Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стрии

Дискусија во 'Тело' започната од eli13, 8 ноември 2009.

  1. Miss.Sweet

    Miss.Sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    4.538
    И за колку време имаше видлив резултат? :$
     
  2. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Поназад на страните од темава имаше пишано рецепт за стрии и ако не се лажам беше некоја мешавина со путер со кој феминката целосно ги победила стриите после некој месец, наспроти општото досегашно искуство и знаење дека не може да се отстранат само може помалку да се познаваат.
    Дали некоја друга феминка успеа да го направи и проба тој рецепт и доби резултати како феминката кај која исчезнале стриите?

    П.С. Го најдов и постот со рецептот
     
  3. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    130
    ^^ И мене ме интересира дали некој проба и какви резутати има...
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас пак не ни знаев дека со маслото од кантарион можело да се отстранат стриите. :?:
    Вообичаено првите денови на одмор се мачкам само со такво масло што го прави татко ми, затоа што имам доста светол тен и брзо ми гори кожата, а тоа најдобро ми ја заштитува. Ама врска сум немала дека и за тоа помага, не сум ни приметила дали прави некоја разлика.
    Баш ќе почнам сега дома да се мачкам.
    Има врска дали е мешано со маслиново, или мора да биде чисто од кантарион?
     
  5. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    за колку време помага? до летово ќе помине ?:))
     
  6. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    :) ee plawa баш твоите постови се тие, баш убаво што ја следиш уште темава ;) не ти се имаат појавено од тогаш и не ти се познаваат?
    јас и тогаш те распрашував ама не се најдов во можност да пробам зошто не сакам да пробам, па да прекинам зошто ипак треба 2-3 месеци најмалку да бидам во континуитет со мачкање сигурно.
     
  7. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    130
    Среќа ми се немаат пак појавено, ама не престанав да се мачкам. Барем еднаш неделно си ставам чисто ради превентива....
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    24
    УУуфф и јас имам на градите , на задникот и на стомакот малку , ама тоа мие од намалување на тежината , бев 65 кг и сега сум 59 и затоа ми е :sweat:
     
  9. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Јас купив крем за стрии од FITOFARM, 215 денари. Фармацевтката ми рече дека многу се трошел. Исто така ми рече дека трајно отстранување нема, но дека имало подобри видливи резултати. Па ајде си реков да го пробам. Па и не е скап. Сега дали се троши поради тоа што е ефтин или навистина има добри резултати-ќе видиме. Е сега добро што се само 2-3 стрии и не се многу големи, ќе си се мачкам редовно да не се појават повеќе, и ќе внимавам да не ослабам многу наеднаш повторно. Сепак мислам дека и спортувањето во голема мера би помогнало.
     
  10. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    2 кутивчиња потрошив од тоа Леа кремата против стрии на фитофарм,првиот пат не знаев дека треба повеќе пати на ден па се мачкав само навечер,ама никогаш е испуштав,ама после другарка ми ми кажа дека требало повеќе пати,па така си се мачкав со другото кутивче 2 пати а понекогаш и 3 пати на ден...и нема никакво подобрување,оф кога ќе се видам во огледало се згрозувам,какви се дебели,лилјакови,дури и шорцеви ако облечам ќе ми се познаваат :worried:
    Дајте кажете некоја крема што има стварно ефект,ама да не е над 1000 денари и да не се троши брзо,како оваа Леа,за еден месец 2 такви потрошив и пак нема никакво подобрување :@
     
  11. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Нема подобрување :o Па јас баш неа ја купив.. Фармацевтката ми ја фалеше ми ја фалеше...МНогу се трошела. Имаше и една по скапа ама таа као демек дури и по малку се трошела од оваа... Јас сакав да пробам со крем за лузни, што знам и стриите се како лузни подоцна... :?: А оваа леа ако не да ја користам онака за кожата за во иднина. Што знаеш може ќе се ишарам и ја како голем дел од другарките..
     
