^ Проверено. Го немаа. Забележав дека имаат само гелови за туширање и крем за раце. Останатите производи си мислам дека не ги носат. Од странава си имам порачувано и креми за лице кои повторно ги немаа во ДМ.
imam 16 god i imam strii od naglo debeleenje i naglo rastenje se sto e mozno probav no ne mi pomaga so da pravam mn sum napnata za toa se blizi leto i sakam da imam ubavo telo bez strii ve molam da mi kazete :/
Ова го прочитав на првата страна и сакам да го пробам.Е сега проблем ми е,каде да најдам сок од алое,и капки витамин А и Е(Претпоставувам витаминскиве капки ги има во аптека) ама алое?И ако има некој пробано нека каже дали дејствува или не.Благодарам.
Сок од алое има во аптека ама е скап, јас немам купувано, но што имам чуено е околу 1000 ден А јас имам посадено алое ама за една чаша сок немат шанса да извадам
П,С Кремата на еуцерин многу ја фалат, но помагала само кај поново направени стрии, да не се бели црвени да биле
Јас го користам маслото,а не кремата,незнам дали има крема на еуцерин,ама го користам маслотот скоро 2 месеци,и немам некој голем ефект,само многу малку ми ги поосветлува стриите,и за некој дена пак се модри,Инаку моите се нови,црвени.
Алое има во Зегин помали кесички околу 100 ден се сега на промоција,баш во новиот каталог ги гледав. Мене ми е проблем неможам нигде да најдам витамин Е, т.е најдов во Зегин масло витамин Е ама скапо ми е 800ден за едно шишенце. Да знае некој дали има негде капсули или во форма на апчиња да па ги искршам и да ги измешам во кремата?
А-витамин,има ли во аптекиве?Ако најдеш пиши,баш сакав денес да одам да ги купам состојкиве,па ако најдеш кажи.
Еве сега вака. Јас си ги набавив сите состојки потребни за третманов.Сок од алое,најдов во аптеките од 1л,за 1000 денари,скапо не скапо,јас го купив.Може и да се пие,остатокот ќе си го испијам јас. Капки витамин А,не најдов чисто витамин А,најдов бета каротен(всушност е тоа витамин А) зедов 10 ампули,по 8денари беа,и витамин Е,најдов по 6 денари ампула,и од нив земав 10.Маслиново масло имам дома,она за јадење што е?Ние тоа го користиме за готвење,може од тоа или?Е вечерва ќе ја направам,и ќе ви пишам резултати.
Леле во која аптека најде витамин Е ја се утепав од барање сегде ми даваат од тоа маслото а скапо ми е тоа.Ампули нигде не ми да дадоа.
Јас сум од Прилеп,ако сме од ист град,тогаш да ти опишам каде се наоѓа,зошто не знам како се вика.Се наоѓа наспроти уредот,веднаш до аптеката зегин,ама малку подоле,до неа има пет-шоп,веднаш од десно е аптекава.Еве сега турив сок од алое и маслиново масло,ама тоа таблетките,апмули којзнае што се,се едни црвени од витамин А,и се добро обложени што незнам дали ќе се растопат во масло.А тие ампулите од витамин Е,однадвор се обложени,а внатре е течноста,ама се пијат со обвивката,ако ме разбирате,пошто се за пиење,ама јас зошто мислев дека нема да се стопат,ги засеков и од внатре има течност,ги ставив со обвивката за да може да излезе течноста,па сега незнам како да ги стопам,да го ставам во микробранова печка?
Не е гумена,туку назнам како да објаснам.Гумена е,ама од оние за пиење што се,не како ампулите што се кршат,па да се става течноста,туку заедно се пијат,како на капсулите обвивката што им е(на повеќето капсули за пиење,како антибиотици мислам).Па сега мајка ми ми рече,да ги изблендирам,заедно се,ќе дојде похомогено,овие ампуливе омекнаа,ама сепак има уште малку нерастопено.Ќе пробам,а незнам треба да стои ли во ладилник одредено време или веднаш може да се стави,девојката не напиша ништо. Супер грл,да можев да ти ги испратам,а прашај може ли да ги порачаат?Ако не земи го маслото,нема друго решение.Јас ќе пробам,па ќе ви кажам дали има ефект.Сега го блендирав,вечерва ќе го оставам во ладилник.
SuperGirl24 Најде ли витамин А и Е?Јас кажав дека го направив ова,и од четвртокот почнав да се мачкам,можам да кажам дека има видливи резултати за толку краток период.За само три дена,да напоменам дека се мачкав редовно,по 2 пати на ден и се шљакам зошто е во јака портокалова боја и многу е водлесто,низ цела куќа лом направив.Ама па вреди де,скоро и да се исчистија.Од црвени и вдлабнати,сега кожата ми е поизмазнета и ги нема оние длабоки линии,а и не се воопшто црвени.Скоро и да не се познаваат,и кога ја тегнам кожата нема вдлабнатини.Не се целосно исчистени,ама има видливи резултати за три дена,што не беше случај со маслото на еуцерин и тоа за 2 месеци.Пробај го,се надевам ќе има резултати и кај тебе.
^Витамин Е не најдов,т.е скап ми е многу. Јас веке скоро месец дена се мачкам со Павловичева во нејзе измешано АД капки и шишенце бадемово масло. Мајка ми од тоа што ме гледа вика дека има резултати,дека ми била помазна кожата и дека не биле вдлабнати како што ми беа. (моите се стари и баш како лузни се) Сеа или ме подлажнува дека сум и керка па да не се секирам или стварно има ефект,мада затоа дека ми е помазна кожата вистина е. Ај може ке се опраам и без витамин Е . Како и да е фала за грижата.
А восок каков би користеле? Од свеќи? Maла шала..но не е специфицирано каков е тој восок во рецептот.