Погоре имам напишано пост. Разлистајте низ темава, сигурно ќе пронајдете решенија. Не може секој да пишува по неколку пати едни исти работи.
Девојки од денес и јас почнувам со мачкање на ужасијава наречена стрии. Понапред прочитав рецепт за во домашни услови планирам тој да го применувам па со Господ напред, се надевам ке има резултати барем малце од малце. Единствен проблем ми е што не можам да најдам ампули витамин Е. Бев во Зегин немаше,исто и во една приватна аптека но и таму немаше. Дали некоја од вас знае каде можам да најдам ампули витамин Е ? Некоја приватна аптека..?
вака девојки слушнав или не дослушнав дека постоело пеглање на стрии некаде во ск па долколку е точно и доколку имате инфо за цена и каде го прават ве молам да ми пишете или на темава или во лп ви благодарам.позз
Вака дечки, значи имам проблем со стриите. Имам 14 години и на внатрешната страна од бутовите имам црвени стрии. После бањање ги мачкам со крема и тие стануваат како боја на кожата, но многу брзо се враќа црвената боја на стриите и премногу се нервирам и почесто плачам кога ќе ги видам Ве замолувам многу дали можете да ми кажете некоја крема за стрии за да бидат речиси неприметливи? Фала многу
Девојче немој да се нервираш!Стрии кога тогаш во животот ќе ти се појават.Мене лично ми се јавија во бременоста пошто се здебелив.Нема помош за нив откога ќе се појават но со тек на време ќе добијат боја на кожата и нема да се познаваат(За овие што веќе се појавиле).За да спрешиш појавување на други ти препорачувам редовно користење на длабоко хидратантна крема на критичните делови,стомакот горниот дел на нозете бутовите и горниот дел на рацете.Поздрав!
И погоре во темава има пост (цитиран) и низ темата, а и останатите членови имаат пишувано. Без вознемирување. Добро е што се мачкаш со крема бидејќи со тоа ја хидрираш и мрсиш кожата што спречува понатамошно појавување на нови. Секојдневно (по неколку пати) ќе се мачкаш со препарат за стрии. Сите не помагаат, а тие мене што ми помогнаа ги пишав погоре и претходно. Нагласувам одново дека тоа треба да е многу често. Јас ги третирав преку лето бидејќи тогаш сме во полежерна облека и нема потреба од цели процедури - седиш пред пц, гледаш филм и се мачкаш кога и да се сетиш. Но не ти препорачувам да чекаш туку веднаш да започнеш. Користи лосион (или подобро, млеко) за тело за да ја хидрираш и мрсиш кожата за да не ти се појават и на друго место најчесто после бањање. Нема потреба од плашење. Има лек и штом на еден се повлекле, треба упорност за да се повлечат и на некој друг. Мене ми поминаа. Сега не се забележуваат воопшто.
Доктор Оз го гледав баш во епизодата кога зборуваше за стриите. Си кажа човекот, нема лек, тие биле мнооогу длабоко под кожата.. Не сакам да ве обесхрабрувам, ама па да не фрлате пари на скапи третмани. Со тек на време избледуваат...
Не ми е јасно како од нешто што еднаш го слушате, веднаш се обесхрабрувате. Башка, не знаете што точно мисли. Не значи дека (барем визуелно ако ништо повеќе) не може да ги нема. Јас ги немам веќе. Сега треба да се помачам за да ги забележам. На деловите каде што не ги третирав, се познаваат. И разлика меѓу оние кои се третирани и оние кои не се: едните не можеш ниту да забележиш дека имало недостаток, другите..знаете веќе, не мора на пишувам И тоа не сум давала пари за некои енормно скапи приозводи или третмани. Производ од аптека (иако морам да нагласам дека сите немаат добар ефект). Дома. Секогаш кога ќе најдев слободно време со нанесување на погоре споменатите производи и масажа додека ги нанесувам. За се' е потребна упорност. А не дека сега „си кажал човекот“ и мора да е така ако еден го кажал. (Да не се сфатиме погрешно, добар си е Оз ама не значи дека секој, секогаш и за се' е 100% во право). И ако го пишувам од искуство, пак повеќе нему ќе му веруваш, а не некој друг?
Ајде добро еве да не се обесхрабруваме, си заприметила колку славни личности кои пливаат во пари имаат стрии (за женскиот дел зборувам). Тие можат се да си дозволат, па штом не успеале и тие да се ослободат значи има тука нешто. Јас сум пробувала ете многу работи и ништо не успеало. Сега зависи од кожата, ама се се менува со тек на време. Со оглед на тоа што јас имав многу цврста кожа стварно ми е чудно. Но фактот што нагло изгубив тежина (и покрај тоа што не бев ич дебела) ама ете ми се промена организмот и од слаба станав прав костур од тогаш си имам мака.
