Ја ставив листата на држави каде што го има во претходниот пост, најблиску Австрија, Германија, Турција, Италија... Пишува и во кои дрогерии, маркети, аптеки се продава (на пр. во Германија го има и во DM). Можеш да провериш, па види од каде ти одговара да го набавиш.
Конкретно во Турција пишува дека го има на следниве места: Според google Eczaneler се најверојатно аптеки, а Gratis и Watsons дрогерии како Космо, ДМ кај нас.
Da ne go ima nekoj koristeno celltone sto go reklamiraat na bosanskata televizija jas se mislam dali da go poracam da ne bidi dzabe pari frlanje
Сакам да прашам дали некој има користено Eucerin масло и какво?? И за колку време отприлика почнаа да се забележуваат резултати? Јас веќе од одамна ги имам стриите и речиси целосно се избелени, но на сонце сепак се гледаат.Затоа сакам сега да го пробам. Дали на некој му помогнало кај веќе стари стрии?
Здраво,јас сум машко и сакам да прашам во врска со стриите..Имам на рацете и одат од раменците кон градите и ми се црвени.Земав бадемово масло и се мачкам.Дали има некој користино бадемово масло и дали има ефект нешто од мачкањето или да земам некоја друга крема?
Лек за стрии е овој кој ги уништува само мн е скап ама многу помага од лично искуство ви кажувам, http://www2.sellhealth.com/103/skincept ... 00x267.gif
Каде се продава, колку е скап т.е. колку пари е, на кој начин и колку време го употребуваше за да ги уништи?
Имаш страна на нет за порачување само нз дали во Мк може јас ги добив на поклон од една тетка 3 добив таа ми кажа дека не се ефтини и да ги користам ако сакам резултат ама штом таа ме опомена дека не се ефтини сиг е скапо.http://www.amazon.com/Skinception-Inten ... B00540G6AE Побарајте овде или на официјалната страна.Толку можам да помогнам.Поз
да си земиш CREMA RESTRUCTRUANTA ANRIVERGETURI ТАКА СЕ ВИКА сега незнам шо години си јас си зедов 20+ а има различни ја користам 5 дена и почнаа да избледуваат има ефект од зегин е 306 денари.
Мене ме интересира за колку време се губат стриите? Гледам некој погоре препорачал од Зегин некоја крема. Ќе појдам до Зегин да ја купам.
здраво, сакам да прашам дали некој правел ласерско одстранување на стрии? подетални информации ако може
Здраво драга, Добро сум запознаена со ласерско отстранување на стрии и ке ти кажам тоа што ми е пренесено од дерматолог. Стриите се белеци како и секој друг белег што го имаме на кожата дали од паѓање или слично. Тие неможат никогаш да се отстранат целосно. Може да се намалат но никогаш целосно да се отстранат. Може оперативно со неколку зафати, што е болно. Ми кажаа може со ласер со неколку третмани, но, првиот и вторит третман се скоро безболни но после тие што доаѓаат се навистина болни и покрај опојката што ја стаават на местото на кожата каде треба да се терапира. Тоа е навистина скапо и пак нема да ги снема целосно Немој премногу да веруваш и самата да си даваш надеж дека ке ги снема со било каков потфат. Се надевам ти ги дадов информациите што ти беа потребни Поздрав
Мене ова ми помогна : Во обична хидрантна крема за тело(јас користам Сиен),ставам АД капки(зависи колку мислам дека е потребно) и маслиново масло.И тоа е тоа,кремата излегува многу мрсна ама навистина помага.А истата смеса ја користам и за сувата кожа на лактите,итн..поздрав
Феминки сеуште ми се црвени, но доколку почнам да ставам млеко за тело по 3-4 пати на ден, дали има шанса барем 40% да ги снема? На нозете највеќе ми пречат, еве уште малку полуматура, добро за година ипол, но јас не знам што да правам, како ќе носам фустан.