Девојки сакав да ве прашам нешто Си купив денеска крем т.е.. јас побарав за стрии тие ми дадоа АНТИЦЕЛУЛИТЕН КРЕМ и сега на него пишува дека ги согорувал мастите и одстранува заостанатите течности од поткожното ткиво, и слично дека го намалува отстранува и така натаму. Кремот е од Докторс е сега сакав да ве прашам дали оввој крем може да ми ги отстрани и стриите ?
Мачкајте Контратубекс. На почеток ми изгледаше ко за џабе да си ги фрлив парите, ама секој ден со лупа мислам барав знаци на повлекување, упорно турав и турав маст, ете при крај е тубата, и денес баш се загледав, нема врска кожата со тоа како изгледаше. Бели стрии, со години си ги носам од пубертетот на колковите, сега се избледени и тоа многу. Јасно е дека не може да ги снема, ама да не се познаваат за мене е подеднакво добро. Плус се шлакам и со маслиново + путер, на форумов најдов тоа демек превентивно, може и тоа да има удел, не знам. Ама кој го смисли кремчево алал да му е, стварно функционира.
Ти пишав и лична, има низ темава многу постови за Контратубексот, јас од тука и видов првпат, околу 500 е во секоја аптека.
И по долго размислување, сега само што го купив Контрактубексот од аптека, 575 денари, ама па многу е мало бре 20гр . Е сега колку пати на ден да се мачкам? 2 пати? И отприлика колку време трае?
Девојки дали некоја од вас има користено ELANCYL? Бев прееска во аптека да барам Eucerin , ама нигде немаше и аптекарката ми го препорача овај крем демек таа го користела имало ефект... Па сакам да знам дали некоја од вас го има користено и дали има резултати ? Иначе е француско производство е ....
Почнав да користам Контратубекс,ама некако единствено што ќе снема од него се парите од мојот џеб. 20 гр. е и премногу брзо се троши. За 5 дена го снема, па го прекинав. Се надевам набрзо ќе продолжам , да не испаднат парите,трудот и времето џабе. Вака ок е маста, можно е со редовна употреба да ги снема. Само ептен лошо мириса, една од состојките во него е лук и затоа.
Ај тука да си прашам јас. Си купив масло за стрии од Еуцерин,околу 700 ден е,е сега немам појма како се користи,упатството е на германски. Има некоја од вас користено,да ми каже како да го користам?
Јас каква проблематична кожа имам леле. Во декември се исеков со брич и уште ми стои лузната не поминува. Каде ме убивале чевлите лани уште си стои белегот. А не пак стриите да ми поминат. Ги имам за извос не сум била којзнае колку дебела дали 5 килца повеќе сум имала некогаш и од тоа толку стрии да ми се појават па не е баш у граница на нормалата. Ќе пукнам
Започнав да користам Павловичева на нови, модри стрии, сеуште не се скроз распукани, ставив 2-3 пати и мислам дека малку од малку се избледнати што нема шанси од два пати ставено ама јас од мука па ми се причинува. Инаку, има некој користено Павловичева за стрии и има барем некој ефект?
Мене за стриите најмногу ми има помогнато крема од невен,ама додека се црвени.Кога ќе станат бледи веќе им нема спас.Мачкајте убаво додека да се упие,иако оди малку потешко зошто е доста мрсна.Оваа од Бекутан е убава
И за колку време имаше видлив резултат? [/quote] Епа девојки нели за убавина се ќе пробаме. Така и јас направив. Имам дома кантарионово масло домашно правено. Кај бутовите и на задникот имам стрии бели и од поодамна. Почнав секој ден по два пати да ги мачкам тие делови и еве веќе како да почнаа да бледеат. Јас обично се мачкам околу 17-18 h и пред легнување. На задникот дури и не се познаваат. И тоа за само 9 дена употреба. Не мора да значи дека скроз ќе ги снема, ама барем да не се познаваат толку многу. А ако скроз ги снема, ќе частам Пробајте, нема ништо да изгубите. Само да знаете дека кантарионово масло купено од аптека, нема врска со домашното,[/quote] Мисс ќе можеш ли да ми објасниш како се прави домашно кантарионово масло? Што се става, како се прави? Ме интересира да пробам и јас..
^ И ја едно време се мислев здраве да си ставам,ама си купив масло на еуцерин,па кога ќе немам пари ќе се шлакам со вакви ефтини варијанти
^Ма како може испукана кожа да се отстрани ? Стриите се испукана кожа, а за тоа нема лек. Можеби со некои креми може да избледат побрзо, но моите сами си избледеа се помирив со тоа дека морам да си ги носам.Сега носам кратки пантолончиња и не се познаваат, и почнав многу да внимавам да не се здебелам да не ми излезат уште негде овие чуда..