Форумџики да ве прашам дали кремата Mum & Care служи да ги избели модрите стрии или да ги отсрани веќе белите стрии? Моите се бели,оддамна си ги имам и сакам да ја пробам кремата да видам дали ке има некаков ефект.
Подобро не ја купувај. Јас имав и такви и такви стрии, ја купив и за џабе фрлив пари. Ни ми поминаа, ни ми избледеа, барем оние модрите ама ништо. А таман се израдував ќе ми поминат пошто сите ја фалеа кремава ама тапа е.
јас имам(в) стрии на задникот (онај дел кој купаќите го покриваат)...бидејќи нејќев да имам и тука додека сеуште беа „тазе“ си купив една крема, која ја прави еден мој познаник и ја користев година и пол некаде(воопшто не беше скапа, а едно кутивче ми траеше 3 месеци)...но јас прекинав со користење и сега ми се познаваат мн малце, ептен она ако се загледаш тука се познаваат а иначе не..... а за тоа со тие белите стрии, жив пример е мајками која од 16 години ги има...и таа ја користеше истата крема како и јас но немаше некои особени резултати...
Значи и таа крема е џабе фрлање пари и трошење време Ако не ги фатиш на време додека се сеуште модри џабе е после се
Маченце колку што знам и мене одма ми се појавија бели и сум пробала најразлични креми ништо не помага Кремите според мене немаат којзнае колкав ефект,спортувај,внесувај поголемо количество вода,храни се здраво и ако не друго нема да ти излеваат нови а и тие што ги имаш нема да се познаваат толку
и тие што ги имам не се познават баш многу ,ама сакам и тие да исчезнат ке се трудам да не ми се напрат нови и ке се мачкам со павловичева така имаше погоре коментари па здрвие боже ке видиме
И јас имам стрии останати од бременост на почеток беа модри а после избледеа и сега ми се бели и имам прашувано на многу места со ништо не може да се излечат .Со тек на време бледеат ама остануваат. Во бременост се мачкав со многу работи со креми со павловоќева но ништо не помогна пак ми се појавија стрии . Сестрами е сега бремена и и рекле да се мачка со маслиново масло па ке видиме дали ке и помогне
Мене ми се појавиа бели стрии на нозете.Добро е што ми се од внатрешната страна па не ми се премекаат
Јас си прашав за Контратубексот ама имало назад на долго и широко пишувано, се извинувам. Како и да е, стрии не се лечат. Може да се направи да не се познаваат, но не и да се отстранат. Имам користено Павловичева со бадемово масло и витамински капки, тоа е за превентива. Негува, спречува нови, затега и омекнува, не ги отстранува. А мене што ми помогнало да ги маскирам, иако и немав којзнае какви, на бутовите само, сунчање. Ама еднаш кога ќе се засунчаш, прилика да не се пропушта, на одмор секој ден, секоја година, пред/после, бавча, тераса, базен, шо год да е, ама сонце да видат. Креми немам користено против стрии, не можам да кажам ништо, ама за сунчање проверено, ете. Со вежбање исто се оптегнуваат со самото затегање на кожата, исто може да не се познаваат и така.
Мене веднаш бели ми се јавуваат...ги мразам,ги мразамммммм......Џабе и креми и све.Нити сончањето не ми помага,пак си стојат бели На секој еден килограм што ќе ослабам,ми се јавуваат 100,а тек кога би затруднела
Девојки колку пари се витаминските капки аб,и бадемовото масло? И како се прави за да се намачкаат стриите се соединува некако или?
капките незнам која цена се но маслото е некаде од 60 до 80 денари највеќе зависи од која фирма ке земаш, е сеа знам братучедка ми кога беше бремена ја користеше кремата за да не се појават нови стрии и и помогна, во најголемото пакување на павловичева крема ги истураш капките е сеа она не ставаше и масло но ти можеш да ставиш и така и така ке има ефект но за да спречи да се појават
kristii јас купив павличева оригинал, ставив аб капки внатре и бадемово масло и се мачкав три месеци секој ден и не ми се изгубија. За жал нема спас од нив
стрии има за нив делумно решени .со десет третмани на ласер ми се намалија за 90% останаа само тие постари и подлабоки сто беа.
треманот го правев во штип кај мојот матицен доктор ме кошташе 2000 денари но преди 5 години .името на ординацијата не знам дали смејам да го напишам.а третманот траеше 10 дена.позз.
Одлично 90% губење на стриите е преголем успех! Значи има некое чаре во ласерот, туку дали во меѓувреме некој го проба рецептот на plawa што рече дека и помогнал за 3 месеци комплетно да и ги исчисти стриите?
Е сега немој некој по грешка да ме разбере по долгата борба со моите стрии и по опседнатоста за лекот против нив и по разните пласканици што ги ставав те бадемово те капки со павлиќева те контрктубекс те од авон од солушн то за стрии те улје те незнам да не ви бројам што ли не значи буквално се само уште и г...а да намачкам фалеше како што ми има речено сестра ми е инаку сега да не ја ширам ептен што како ништо од горе наведенеото не помогна да ги снема дури ни 5% а камо ли 90 е сега мозеби кај некој нешто помогнало ама нели секој поединец различно и да дојдам до најглавното бев во софија во клиника за отстранување со ласер на консултации кој имено се бесплатни и не те принудуваат да го правиш таму третманот е вака цената зависи од третираната зона значи ако е колку една педа се плака окулу 400 лева значи наши 200 евра и цената е за 1 процедура а колку процедури ке има во третманот зависи од тоа колку се пресни стррите колко по пресни толко полесно се лечат,цел третман трае околу 3 до 5 процедури нели рековме во зависност од стриите и од кожата е сега ефектот е 80 до 90% само ако се многу стари и бели тогаш ефектот е 50-60% инаку процедурите се прават по 1 на секои 4 седмици е сега за тоа ме чуди 2000 ден ми е едноставно многу ефтино а 10 дена некако многу брзо позз мои феминки ако има нешто нејасно прашувајте