Citav na stranski stranici, vo stranstvo eftino resenie e puter od kakao za telo, ima edno od firma Palmers , navodno mnogu bilo efikasno a eftino. Kaj nas ima BeCool od Galenius, okolu 200 denaa e, mnogu mrzna krema, no gi nema site sostojki kako toa od stranstvo, tamu e i so fitamin E, i so kolagen. Sakam da probam preventivno da go koristam, ama ne znam dali ke uspee? Ne sakam so pavlovikeva mast, toj recept se koristi samo vo Makedonija, ne veruvam premnogu vo toa
Некако не ми се верува да постои нешто ( освен операција ) што може да ги отстрани стриите. Јас имам на нозете и млку на градите. За срека на стомакот не ми се појавија за време на бременоста.
Има лек за стрии а не подразбира хируршка интервенција !!! Се работи за третман green peel ... уствари е тоа крема на база на зелени јаболка и не знам уште што инаку хемикалии не содржи. Те мачкаат онаму каде имаш потреба и утредента почнува да се лупи тој процес трае 5 дена, после кои 5 дена имаш нова кожа регенерирана без стрии / флеки итн.
Јас за ова дознав во Италија се распрашав и тука тука кај нас само козметички салони го нудат на што јас не би отишла ... само на дерматолог поинаку не ризикувам. Да идам во Италија + третманот е скапо така. Сеа не знам не сум прашала во Анчевски ... инаку повеќе за третманот може да се прочита и на сактот на афродита с на другите салони ако отидеш кај нив па да ти објаснат.
Јас го имам, за ништо не го бидува, не е воопшто скапо ама не помага, јас сум цела со стрии, а го користам од првиот ден на мојата бременост... Па решив после второто , одам на операција, нема друг лек
јас имав на стомакот..како резултат на нагло извишување качување некое + килце..само многу вежбање пиење вода и мачкање со мрсна крема ии за 3 месеци ги снема
Користев една крема за стрии од Козметика Афродита,околу 500 и нешто беше,и беше многу ефективна! Ја користев месец дена,ама економично користење,не да се шлапам многу и за недела дена да ја снема,искрено на местото каде што ми беа црвенкасти,темни,ми обелеа стриите,и до ден денес ми се немаат појавено пак на истото место,а сум се здебелувала пак и такви работи,сега пак ќе си ја земам,зошто пак ми се појавија,ама на други места дека прасе сум не за друго
Сега се туширав и се напнав одново со стрииве на стомакот!!! Ми искочиле 2 нови ке пукнам!!! И онака си имав црвено модри,ама овие од каде се новиве да ми ја знати!!! И седнав сега да ве читнам,контратубекс видов,павловичева со бадемово и витамини,некоја крема од афродита..Уфффф иди па реши што како,бидејки гледам кај некои девојки исчезнале,кај некои не!!! Ахх бре женско женско,со триста маки си
јас не бев премногу дебела, имав 67 кила на висина 170, но сакав да ја намалам, кога ја намалив на 60кг, ми ми се појавија црвени стрии. Потоа по препорака го имам купено овој препарат Најпрвин се исплашив, бидеји стриите уште повеќе се вцрвенуваа, но верувајте сега почнаа да бледеат.Дојдоа до едно ниво нежно розевки (и сега сама сум си крива што престанав да мачкам,последниве 2-3 недели). Но обавезно пак ќе продолжам за да ги изгубам итие розевки стрии. Цената му е околу 600-650 денари, го има во аптеките на зегин.
Повнатре прочитав некој коментар дека кожата е како материјал и дека ако испука нема враќање назад. Ние сме луѓе а не материјал. Нашиот организам функционира преку обновување. Кожата најмногу се обновува поради тоа што е постојано изложена на надворешни влијанија. Секоја болест или оштетување на внатрешните органи многу потешко се лекува за разлика од кожните заболувања. Така да стриите се лечат, тоа го тврдам. Потребно е време. Зависи и од воздраста и од многу други фактори ама сигурно се повлекуваат.
Стриите не се лечат, само бледнеат со тек на време. Дали ќе се појават или не, зависи од еластичноста на кожата. А настануваат поради нагло дебелеење и нагло извишување поради раскинувањето на поткожното ткиво, а не на самата кожа, затоа што не е доволно еластично да ги истрпи наглите промени. Ако знаеш што значи еластичност, ќе знаеш дека секој материјал, секое тело има своја граница на еластичност, така и поткожното ткиво. Кога таа ќе се помине, нема назад. Можеш ли да направиш скршената прачка пак да биде цела? Не. Така и стриите остануваат, само не се толку видливи со тек на време.
Мислам дека не ме разбра добро. Не реков дека кожата нема граница на еластичност и дека не пука туку дека ние се регенирираме и дека со добра нега стриите се губат. Кога јас успеав моите стрии да ги излечам, а имав секаде од глава до петици тогаш можат сите. Значи моите стрии се повлекоа сосема (нема вдлабнатина) а не само да ја сменат бојата. Со упорност и добра нега се постигнува се.
Летово нагло качив 4-5 кила и тоа беше доволно да ми се појават првите стрии под колковите, некаде кај бутовите. Одвратно изгледа, иако немав некои ептен изразени линии. Инаетче сум, никој не може да излезе на крај со мене бидејќи обично си терам по свое и си стојам на моите ставови и овој пат си стоев на мислата дека белите линиишта ми се тотално непотребни и си правев секојдневни ритуали - масажи со похидратантно, помрсно млеко за тело, масло за тело, павловичева маст. Сега гледам ми избледнале, не се толку вдлабнати и не изгледа така грозно кожата кога ќе ја стиснам со раце. Заклучок - упорност, пред се'!
Анина , ајде сподели со нас како ги излече стриите, јас исто така имам голем проблем, откако останав трудна ми се појавија насекаде, па после второто дете сакам да одам на операција, но секако ако има поедноставен начин да се изгубат стриите , не би легнувала под нож.
е многу ги мразам бе еј!!! имам на задникот и со тек на време ми се прошируваат по бутовите бледи се и читав дека прво се црвено/модри и после избледнуваат, мене никогаш не ми биле модри