Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стрии

Дискусија во 'Тело' започната од eli13, 8 ноември 2009.

  1. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Знам дека е за изгореници и на пр.ако си удрен некаде одма ја засирува крвта и спречува инфекции.За стрииве некако ми изгледа чудно,но ќе пробам само треба да си набавам кантарион :)
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Добро е и за црвено дупе на дете ;) :)
    Убаво е да се мачкате масирате не да не, кожата навистина ќе ви стане мека, нежна и еластична и ќе има некое подобрување на структурата на кожата за НЕпојава на нови стрии или спречување на ширење на постојните АМА, тој мирис преку порите ќе се пренесе на облеката па никој парфем нема да ве спаси од таа миризба.
    Значи ваквото чудо
    [​IMG]
    стрии ништо живо не го поправа - испукана кожа. Некои мали и црвенкасти може да се камуфлираат и спречи нивна појава.
    Еве прочитајте што убаво си пишува http://mk.yourwebdoc.com/stretchmarksremoval.php
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Не бидете толку песимисти, сепак меѓу искуствата има и позитивни кои велат дека се справиле со стриите. Значи тешко е да се отстранат, но не и невозможно. Мислам дека упорноста и истрајноста играат главен фактор при третирањето на стриите, барем може да се камуфлираат колку толку.
    И во текстот погоре пишува 'Комплетно отстранување на стриите не е загарантирано' и 'Не е така лесно да се ослободите од стриите' ама секако има солуции кои можат да потпомогнат и верувам дека кога тогаш ќе се најде и решение за враќање на кожата во нормална состојба:)
    Спомнат е и хемискиот пилинг како опција и јас мислам дека и прашував дали некој има повеќе информации околу тоа. Поточно се става некоја специјална киселина на кожата, по што кожата почнува да го лупи оштетениот дел одозгора. И секако треба повеќе пати да се повтори третманот за видливи резултати.
    Ова се применува исто и за лузни од акни и е третман што го прават во некои салони кај нас, само не сум информирана доволно какви се цените и дали го прават за стрии, па и ме интересира може да има некои негативни последици затоа што самиот поим -хемиски пилинг- некако ми звучи страшно :D
     
    На EmilijaEmka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    24
    На 16 години бев 65 кг , сега сум 20 години и сум 60 кг. Најпрво ми се појавија на градите , сега забележувам и на нозете од внатрешниот дел и по самите колкови а веќе имам и на задникот.Кожата ми е многу еластична и сама се чудам зошто сега ми се појавуваат кога веќе 4 години сум на истата килажа ... :( пијам многу вода и понекогаш вежбам ;) Ги прочитав сите ваши мислења и не знам што прво да пробам :o Пишете ми што препорачувате прво :^) позз :rofl:
     
  5. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Превентивно некоја многу мрсна крема , можеш во неа да ставиш и АД капки. Исто така повремено мачкај се со бадемово или маслиново масло. И треба хидратација на кожата, зошто сувата кожа полесно пука.

    А,за веќе настанатите стрии и јас уште барам чаре. Пробав со контратубекс маст ,има резултат минимален,ама е прескапа. Речиси 600 ден. за пакување од 20гр. што се троши за 4 дена отприлика,зависи колкава површина мачкаш. Ако имаш средства е ок варијанта.
    Сега правам еден експеримент да пробам со кантарион ставен во зејтин и отстоен 40 дена на сонце. Не сакав да купувам готов кантарион од аптека зошто пак не е исто како домашниот. Стави го во стаклено шишенце и чекај. Па ќе видиме резултати, во секој случај нема што да се изгуби.

    Би требало со упорност и редовно мачкање барем дел да ги снема. Прочитај поназад во темава,девојче имаше пишано дека и помогнал за стари,бели стрии.
     
  6. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    24
    Waka-waka фала ти многу за советот , инаку да ти кажам кај мене веднаш ми стабуваат бели , и имав прочитано по интернет дека можело да се појават и од некои креми кои секојдневно ги нанасаме на себе , демек содржеле таму нешто што ти знам..... ,не ми се верува тоа , ама може и да биде бидејќи ставрно не знам од што ми се појавуваат и почнав да се сомневам во кремата за тело од AVON со мирис на ванила е , се мачкам од неа по 2 пати на ден , ако некој друг ја користи и има забележано нешто нека пише :) :) :*
     
  7. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Еве што најдов на нет

    Ќе се нафати ли некоја да проба, па да пише дали ќе има резултати? :)

    Имам јас на задникот и горниот дел од нозете странично. Од далеку на нозете не ми се многу познаваат, ама затоа на задникот се ептен видливи. Бели се, а до сега ништо не сум им ставала. Па сакам да пробам да им ставам нешто.
     
