Против стриите треба да се делува од сите аспекти. На почеток треба да се почне со исхраната, треба да биде избалансирана и разновидна богата со зеленчук и овошје со цел да се подобри општата психофизичка состојба на организмот. Да се воведе секојдневна физичка активност не од типот на вежбање со саати(ретко кој се нафаќа да вежба и да вложува физички напор) туку доволна е една прошетка низ населба, во парк, шопинг со другарки. Потоа треба да се делува однадвор со креми чија цел е избледување на стриите и намалување на нивната широчина јас лично користев два препарати еден го купив од Зегин и еден од Оriflame. Двата се покажаа еднакво добри но сепак мислам дека оној од Оriflame беше малку поефтин. Еве и слики од препаратите кои мене ми помогнаа да ги отстранам стриите целосно во период од 3 месеци. http://mk.oriflame.com/products/product-detail.jhtml?prodCode=18434
јас само на едно место имам стрии, позади колената кај листовите што ми почнуваат.. Уф, си ги мразам, летно време неможам ни сукниче да облечам, а вака ги кријам со хулахопки подебели.. Од мачкање преку глава ми е, не витаминска крема, не витамини, земав и од Медобил такво за стрии, хмм.. што сум пробала друго, тие креми што можат во супер маркетите поголеми да се најдат мислам дека од прва до последна сум пробала, џабе. Сега си научив да си живеам со нив... Вака кога читам тоа многу ефикасно, тоа многу ефикасно, се думам дали да фрлам повеќе пари, зошто до сега сум немала ефекти.
За бели стрии што да се мачкам? Ај со старите некако се помирив ама овие што сега ми искачаат уффффф Почнале надолу од страна на ногата до колената дури да ми се јавуваат Обично ми се бели,само 3,4 имам црвени а читам кај повеќето од вас се црвени,нз зошто така.... Е стварно ми се нервоза,не сум љубоморна по природа ,али кога ќе видам девојка без ич стрии и тоа како и љубоморам
Црвена стрија е тазе испукана кожа а бела стрија е веќе поодамна направена. Едноставно кожата ти е склона кон создавање на стрии. Терапија - прегледај 1 000 000 мислења и мазала и на крај пак исто - нема спас
како не...јас мислам дека сите имаат стрии...значи сите....е па со здравје да си ги носиме...голема работа
јас од сопствено искуство кажувам дека можат да се повлечат стриите... пред 4 години ми се појавија на градите.. ама не малу туку премногу.. денес немам ниедна стрија на градите.. сами од себе си исчезнаа, 2 години ги мачкав со триста чуда немаше апсолутно никакво подобрување ми се смачи и се откажав .. по некое време се помалку и помалку се познаваа а сега немам ич (барем јас не ги гледам воопшто).. инаку на градите ми се појавија дирекно бели а не прво црвени... лани ми се појавија на стомакот.. црвени, грозни.. ги мачкав со MUM CARE од галафарм, (околу 210 денари) и за две недели повеќето обелеа.. еве неколку месеци ги мачкам редовно со истава крема и сите ми обелеа и помалку се познаваат но сеуште ги имам.. се надевам дека некој ден ќе ми исчезнат..
јас не познавам некоја што немаа стрии.. јас имам на нозете над колената и мн мн не се нервирам за нив. знам дека ќе исчезнат. другарками има и на градите и неможе ни да облече поразголена блузичка. јас немам. не сум користела нишо ама и немам мн. не се замарам со тоа хх : ) xd
Стриите се јавуваат како резултат на пукање на кожата и претставуваат еден вид на лузна. Можат да побелат со текот на времето,но да исчезнат - не верувам. Една моја соседка купуваше некои креми од аптека, па дури и нарачуваше преку интернет средства против стрии, но ништо од тоа не беше ефикасно. Единствено, можда би имало ефект, додека се уште црвени, да се третиртаат со Контратубекс (најефикасниот маст за лузни) во комбинација со инфрацрвена ламба.
Jaс да ви се пофалам денеска си ги забележав првите неколку стрии на бутовите...Црвени цртички.. Како бев расположена заради ракометов и сега се преслекував кога се видов се скинав од плачење !! Не дека ми помогна тоа ама во заблуда сум ........... Нека ми каже некој ефективно решение да земам од аптека што треба , абе цела заштеда ќе ја оставам по аптеки ако треба само ова не ми треба !!
Jас Mам Kер ја купував во аптеките за некои 200 и нешто денари,мислам и во поголемите маркети ја има,A Oригиналата павловичева ја купував само во аптеки мислам беше 150-170 денари
Стриите се појавуваат најчесто при нагло зголемување на килажа или при бременост но треба да се мачкаме пред да се појават стрии не одкога ке се појават. Имам слушнато дека најмногу помага маслиново масло и ништо друго. Треба да се мачка навечер пред спиење . Сестрами се мачкаше во бременост и не и се појавија стрии
Aбе лесна работа за Пваловичева сама ќе си направам ааа да прашам ова бадемовово масло може да се замени со кантарионово ?? Мислам дали може да се постигне истиот ефект...Јас летово го користев кантарионовото масло за сончање и фатив боичка
Женски јас веќе неколку месеци имам такви модри стрии,сеуште не ми се побелени,со што би можела да ги мачкам за да ги снема додека не побелеле ?
Ах стрии Несреќа во среќа ми е што се извишив нагло, висока сум 174 и ми се појавија многу стрии на задникот и ниско на половините, ама помалце таму за среќа. Не се модри, одамна се побелени но пак се приметуваат и многу грозно изгледа. Кога ќе ги допрам како дупки се внатре ко месото да ми е расечено, сега немој да си помислите дека се ептен големи и грозни ама мене лично ми сметаат кога се гледам во огледалото. А лошото е што за жал им нема лек
Jaс слушнав дека требало маслиново масло и кафе и пред капење да се намачкаш на деловите каде што имаш стрии , ако се капиш на 3 дена тогаш за месец ке помини .
Девојки,јас го користев ова од Афродита,и мнооогу ми помогна! Оваа е дневна крема за стрии,има и ноќна,е сеа незнам што е разликата,јас ја користев оваа дневнава.. Имам спомнато и предходно мислам дека за истава.. Ми ги избеле стриите и плус не се гледаат воопшто на видик.Мислам дека беше околу 500 денари.. Имам во план да ја земам пак,ми се појавија на некои други места од пред неколку месеци.. А да, и од тогаш до ден денес ни ми поцрвенеа,ни модри ми станаа,си седат такви уште од пред 4 години како што беа. Е сега дали е до кремата,или до некој друг фактор..незнам Плус има крема и за целулит и за стрии привремено,нешто како 2 во 1 му доаѓа Не сум ја пробала ама сакам,некој ..?