Бев во аптека,и ми кажаа дека скоро иста била Мамкер со Леа,така да не си земав.Ми препорача некоја си хрватска крема,мислам дека 370 ден беше,ја пробал некој?
^ Е па за таа ти зборев, ми кажуваше фармацевтката дека била по скапа од Леа ама дури и помалку се трошела, божем Леа чуда прави. Затоа ме зачуди кога ми рече дека нема ефект. Убава била (според фармацевтката), доста трудници ја користеле. Е па нормално, не ќе ми рече не ја земај не е убава....
А колку е таа Леа кремата?Ке пробам и со mumcareаман веке од овие стрии никако да ги отстранам една форумџика имаше напишано дека помагало и кантарионовото масло па ке пробам и со него, ке ви кажам резултати .
и јас имам малце стрии ама се уште не знам која е најдобра крема... тука едните за една другите кажуват дека не била баш добра и уште се мислам која крема да ја земам.
Мој совет е да нне ја купуваш кремата мам кер јас ја користам од почетокот на мај месец се мачкам 3 пати на ден и никакви резултати нема стриитте сеуште се модри.
^ зависи кај кого како кај мене пример тие белите стрии што ми беа ми ги снема а црвените (постарите) сеуште ми стојат ама не се така црвени како што беа на почетокот пополека побелуваат...
Стриите жива ќе ме умрат. Незнаете каков комплекс ми се! Де ќе прочитам на некого му помогнале и ќе се израдувам, после некој пишал нема спас за нив и пак во депресија со плачки. Дознав дека и тетка ми имала многу стрии, па недајбоже на нејзе можно е да сум ама НЕСАКАМ! Ако не ги отстранам ќе умрам од плачење. Ги имам насекаде на градите, на гзот, меѓу нозе, од страна на колковите, кај колената, позади колената... Бели, нијанси на црвена аххх зошто баш мене
Да те спасам од умирачка шо викаш а? Стриите се всушност лузни, кожата пука и се појавуваат во форми на линии. А со што лечиме лузни форумџики драги? Со Контратубекс, лек од Мерц, крема или маст беше не ми текнува ало делува навистина, јас лечејки си ја лузната на нога пробав и на стриите на газот и чудо, избледнаа, ги нема воопшто, сега ќе започнам и со овие на градите, уште овде ми останаа. Препорака од лекарка ми е ова, вика штом лузните ги снемува ќе ги снема и стриите. Ајт сите во аптека по Контратубекс, 500 е мало тубиче ама лесно се топи и не е потребно голема количина доколку се неколку стрии се разбира, доколку се многу сепак ќе биде потребно повеќе мачкање и повеќе труд.
Bчера баш правев муабет со мајка и на другаркава и ми кажа да не се чешате стриите со рацете,уште повеке така се растегнувале Mи рече ако те чешаат да ги чешаш со сунгер или крпа,и со тебе секогаш да си носиш некоја крема,за да се намачкаш ова повеке важи за бремените Cе зачудив што ми кажа да се чешам со сунгер
Eве најдов нешто за стриите,дефенитивно ке го пробам ова со авокадово http://www.ringeraja.mk/statija/kamilic ... _2277.html
Something went wrong . На некои места каде што ми се појавија стрии, сега имам како ,,благи'' вдлабнатини од нив. Како браздички. Ми иде да се самозапалам!
Оооооо...секако дека остануваат вдлабнатини, па тоа се лузни мила моја, нормално е, нажалост душо моја, нажалост....Ете и тебе ќе ти ја препорачам магичната крема Контратубекс, леле станав веќе досадна со кремава....
Не се неривирај нормално е. И мене прв пат ми се појавија кога нагло ослабев, а си бев доста буце. Мачкај се многу додека се уште розеви, ма и да се белки, мачкај ги, еве со овој контратубекс, али не се плаши, подизбледуваат со тек на време. Барем мене не ми се познаваат многу, на нозете ич, па и на градите а многу нагло ми пораснаа