Стрии на градите Не сум сретнала ваква тема, но доколку има, оваа слободно нека оди во канта. Значи имам 14 години и имам многу стрии на градите и премногу се нервирам заради тоа. Црвено-виолетови се и ги има многу.Не знам како да се отарасам. Сега прашањето ми беше, од што се појавуваат?Јас мислев дека сум малку пополничка ги имам , но сепак кога подобро ќе размислам малку е нереално тоа.И да, како би можела да ги отсранам пошто стварно ми е гадно да ги гледам фуј -Секакви мислења би ми биле добредојдени. Имајте пријатна ноќ.
Стрии на градите Јас воопшто немам големи гради, па имам стрии на нив. Меѓутоа моите се веќе избелени и не се познаваат кој знае колку Пробај со некој крем против стрии, прошетај, разгледај, сигурна сум дека ќе најдеш нешто низ аптеките или кај што се продава козметика.
Сите велат стриите се појавуваат кај што има промени во тежината, а јас од кога знам за себе сум слаба а имам стрии на задникот и на нозете па може некој да ми каже што да правам ?
Јас имам слушано за сите кремови. и имам пробано одредени од нив, а најмногу Мум Кер....и сеа 2,5 месеци го користам за црвени стрии па ништо не помага.... Единсвен лек за ЦРВЕНИ СТРИИ е сончањето на плажа друго ништо не помага...Колку повеќе се сончаш тие се повеќе избелуваат....иако велат дека не смее да се сонча, ама ако сакаме да исчезнат црвените стрии...мора се да пробаме..
Јас па ако се сончам ми се познаваат. Имам премногу бел тен што е бел дури и како стриите и сега кога сум си вака бела зимава не ми се познаваат ептен малку
Помагаат ако се користат на правилен начин, интензивно, неколку месеци. Голема грешка. Сончањето повеќе ги истакнува. И SnowWhite8 пиша дека ако и тенот е блед, само повеќе е се истакнат. Со сончањето само визуелно ќе се намалат, но пак ќе ги има. Инаку, стриите се појавуваат од брза промена на кожата. На градите е затоа што кога се развиваат, кожата се растегнува и ако не е доволно масна и третирана, се појавуваат стрии. Друг причинител е и сувата кожа (структура на кожата но со третирање тоа може да се промени). Доколку при промената на телесната тежина или при невообичаено растегнување (кога раснат градите) се третира со соодветен крем или барем масен крем, нема да има пробеми. Само да се внимава и после завршувањето на промената да се нанесува крем и постепено да се намалува количината. И третиот причинител е самата структура на кожата (која не може да се промени). Може да биде и масна кожа но пак да се појават. Тие се оние кои најтешко се отстрануваат. Така да, не оптеретувајте се премногу со ова бидејќи има и полоши случаи од само неколку стрии.
Да прашам така едно глупо прашање Што има врска дали ќе се црвени (накај сино ) стриите или бели, односно ќе се како вдлабнатини само? Едните се од здебелување, едни од слабеење, зависи од местото кај се или што? Која е разликата? Се заинтересирав за ова, а никој не ми дал задоволителен одговор Немој да ми се смеете
Сините се тазе, младешки, а белите се стари Не, сериозно тоа е разликата (колку што знам јас). Подоцна сините обелуваат и така... Уствари на почеток се црвенкасти, па сини и на крај бели. Дебилна работа во секој случај
Јас имам премногу стрии на задникот, и се зезнав што мислев дека со сончање ќе исчезнат, напротив уште повеќе се познаваат, така да пробајте се освен сончање
Зошто би ти се смееле? Наместо да пишувам XL пост, ти најдов објаснување (само се надевам дека разбираш англиски ). Ако не е така, ќе напишам http://stretchmarkremovalreview.org/differentiating-red-versus-white-stretch-marks/
Целулит Imam 14 godini i imam na gazot kako nekoi lilakovi linii sto da pravam? ako moze pobrzo da mi odgovorite
Целулит Тоа се стрии, и мачкај ги со некоја крема за стрии дур се лилјакови, за да исчезнат, во спротивно ќе станат бели и ќе си останат како мали лузнички.
Целулит За стрии, има од повеќе фирми.Јас не сум користела, па не можам да ти препорачам. Во меѓувреме мачкај се со Павловичева или некоја помрсна ако имаш.
Болки во нозете, вени и капилари Бев јас на дерматолог и ми го препорача ова масло на еуцерин за стрии.Го зедов вчера и ставам по два пати на ден,ама скапичко е бајаги,па не го чуваат по аптеки,само коже да се порача.Јас го зедов 750 ден.И досега не сум забележала никаква промена,знам рано е,ама пак,мислам малку од малку би требало да има ефект.Ќе почекам ајде.
Од бременоста ми се направија "одвратни стрии на стомакот.Дали некој знае некакво решение за да се повлечат или да се помирам со судбината?
За оние од бременоста земи мрсна крема. Би ти ја препорачала онаа од Dr. Förster. Поефтина варијанта И двете се на база на невен. Со тоа користи и крем против стрии. А и за оние кои имаат од бременост, а и за останатите користете крем против стрии. Мене и помогна од Lea (ако добро се сеќавам беше на Фитофарм). Но не од еднаш мачкање туку неколку пати во ден со истовремена масажа. (неможам да најдам слика) Инаку и оваа помага. Не знам дали точно тоа го пишуваше (не разбирам Полски ) но знам дека пакувањето беше такво.
lugje eden problem resavam drug mi se pojavuva! pocnav da slabeam imav 98 kila sega imam 90 za 2 meseci ama pa pocnaa epten grdi striii da mi se pojavuvaat...daj kazete mi nekoi evtini preperati ili pak domasni recepti koi ke mi pomognat !! fala vi odnapred
Јас бев многу слаба, и наеднаш се здебелив (сега сум тамам) ама на задникот имам стрии .. Како што имам златен. по темен тен, ми се пзонаваат Што да правам? Страм ми е за лето? Мајка ми вика крем нема да ти помогне.. Ама што ќе ми помогне???????