И јас го слушав доктор ОЗ...И исто така кажа (доколку се сеќаваш) дека стриите се појавуваат и од лачење на некој хормон во организмот(не се сеќавам за кој хормон станува збор)тие се длабоко под кожата и најчесто се јавуваат кај бремени жени...Јас откако останав бремена ми се појави ја одвратни стрии и не можам ни да ги гледам...тежината си ја вратив(52 кг) ама стриите се нешто најгрсо што може да ти се деси...Пробав со контратубекс и никаков ефект...Сега ќе пробам со некоја др.маст па да видам дали ќе има подобрување и ќе ви кажам
И јас си се мачкам со ова маслово,си се мачкам,ама ништо.Еве и по 1месец,само малку се избледени,одкако ќе се намачкам ми избледуваат,а кога е поладничко,ми се модри и дури одвратни на изглед.Ни се здебелив драстично,нити пак ослабев многу,и во летото се мачкав со лосион за тело,ама зимово не,ме мрзеше и ми студеше да се шњакам,и сега цел живот уште од млади години ќе си ги носам. Ова маслово не чини што не чини,дај кажете друго,и кога кажувате состојки за некоја смеса,кажувајте од каде има,да не ја тупиме темава со глупости,како ,,кај има ...?,,и сл.Зошто арно јас прочитав многу препарати ама кај да ги најдам?Ве молам бидете љубезни,пишете,зошто летово пред врата ни е,за 2 месеци по плажи ќе се шетаме,па да не си останам јас во хотел.
Ако „славните“ ми беа репер за тоа што и како би требало...отидов неповрат. И ќе го напишам повторно истото: ако кај мене функционирало, не гледам причина зошто не би функционираше и кај друг. Само треба упорност. Ама добро, ете гледај ги славните. Што можам друго да ти напишам освен дека се обидуваш да ми докажеш нешто што јас веќе неколку пати напишав дека не е така... Цело време читам дека мислите дека стриите ви се предизвикани само и само од здебелување или слабеење. Ако добро сте ја нахраниле кожата и тогаш нема да добиете стрии. pravnicka2 добро напишала. Раскажувате приказни од „рекла-кажала“, а не сте се помачиле ниту да прогуглате (ако ништо друго) од што и на кој начин се појавуваат. Со маслото спречуваш проширување со тоа што ја храниш кожата. Убаво што си почнала ама веќе кога си почнала, ако прекинеш наеднаш ќе ти се појават. Ако планираш да го елиминираш од употреба, намалувај малку по малку. Вториот дел го објаснив претходно. Третиот дел: нема зошто да седиш во хотел заради мал недостаток. Ако забележиш, нема кој нема недостаток па први се по плажите, а ти заради едни стрии ќе си седела во хотел. Претходното лето на плажа не забележав ниту една која нема стрии, а беше позната плажа и море. Па за понатаму ти сама одлучи си.
Омниа, не пробувам да те убедам во нешто што не сум сигурна. Прочитав погоре Леа си ја земала, па претпоставувам со неа ти исчезнаа? Мислам со неа се ослободи од стриите или некоја друга? Затоа што јас сум жив пример дека и покрај ненормално долго користење на оваа Леа кремата, резултат немаше кај мене ни најмал! Башка што ја употребував како што треба, со масирање подолго време а не само мачкај и фурај.
Ама веќе имам,и незнам како да ги одстранам.Инаку не прикинувам да се мачкам,редовно ставам,месец веќе континуорано и нема ефект,знае некој дали се добро кремите на авон за стрии?
оу не ,не се добри кремите за стрии од авон, имам користено и да ти кажам само ти ги измазнува стриите да немаш какво вдлабнатинки нели ништо повеќе ама и тоа е минливо 2-3 дена мазно после пак си се враќа на старо така да поарно не си фрлај џабе пари на тие креми. инаку мислам дека може само да се намали видливоста на стриите а не и да исчезнат целосно ама не губиме надеж
Во постот напишав неколку препарати кои ми помогнаа што значи не е само едно нешто. Lеа на Фитофарм беше едната од нив со тоа што ја користев неколку пати во денот интензивно (5 и повеќе пати). Масирање и оставање да се исуши, односно, навлезе во кожата. И за тоа ми требаше само едно пакување. Можеби е и до кожата. Можеби секој третман нема ист ефект на секоја кожа. Тука не можам ништо да преречам. Факт е дека целосно исчеснување нема да има. Кај мене ги нема сините (модрите) делови и белите вдлабнатини кои толку лошо изгледаа. На деловите каде што имав стрии, се познаваат доколку таму под притисок ја истегнам кожата. Доколку некому не кажам, никој не забележува дека сум имала стрии на тој дел. Додека на деловите каде што ги третирав многу помалку за разлика од останатите, се познаваат и се во првобитната состојба. Затоа планирам кога ќе дојде лето и кога ќе сме во лесна облека, повторно да го применам овој домашен третман и на деловите кои ги запоставив со тоа што ќе обрнам внимание на Lеа и на овој што навистина не знам дали е тоа вистинското пакување (бидејќи во исто пакување е и гел против целулит, а не разбирам полски ). Nobody's perfect.
Oд каде го зема лосионов?И кој е домашниот третман за кој збореше во делот што го цитирав?Балгодарам однапред.
Лосионот го имам порачано од овде http://www.facebook.com/pages/Декоративна-козметика-и-нега-на-тело/319748168059780 Иако не знам дали уште го имаат но ќе си прашаш. А домашниот третман беше тој: разни креми, лосиони, масажи. Мислев на тоа дека немам одено на клинички третман. Да додадам дека хранење и хидрирање на кожата во комбинација со внесување на доволно витамини се голема придобивка во намалувањето на стриите.