Искрено и најискрено и јас се сложувам со тебе бидејки имам стрии до глуждовите и не ми помогнаа никакви препарати за стрии порачував и од странство гер,ит,фра и бг и ништоооо си се помирив со судбината и си реков нека ми е жив и здрав малиот па сега што е тоа е
За жал нема крема која отстранува стрии кои веќе испукале на кожата. Но, со физичка активност, редовен пилинг (еднаш неделно) и некоја крема против стрии сигурно ке ги спречи новите стрии и ке им ја промени бојата на веќе испуканите.
Нова сум на форумот и би сакала да прашам дали има спас од стриите.Имам 17 год и ми се појавија уште пред 2-3 год.Отпрвин не ми сметаа,но сега страшно ме нервираат.Иако се скроз обелени и не се приметуваат многу,но на сонце се гледаат.Затоа секое лето само јас носам едноделни купаќи.Од пред 2 месеци почнав редовно да одам во теретана зашто читав дека со редовна физичка активност се намалувале и почнав да користам бадемово масло.Сакам да купам и Contratubex или Cell Gell,па ако може некој да каже дали стварно му помогнале или некој друг начин со кој се ослободил од стриите.Зашто стварно не можам повеќе да ги гледам.Позз и фала однапред.
Мене ми помогна една крема Cicatrix, скапичка е и се троши за 2 недели но има ефекти. Секако, секој има различна кожа и различно реагира на креми но мене оваа ми беше добра. Едно време ставав и Contratubex но не толку редовно за да можам да му ја коментирам ефикасноста. Знам го ставав на лузни од акни и ми се многу подобрија па може и за ова ќе го биде. А ти виде некој ефекти од бадемово масло? Долго време размислувам да го земам. позз
Мене ми помогна една крема Cicatrix, скапичка е и се троши за 2 недели но има ефекти. Секако, секој има различна кожа и различно реагира на креми но мене оваа ми беше добра. Едно време ставав и Contratubex но не толку редовно за да можам да му ја коментирам ефикасноста. Знам го ставав на лузни од акни и ми се многу подобрија па може и за ова ќе го биде. А ти виде некој ефекти од бадемово масло? Долго време размислувам да го земам. позз[/quote] Каде можам да ја најдам кремата? Во аптека ја има ли и колку чини отприлика? Инаку бадемовото масло го користам скоро два месеци и сеуште нема некои видливи резултати.Можеби само малку избелија и тоа е се.Но можеш да пробаш.Можеби кај тебе ке има подобри ефекти.позз
За да спречите појавување на стрии, мачкајте се со млеко за тело после бањање и немате гајле. Јас откако се мачкам немам ни една стриичка плус, а сум здебелена едно 5 кила сигурно.
Каде можам да ја најдам кремата? Во аптека ја има ли и колку чини отприлика? Инаку бадемовото масло го користам скоро два месеци и сеуште нема некои видливи резултати.Можеби само малку избелија и тоа е се.Но можеш да пробаш.Можеби кај тебе ке има подобри ефекти.позз[/quote]
Вака девојки. Имам рамен стомак (не да се фалам, туку да ја доловам ситуацијата ), може да се рече елегантно слабичка и никогаш сум немала стрии, ама забележав дека ми се појавија стрии на задникот Што би ми препорачале? Спојлер Инаку имам нежна кожа, од некои креми ми излегуваат мозолчиња.
леле ги мразам, еве нови ми излегуваат... значи само пари трошење по креми и сл. а спас нема.. имав прашено и претходно тука дали некој е информиран за ласерски третман?
При сончање останатата неоштетена кожа потемнува,а стриите не па тоа ги прави повидливи,кога станува збор за бледи стрии.
Јас имам стрии ама од оние старите што тешко се губат. Ги имам многу време и не приметив некоја промена или подобрување. Но оваа година, незнам како и незнам и од што, се намалија самите и избледоа. Незнам дали тоа е од сончање, оваа година баш се исончав, дури и изгорев малку. Користев крем за стрии Леа, ама само на еден дел од стриите, а сите ми избледоа, па од него не е. Пијам хормонски апчиња Јасмин, а и докторката ми кажа дека стриите ми се од хормонско пореметување, така да можно е и од нив, се намалија самите,не се толку широки и видливи. А сега откако почнав да користам пилинг за тело избледоа полека, не се скроз се познаваат ама по бледи се, и одкако ги мачкам со млеко за тело после секое капење. Незнам од што е , дали е од сончање, од апчиња, од пилинг и млекото за тело, почнуваат да се губат.
Да, по правило треба 2 пати дневно ама јас ја мачкав еднаш оти ги имам на повеќе места и така брзо ми се трошеше. Резултати имаше после 1-2 недели а после 4 ми беа ептен подобрени па некое време не ја користев и сега пак почнав океј е иако сега нема некои големи подобрувања планирам да почнам да пијам витамин е капсули(е паралелно со кремата првиот пат и нив ги пиев ама треба да правиш пауза) и исто така ќе се мачкам со природни масла.
Да, по правило треба 2 пати дневно ама јас ја мачкав еднаш оти ги имам на повеќе места и така брзо ми се трошеше. Резултати имаше после 1-2 недели а после 4 ми беа ептен подобрени па некое време не ја користев и сега пак почнав океј е иако сега нема некои големи подобрувања планирам да почнам да пијам витамин е капсули(е паралелно со кремата првиот пат и нив ги пиев ама треба да правиш пауза) и исто така ќе се мачкам со природни масла.[/quote] Ако почнуваш да пиеш Витамин Е земи од аптека Е400.