Какви капки какви креми... Не се мачете девојки мои мили, одете до аптека и купете го: Пробав се и сешто, дури павловичева со витамински капки и уште голем број препарати.. Но кога ми го препорачаа овој продукт единствено го купив поради вољата и упорноста што ги имав. Имав стрии на секој можен дел од телото каде што може да се има, и по 2-3 месеца употреба на продуктов нема ни трага ни глас од нив... како никогаш да не сум ни имала стрии. Купете, пробајте, нема да се покаете
Колку чини отприлика? Осеќам дека купувањево на чудово ќе биде првата работа која ќе ја направам сабајле
Стриите, како што кажавте сите знаете, не можат скроз да исчезнат, затоа што се трајни.да можат да избледат и да станат скоро невидливи. Инаку не е точно дека се појавуваат само од нагло здегелување или слабеење, имам другарка која во живот нема ни ослабено ни се има здебелено нагло туку норамно се равиваше па пак има стрии и тоа скоро колку мене а јас сум мн подебела од неа. Стално се зафркаваме дека ќе ја пријавиме за манекенка. Како и да е, стрии се појавуваат и од лоша исхрана, како мн маснотии, мн шеќери и се што не е здраво, а во денешно време скоро 90 посто од тоа што го јадеме е нездраво, загадено, полно со хемикалии и пестициди. На пример тетка ми е дебела па и за нејзини години, а нема ни грам стријии. Не дека имале коузнај какви препарати тогаш, туку едноставно помирете се со фактот, дека живееме во загадено време, со мн издувни гасови, вештачка храна итн. И јас кога бев помала мн се фрустрирав за тоа, бидејќи нагло се извишив, здебелив и се после првата менструација. И јас како мн од вас имам стрии на градите, бидејќи бајаги ме надарил господ малце на задникот и на колковите, на нозете имам малце повеќе. Е сега проблемот е во тоа што, откако знам за себе се мачкам ко луда. Дргарка ми се смее коа идеме на одмор дека станувам крема зашто се мачкам по саат врееме пред и после сончање-Особено после. И кога бев мала се мачкав со креми и масла од. Ништо. Пак ги има. Е сега да ве утешам со текот на годините( а имам само 20, првите стрии ми се појавија на 13-14), со континуирано сунчање, мачкање бла бла се намалуваат и те како. Незз мене на колковите баш сега ги гледав од едната страна скоро немам ич, а порано ми беа модри Имам среќа што сум прилично беличка и плус имам тенка кожа, па искрено не се познаваат мн, имам видено на плажа девојки послаби од мене па со мн повеќе стрии и ептен им се познаваат знам едно комшиче мое,девојчето е пре мало има само 9-10 години, а веќе почнаа да ми илегуваат стрии на газето А не дека е некое буцко дете сега ке пробам баш и јас со еуцерни, зашто на нозете не сум задоволна не ми се допаѓаат ич, ќе мора некако да ги намалиме Затоа не се грижете толку мн, ако некој ве сака, ќе ве сака и со една стрија +, - Вистинската убавина е таа од vнатре
Можеби глупаво ке биди прашањето ,ама незнам дали модрите се почетни стрии или оние бледите или белите незнам како да ги наречам.Епа јас имам неколку линии на задникот не цел месец ги имам, не се познават многу само коке ја оптегнам кожата ептен се бледи ама некам да ги имам воопсто страв ми е да не се направат повеќе ,па сега барам совет од вас ако се почетни дали можат да исчезнат скрос и со која крема значи да напоменам не сум во тешка категорија ве молам за одговор многу ке ви бидам благодарна
ете убо прочепкав низ цела страна сите викат дека белите стрии се тешки за лечење и се критични,а мене не ми се имат направено модри одма бели незнам оти така
ептен ми е жал дека нема некое ефикасно средство или метода за отстранување стрии ... имам неколку страшно ме нервираат кога ги гледам и се обидвам да ги игнорирам
Aх морам да го пофалам кремов Mum Care,за многу брзо време ми ги избели стрииве,а да не кажам колку се трудев околу нив и трошам пари на секакви средства,кремава е 260 денари и вреди за тие пари Hо слушнав дека и Kозметика Aфродита произведувала супер гел за стрии,па уште вечерва го купив 920 денари,па ке пишам како е
Ги имам од мои 11 години од 5то одделение И мене одма ми се појавиа бели и сум пробала разни креми,никако не исчезнуваат. Нема лек ке си ги носиме со нас штом еднаш се појавиле
го користам веке 5-6 дена и се познава некоја мала разлика,барем по другарка ми и мама ми кажаа дека ми биле малку поминати,но ефектот изгледа за покасно ке се покаже ај ке пишам пак