Моето искуство со контратубекс и не е баш аман. Кога раничка од сипаница не исчезна (со редовно мачкање), што останува за стриите.
Се зависи од кожата. Секоја кожа различно реагира на било каков крем. На некој му помага таа, ете на некој масло од ова, масло од она, на некој mom care или како и да се вика. Па на другарка ми со редовно масирање со витамиска маст и се отстранија...Значи различно е. На вас останува само да ги пробате сите можности, што може да се загуби...Тие се веќе тука..
Jaс знам за Контратубекс дека го давтаат за лузни после операција. Знам на брат ми од нова операција што му беше помогна контратубекс а од старата послабо. Е логично ми е да помага Контратубекс на стрии дека и тие се лузни. Макар кај секој е различно. Само не ми е јасно, Контратубекс се става на кожата и чекаш да се исуши и така да стои да не го фаќаш, а како јас да не го факам со облеката, треба цел ден гола да шетам И знам и дека за контратубекс терапија дека трае подолго време, брат ми за нова мала лузничка 6 месеци се мачкаше од тоа.
Мене сеа прет неколку месеци ми се појавија стрии на нозете горе не се многу а и несе големи но се виолетови и многу ме нервираат незнам што да им правам кажуваите помагајте!!!Туга гледам спомнувате некоја крема Контратубекс гледам сите ја фалат дали навистина помага и каде можам да ја купам и како треба да се мачкам секој ден по еднас или? и кога треба да се мачкам одсабаиле или навечер прет легнуване и кога ке се нанеси треба несто да чекам да се исуши или? и треба да ја нанесувам само на новите стрии (тие што се виолетови) или помага и кај старите (белите) стрии?Ве молам помагајте дека неможам да ги трпам :'(
^ Па кога ќе појдеш во аптека прашај. А за начинот за нанесување ти пишува на упатството. Сеа бидејќи не се работи за лузни туку за стрии прашај ја фармацевтката. Но, сепак мислам начинот на нанесување би требало да биде ист, бидејќи сепак стриите после некое време се лузни фактички.
Ја имам крема со витамин Е кажети ми дали може да ми помогне оваа крема дали некои има пробано? и исто така имам слушнато дека и вежбањето мислам на физичката активност како трчање и сл. помагало за да ги снема стриите.Дали некои има пробано и каков е резултатот?
Женски... Бидејки и јас имам Стрии ми се појавија пред околу една недела и сеа не знам што да правам едни велат не се излечуваат, а други велат се излечуваат пишете со што може нај брзо и нај ефикасно да се отстранат но не со операции и тие други работи... Нешто по природен пат со креми, диети,вежби... Ве молам побрзајте...
Цела тема од 45 страни ти е на располагање со одговори на прашањата што ги имаш Квик одговор: Ако ти се пред 1 недела појавени стриите и ако почнеш да ги мачкаш со крема против стрии веднаш и секојдневно (препораки за креми имаш на страните наназад) шансите да се повлечат се поголеми.
Незнам што толку се замарате со стрииве . Разбирам лоши се, но има ли некоја девојка која ги нема? Сите ги имаме.. Не се тревожете толку со креми, лосиони сето тоа не помага. Стриите сами си избледуваат и еден ден како да ги немало. И јас имам кај бутовите малку се а со тек на времето си избледеа и сега ништо не се познава.
Во пакетот со медобил ми стигна и медобил крем против стрии. Има многу убав мирис бај д уеј и пишува дека треба да се мачка на утро и на вечер стомак, градник и колкови, а направен е од растителни масла, маслиново масло, масло од пченични клици, масло од сладок бадем и природни витамини А, Д и Е од природни растителни масла.
Искрено не верувам дека постои средство што може да ги повлече веќе настанатите стрии. Можеби постојат средства кои помагаат да го спречат нивното појавување, но откако ќе се појават, ништо живо не ги вади.Тоа е исто како лузна на кожата. Јас имам малку на стомакот како последица од бременоста.Со тек на времето избледеа, но не исчезнаа, сеуште се тука и постојат. Единствено ми е криво, што веднаш по нивното појавување (додека беа уште црвени) не пробав да ги третирам со Контратубекс (гел против лузни) во комбинација со инфрацрвена ламба. Можеби тоа би имало ефект. А за се друго сум многу голем скептик.
Другарка ми си купи Контратубекс, ама мајката толку мало тубиче за 530 денари. Инаку, знам дека се има коментирано многу за Контратубексов, ама има некој искуство со Контратубекс за веќе избледени, бели стрии, дури како браздички ми се имаат направено на кожата. По дифолт, по извесно време стриите се исто како и лузни, а кремава ми кажувале дека е многу ефикасна против лузни, па најверојатно стриите како растегнување и пукање на кожата не би требало да се толку проблематични и воопшто да не помогне гелов кај нив.
Па ако прочитате малку поназад ќе видите дека мене ми помогна, на стари избледен вдлабнати стрии кои изгледаат буквално како бразди. Искрено јас лузна од изгореница трет степен ја мачкав и 80 % ми се регенерираше, не ни очекував повеќе, а ова со стриите ми дојде како гратис, е сеа ја тогаш имав контратубекс у неограничени количини гага па не му се сеќирав што го купувам толку скап, сеа ќе помислам малку кога го мачкам ама тоа е, таму кај што ми поминале не ми излегуваат нови, а тоа ми е најбитно, сега мака мачам со стриите на гради, ако ги излечам нив ќе биде добро бидејќи се многу а кожата ми е ужасно слаба и мека на тој дел, градите од голема промена на килажа ми свиснаа ко на стара баба, ама тоа е....Пробајте, е мојот совет, без да пробате нема да знаете, па како ви одговара на вас, што да ви кажам
Искуство од една моја соседка која имаше сообраќајка со мотор.При падот од моторот, неколку метри се влечела по асфалтот со лицето и кожата скоро и беше симната, како да не постоеше, абе личеше на партал. Откако раните заздравеа, таа лузните ги третираше со Контратубекс и инфраред ламба. Имаше неверојатен резултат! Затоа би сакала да пробам за стрииве, само не знам дали ќе има ефект врз веќе избелени, да не речам стари стрии