семки од грозје/маслиново масло/од тиква) и измешајте го, но да не биде течно премногу. Протријте ги местата и оставете 15 минути најмалку да делува смесата. Потоа со влажна со млака вода крпа избришете ги сите места. По ова намачкајте се со путер од какао кој има, со павличева плус капки Е, АБ или она со што се мачкате, маслиново масло, масло од семки од грозје итн. било кој од препаратие што ги користите дополнително. Пробајте па кажете. Страницава е инаку интересна, има и други совети, слични на овие, особено за трудници, за целулит итн, секој што го занима нека си прочепка ќе види.
Знам има едена крема за стрии која им ја препорачуваат на трудници за време на бременоста само ја изумив како се вика. Ако ми текне ќе ви ја пишам бидејќи била мн ефикасна.
Мноооооооооооооооооооооогууу вода ,зеленчук и овошје !!! Најздрав и најефикасен начин ! Го спречува појавувањето на нови (до душа тоа зависи од вас бидејќи треба да се внимава на зголемувањето на килограми) и со текот на времето стриите се повлекуваат
heydi ова што си го напишала е најнетоното нешто што сум го прочитала!!! Уствари, да, точно е дека треба да се внимава на наглото дебелеење и слабеење, но јас која што во мои 21 година имам испиено max литро кока-кола и дури еден хамбургер и сум со константа тежина имам стрии по цело тело! Навистина на е само до водата и овошјето и зеленукот, а па уште помалце дека со текот на времето ќе се повлечат (во случај да ти се појават стрии, доколку си срекница и немаш сега, немој да се надеваш дека ќе ги снема)!
^^ Не сватив дали со коментарот дека нема да се повлечат стриите мислеше на ’’ Нема да се повлечат ако само пиеш многу вода и јадеш овошје и зеленчук“ или ’’ Нема никакви шанси да се повлечат’’ Ако мислеше на првото во право си, а дека може да се повлечат, може. Мене ми ги снема, кожата ми е ко никогаш да не сум имала стрии, а со нагло слабеење ми се појавија многу... Водата многу помага, ама без мачкање и 10 литри на ден да пиеш џабе ти е...
Луѓе стриите може да се повлечат само додека се модри..само тогаш има шанса за нивно повлекување,кога ќе побелат,нема назад,со што сакаш мачкај. Затоа треба веднаш да се делува.