  12. Miss.Sweet

    Miss.Sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    4.538
    Епа девојки нели за убавина се ќе пробаме. Така и јас направив. Имам дома кантарионово масло домашно правено. Кај бутовите и на задникот имам стрии бели и од поодамна. Почнав секој ден по два пати да ги мачкам тие делови и еве веќе како да почнаа да бледеат. Јас обично се мачкам околу 17-18 h и пред легнување. На задникот дури и не се познаваат. И тоа за само 9 дена употреба. Не мора да значи дека скроз ќе ги снема, ама барем да не се познаваат толку многу. А ако скроз ги снема, ќе частам :D Пробајте, нема ништо да изгубите. Само да знаете дека кантарионово масло купено од аптека, нема врска со домашното,
     
    На AnaKarenina и sunfemina им се допаѓа ова.
  13. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029

    Mоже кај тебе ќе има ефект,пробај,ама јас готово се откажувам од кремава,вчера го дотрошив 2 кутивче и не гледам подобрување.
     
  14. S-a-n-4-e

    S-a-n-4-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    2
    еве јас најдов несто за стриите не сум пробала незнам дали ке има некои резултати...па еве пробајте и писете резултати...

    Стриите се опишани како безбојни линии на површината на кожата. Најчесто се наоѓаат на стомакот и тоа под папокот, на градите и на бутовите. Стриите најчесто се добиваат во тек на бременоста. Други причинители може да бидат губење или добивање на тежина, наследни фактори, забрзан раст (особено кај адолесцентите) и стрес. На појавата на стрии исто така влијае растегливоста на кожата, како и тоа колку е снабдена со колаген и Витамин Е. Од медицински асрект се нарекуваат и стрии gravidarum. На почетокот имаат виолетова боја, подоцна добиваат розева, за на крај да станат безбојни.
    За да се изборите со стриите треба да јадете производи богати со витамин К, Е и Ц. Покрај тоа “загрозените” делови треба да ги третирате со препарати. Ви ги претставуваме трите најделотворни рецепти против стриите:

    КАМИЛИЦА
    Најдобрата камилица е онаа која ќе ја наберете од Вашата околина. Помешајте камилица со масло од лаванда и јојоба и мачкајте го пределот каде имате стрии секој ден.

    АВОКАДО
    Уште еден корисен, домашен препарат е микс од авокадо, маслиново масло и лимон. Намокрете газа во растворот и со смесата мачкајте ја кожата два пати неделно.

    ШЕА
    Резултати може да даде и машавина на маслиново масло, бадемово масло и шеа путер. Сите состојки измиксирајте ги и мачкајте се секојдневно додека стриите не почнат да бледеат.
     
  15. connie

    connie Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    204
    Бев на дерматолог и ми кажаа: "Стриите не можат да се изгубат скроз, може само да се малку да се скријат" И мене ми се сруши светот на глава :envy: :envy: :envy: Ама не се откажувам, прво да ослабам за да не ми се прават нови па ќе ги извадам ласерски во Македонија :| Дали некој вадел, колку пари е?
     
  16. Saki15

    Saki15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    142
    За стриите нема лек. Тие избелуваат само со сончање. За џабе давате пари по креми, лосиони, помади. А можат само да се спречат додека се црвени. :|
     
  17. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Се сетив дека некаде прочитав и со хемиски пилинг се отстранувале. Ако е како што сум видела такво нешто на лице, тогаш со тој пилинг се лупи постепено слој од кожата, се реобновува кожата и така се отстрануваат акни, лузни...така некако, не ме држете точно за збор.
    Ако некој знае нешто повеќе за оваа постапка за отстранување на стрии нека пише.
     
  18. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Мислам дека веќе имам пишано во темава.. купи си EUCERIN мене многу ми помага.
    700ден. е :)
     
  19. Champs.Elysees

    Champs.Elysees Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2012
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    117
    Стриите ми се појавија уште од многу мала воздраст додека имав 12-13 год. Зад коленото , знам дека беа црвени линии и мајка ми ми купи една крема mumcare мислам се викаше и по неполни 2 недели стриите избелеа.Сеуште ми се познавааат но толку, доколку добро загледаш ќе ги приметиш.
    Им препорачувам на сите на кои што сега брзо им се појавиле стриите и сеуште им се црвени да си ја купат кремата mumcare.
     
  20. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Колку пари е оваа mumcare?