  8. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Секако, кој за кратко време изгубил поголем број на килограми, веројатно се соочил со стрии, оштетување на сврзното ткиво. На стрии најподложен е стомакот, градите, колковите и задникот.
    На појавата на стриите внијаат гените, потоа колку е кожата растеглива, како и колку е присутен колагенот и витамин Е. За да се справите со стриите треба да јадете намирници богати со витамин К,Е и Ц.
    Со тоа “загрозените делови” третирајте ги со препарати. Ви претставуваме три најефикасни рецепти…
    Камилица
    Еден од најдобрите е оној од “домашната аптека”: помешајте ја камилицата во масло од лаванда и јојоба. Мачкајте се секој ден.
    Авокадо
    Уште еден од корисните препарати е микс на авокадо, маслиново масло и лимон расторот натопете го во газа и со смесата мачкајте ја кожата два пати неделно.
    Шеа
    Резултати ќе покажат и мешавина на маслиново масло, бадемово масло и шеа путер. Сите состојки измиксирајте ги и секојдневно мачкајте да почнат да бледеат.
     
  9. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    822
    И уште еднаш се потврди дека за стриите сепак најголема улога игра генетика. Јас денес си ја добив првата на стомакот (уште таму немав) во мојата бременост. Редовно, секој ден, минимум по трипати се мачкам со какви ли не масла и креми за спречување стрии, ама за џабе. Си издадов еден куп пари и време. Ај со здравје да си ги носам и овие сега. :(
    п.с. Извинете ако сум демотиватор ама морав да си се пожалам некаде. :(
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  10. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    Нормално е да ти се појават стрии на 13 години? :^) :worried:
     
  11. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Наглото растегнување на кожата не е исклучена појава и на таа возраст. И тогаш може да дојде до нагло здебелување, ослабување и растење, а со тоа и појавувањето на стриите.
     
    На blaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lining

    Lining Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    185
    Советот од ирена (второто мислење на првата страна) навистина делува барем кај мене јас го практикував тооа 3 недели ми успеа.
     
  13. sunrise17

    sunrise17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    17
    си ја порачав кремата за стрии од алтернативна медицина , дали некој ја користел и дали има ефект некој ? :)
     
  14. Twetty

    Twetty Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    5
    Од каде најде капки витамин А и Б? Како ампули ги зема...???
     
  15. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
     
    На naty2 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ivana-J

    Ivana-J Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    ....Mila jas naglo se izvisiv i naglo oslabnav.....ima edna krema na vichy e ja ima vo apteka neznam kako se vika ama pobaraj ja kako Vichy protiv striii.....zakon e,pozdrav
    [mod-kirilica:3e25osl9][/mod-kirilica:3e25osl9]
     
  17. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Ти ги снема од кремата на Vichy или ти ги избледе и какви ти беа стриите кога почна да ја корисиш? Новопојавени - црвени или стари - побелени?
     
  18. devil-angel

    devil-angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    5
    Еве сега јас пред еден час си направив нешто против стрии:
    потребни состојки
    3 до 4 лажици маргарин
    3 до 4 лажици здраве крема
    пола шишенце бадемово масло
    3 до 4 лажици павловичево
    3 до 4 лажици крема од невен
    бекутан масло за бебиња околу 5 лажици
    И сето тоа се става во сад од еурокрем се стева на сонце и се брка со лажица на сонце треба да стои додека не стане течно сето тоа да се растопи. И потоа се става во шишенце и се мачка секоја ноќ пред легнување. Се надевам дека ке ви помогне бидејки ги има сите наведен состојки кои помагаат во спречување на стрии и нивно губење. :$
     
    На Twetty му/ѝ се допаѓа ова.
  19. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.765
    Допаѓања:
    93.647
    Пол:
    Женски
    не постои крема што може да ги избрише стриите,пукнато е тоа,која логика да се врати во правобитна состојба!за црвените имам слушнато дека може да се подзалечат ама беливе јок!она што може да го направиме самите е превенција,креми,правилна исхрана и нега,хидрирана и а со тоа и квалитетна кожа..другото е ствар природе!јас ослабев 10 кг,со здрава храна и трчање на кеј,многу вода и зелен чај,целулит немам ниту грам ама стомаков од страна и колковите и се направија лом со стрии..тоа е,да сме живи и здрави :)
     
  20. naty2

    naty2 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Леле :( и јас имам исто така проблем со стрии ... и мојата сестра така на секој напор кој да речам им го овозможувам на нозете ми се појавуват стрии ... ;( прво почнаа да излегуваат под колената па сеа почнаа на секој напор да се искачуваат се погоре и погоре ... ве молам за помош :sweat: Велите дека со бадемово масло да сме ги мачкале ќе поминеле сакам да прашам некоја од вас дали има некаков ефект ??? :?: