Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стрии

Дискусија во 'Тело' започната од eli13, 8 ноември 2009.

  1. SunshineYo

    SunshineYo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2014
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Ме интересирa дaли имa спaс oд белите стрии?
     
  2. Ivana0505

    Ivana0505 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    15
    Јас од искуство би ти ја препорачала кремата на Gerovital. Ја користам неполн месец (од 25 мај почнав со употреба) и да ти кажам искрено има некое избелување на стриите. Е сега незнам како ќе делува на твоите стрии, бидејќи ти се бели, ама пробај си ја среќата, па извести не :D иначе 220 денари ја купив
     
    На Lotus-14 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам, веќе ја набавив истата и ставам секоја вечер. Ќе пишам дали има подобрување. :)
     
  4. Kala.

    Kala. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    ^Ја има Gerovital во Зегин?
     
  5. Ivana0505

    Ivana0505 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    15
    Ако ти кажам дека има, можда ќе те излажам, ако ти кажам дека нема, можда пак ќе те излажам. На градите имам многу бели стрии
    Јас ја купив од Зегин аптеката што е на битпазар
     
    На SunshineYo му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Denovive vo slobodno vreme istrazuvav malku na gugal za striite,i gi ima dosta sto tvrdat deka se oslobodile od niv,ako ne vo celost barem nesto od niv,e ne mi e jasno ova,znaci striite se kako vdlabnatina na kozata,kako moze da se regenerira od bilo sto:?::wasntme:,ama ajde nadezta posledna umira:),pa zatoa od denes resiv da primenam nekoi od sovetite sto gi procitav,stavam maslinovo maslo,limon,pravam piling od seker sol i kafe,pa da vidime sto ke bidne^_^..
     
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Стриите се појавуваат бидејќи кожата е еластична, како што се дебелееш кожата се тегне и после назад нема. Спас од стрии нема, џабе ќе купуваш креми едно друго, може да се намалат ама засекогаш да исчезнат не.
     
  8. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Pa i da se namalat i toa e nesto,barem vo mojot slucaj,jas bi bila zadovolna i so blago namaluvanje,inaku nemam namera da zemam skapi kremi,vaka so nekoi prirodni maski melemi i slicno sakam da probam,iako ne ocekuvam golemi rezultati sepak mislam deka malo podobruvanje bi trebalo da ima..
     
  9. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    што мислите за дерма ролер ??
     
  10. kristina25

    kristina25 Нов член

    Се зачлени на:
    12 март 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Женски ! Јaс имaв oгрoмни стрии црвени незнaев штo сo себе,се гaдев дa се пoгледнaм и викaм aј дa превземaм нештo,летo е.Ве читaм целo време и сум oгрoмен скептик дa нaпoменaм, oд сите гoренaведени креми и чудa,пут пoд нoге oтидoв вo aптекa јa земaв Мустелa.Препoрaчaнa е зa трудници и е дaлеку пoскaпa и тoкму зaтoa јa земaв.Препoрaчaнa е дa се кoристи 3 месеци,нo јaс пoсле еднa неделa нoнстoп мaчaње мaсирaње убaвo дo кремaтa иaм резултaти,дури немoжaм дa се изнaчудaм a тек зa 3 месеци.Прoбaјте.секoј кoј е вo мoжнoст.И плус мaст oд невен секoјa вечер чудa прaви Пoздрaв,се нaдевaм пoмoгнaв кoлку тoлку
     
    На Х а ј д и му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.003
    А колку пари е?
     
  12. kristina25

    kristina25 Нов член

    Се зачлени на:
    12 март 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Јaс јa земaв тaa oд 250мл и е 1800
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Тајната за убава кожа без стрии е во редовното хранење и хидратација на самата кожа. Некои природни прпарати како бадемовото масло, алое вера гелот, шеа путерот и др. одлично делуваат против стриите, ги ублажуваат веќе постоечките и јаспречуваат појавата на новите. .

    Природни лекови против стрии

    [​IMG]

    Стриите претставуваат неестетска појава која претставува проблем на многу девојки и жени. Се појавуваат како резултат на кинењето на еластичните влакна во дермисот, односно колагенот и еластинот кое настанува како последица на драстични диети, нагли промени во телесната тежина, како и за време на бременоста.

    Кога ќе се појават имаат розева боја, а со текот на времето стануваат бели. за жал белите стрии не може да се избришат од телото ни со најскапата крема од 200 евра, меѓутоа со вистинската нега и вистинските производи, може да се ублажат и да се спречи појавата на нови стрии (а како се вика подобро да се спречи отколку да се лечи).

    Што всушност подразбираме под правилна нега на кожата? Со оглед на тоа што стриите се појавуваат како резултат на губитокот на еластичноста на кожата, прво правило е да ја оддржуваме секогаш кожата еластична со употребата на вистинските препарати и природни состојки. Верувајте ми добро нахранета и хидрирана кожа е клучот за кожа без стрии.

    На пазарот постојат милион препарати кои се наменети за оваа проблематика, меѓутоа верувајте ми кога ви велам дека кожата може да се одржува еластична и со најобично масло од 100 денари. Нема потреба да се трошат многу пари на скапи производи кога тајната е во хидратацијата и хранењето на кожата.

    Во продолжение на оваа статија, со вас ќе споделам кои состојки одлично ја хранат кожата и на тој начин ја спречуваат оваа неестетска појава.

    1.Чисти масла за нега на кожата

    [​IMG]

    Маслата се мелем за спречување на стриите. За да ја спречите појавата на стриите прво нешто што треба да направите е да користите чисти масла за нега на вашата кожа. Голем број од маслата се богати со витамин Е, Б и минерали кои одлично ја оддржуваат еластичноста на кожата. Малкумина знаат дека дури и чистото бадемово масло кое е едно од најевтините и може да се најде скоро секаде, доколку се користи редовно дава фантастични резултати. Другарка ми се мачкаше два пати дневно со ова масло во текот на целата бременост и нема воопшто стрии од бременоста, а од неа излегоа близнаци. Па сега вие видете. Други масла кои лесно може да ги најдете и се достапни за сите, а се одлични за оваа преблематика се: масло од невен, кокосово масло, масло од авокадо, масло од ленено семе и масло од пшенични никулци кое е екстремно богато со витамин Е. Маслата се нанесуваат по туширањето на чиста благо навлажнета кожа.

    2. Шеа путер

    [​IMG]

    Една од најквалитетните состојки која природата ни ја дава за нега на кожата без сомнение е шеа путерот. Овој путер содржи состојки кои одлично ја оддржуваат еластичноста на кожата и е богат со витамините А, Б, Е, Ф. Овој путер е во состојба да ја омекне и најсувата кожа или дел од телото. Со редовна употреба се гледаат одлични резултати. Најдобро е доколку се нанесе по туширањето на чиста кожа кога порите се сеуште отворени.

    3. Алое вера гел

    [​IMG]

    Гелот од алое вера е фантастичен производ затоа што одлично ја хидрира кожата, а воопшто не ја масти. Веднаш се впива и ја остава кожата мека и мазна. Како и маслата, така и оваа состојка треба да се користи со константна и редовна употреба на чиста и сува кожа.

    4. Какао путер

    [​IMG]

    Ова е еден од моите омилени путери затоа што го обожавам мирисот, структурата и ефектот врз самата кожа. Има слични бенефиции и ефекти како шеа путерот и се нанесува на ист начин. Може да го најдете во продавниците за здрава исхрана.

    Доволно е да одберете една од горенаведените состојки и да ја користите упорно секојдневно, или пак, може да направите и микс од повеќе масла или масла со путер и да додадете етерични масла за подобар ефект.

    Доколку сте љубители на производите направи сам, во продолжение заедно ќе направиме еден путер за масажа на телото, во кој ќе ставам повеќе состојки кои се одлични за оваа проблематика и се мелем за здрава, нахранета и убава кожа.

    Она што ви е потребно да го направите овој масажен путер е:

    - една ипол лажица пчелин восок
    - половина лажица шеа путер
    - една лажица какао путер
    - една лажица кокосово масло
    - половина лажица масло од пшенични никулци
    - една до две коцки бело чоколадо (доколку сакате инаку не е обавезно)

    (количините се за еден масажен путер)


    [​IMG]


    Ова е малку покомплициран рецепт, во смисла не е комплициран за изработка, меѓутоа потребни се повеќе состојки. Што се однесува до маслата може да употребите било кое масло како бадемово, маслиново, јојоба...она што имате дома. Јас ги одбрав овие две затоа што кокосовото го обожавам, а маслото од пшенични никулци е најбогатое од сите масла со витамин Е и одлично ја негува сувата кожа. Лецитинот присутен во ова масло и дава огромна еластичност на кожата. Обавезно мора да имате барем еден од путерите (јас сакав комбинација од двата), но вие доколку имате само какао путер или само шеа путер нема никаков проблем рецептот ќе биде супер (само зголемете ја количината). Пчелиниот восок е обавезен, затоа што ќе му даде цврстина на производот инаку на високи температури ќе ви се стопи. Етеричното масло не е неопходно, меѓутоа го зголемува ефектот на самиот производ и даваат прекрасен мирис. Намерно додадов бело чоколадо за убав мирис на производот, поголема хранливост. Внимавајте црното чоколадо малку ќе ви ја обои кожата при употреба на производот.

    Јас направив 6 масажни путери, така да ја зголемив дозата за 6 пати на секоја од состојките.
     
  14. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Еве ја процедурата:

    Најнапред во еден сад на пареа растопете го пчелиниот восок со како путерот, шеа путерот и белото чоколадо. Откако ќе станат течни додадете ги маслата и доколку сакате, на крај додадете и етерични масла. Неколку од овие путери ги правев специјално за да и ги подарам на една бремена жена затоа во дел од нив и не ставив етерични масла, а во останатите три ставив етерично масло од портокал (кое одлично се сложува со мирисот на чоколадо) вкупно 8 капки во остатокот од смесата за трите путери. Потоа сето ова излијте го во еден силиконски калап. Доколку сакате вашиот производ да изгледа поинтересно, може да додадете чоколадни трошки, кокосово брашно или зрна од кафе на дното на калапот пред да ја излиете смесата во самиот калап.

    [​IMG]


    Оставете ја смесата саат време да се олади на собна температура, па потоа префрлете ја во фрижидер и оставете ја 2 часа убаво да се зацврсне. По истекувањето на двата часа, извадете ги масажните путери од калапот и оставете ги цела ноќ да отстојат пред употреба. Еве како изгледаат кога ќе се извадат од калапот:

    [​IMG]


    [​IMG]

    На два од нив ставив малку чоколадни трошки (сама си изрендав мало парченце чоколадо), а другите имат по некоја трошка која случајно завршила во калапот. Другиот ден вашите масажни путери се готови за употреба и изгледаат вака:

    [​IMG]

    Се користат многу едноставно, односно со нив се поминува оној дел од нашето тело кој сакаме да го третираме, или пак цело тело. Путерот во допир со кожата, односно со нашата телесна топлина се топи и на тој начин производот навлегува во нашата кожа и ја храни. Најдобро е да го нанесувате после туширање на чиста кожа кога порите се малку отворени од туширањето.

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Кожата ја остава перфектно мазна и нахранета.

    За на крај, дали ќе одберете едноставно едно од предложените масла или пак ќе се обидете да направите нешто покомплицирано, оставам на вас. Како и да е, и во двата случаи кожата ќе има огромни бенефиции и корист.

    Се надевам дека ви се допаднаа овие мали но корисни совети за нега на кожата и спречување на појавата на стриите. Поздрав и до скоро читање.

    Вики
     
  15. Frosina001

    Frosina001 Нов член

    Се зачлени на:
    9 јули 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Lelee napraviv belja i se ubiv od placenje imam 14 godini i sum mnogu visoka imav mnogu ubavi noze i sama si gi rasipav... ne znam sto mi tekna da se stiskam da proveram dali imam celulit ..ama ubavo se iznastiskav i mi se pojavija beli strii ..uzasnoo...se ubiv od placenjee posto imav prekrasni nozee ...pomossss...vikaat deka sum mlada i bidejki mi se od stiskanje kozata mie vratena na mesto pa ima sansi da mi pominat..pomoss?
     
  16. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Kolku sto jas znam beli strii ne se javuvaat vednas najprvin se rozevi,crveni,zavisi,e so tek na vreme stanuvaat beli,a i plus od stiskanje da se pojavat neznam dali e mozno,moze od dr ti se imat pojaveno bez da gi zabeleziz..
     
    На Eli23 и Frosina001 им се допаѓа ова.
  17. Frosina001

    Frosina001 Нов член

    Се зачлени на:
    9 јули 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Mene vcera mi se pojavija i se mackam so pavloviceva i bekutan maslo za da sprecam da se pojavuvaat novi a za starite prasav vo apteka, spored vrabotenite ima efikasni melemi od 950 denari pa nagore. ... sega na mama i tekna deka koga se soocuvala so ovoj problem od nekoi lugje vo singelic kupuvala melem koj mnogu i pomognal no ne moze da go pronajde brojot . .ke se rasprasam i ako gi najdam ke vi pisam..inace mene striite mi se pojavija beli na zadnikot i butovite poradi naglo rastenje a imam samo 14 godini..no mislam deka dodeka striite se novi osobeno dodeka sum mlada ima sansi da se izgubat..se zivo i divo se obnovuva zosto ne i kozata? ( moe mislenje e deka mora da postoi nacin preku koj elasticnite vlaknenca vo kozata ke se zasirat i raspuknatata koza ke se vrativo normala) imase nekoi komentari kako ne mozeme skrseno molivce da go napravime isto..da no kozata ima zivot i e porazlicna od molivceto ..preku site ovie kremi i masti nie ja pothranuvame kozata i zatoa ima sansi da se oporavi :)
     
  18. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Dali nekoj ima iskustvo so kremata na dr gejms mislam bese taa sto se naracuva online,ja gledav reklamata po net se pojavuva?ne e skapa a mnogu vetuvaat pa se mislam dali da ja probam:smirk:
     
    На Малечка Маша му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Frosina001

    Frosina001 Нов член

    Се зачлени на:
    9 јули 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    lele mozebi sum dosadna ama moram da go spodelam ova ...striite mi se sosema novi mi se pojavija pred nekolku dena i bidejki sega letno vreme se tysiram nonstop se mackav celo vreme so masloto bekutan znaci veruvale ili ne na sekoi dva chasa ... i slucajno dojdov do bekutan vitaminskata mast se namackav na kukovite ama mackav mnogu dolgo i triev da se vpie znaci striite vekje se pobledeni na edniot kuk ne mozam ni da gi pronajdam koga treba da se mackam povtorno..probajte ja vitaminskata mast no morate da bidete uporni..jas koga gi dobiv striite pocnav da si nabivam kompleksi i bev mnoogu uporna znaci se mackav nonstop ....ne moze da se kaze deka ima neznam kolkavi rezultati ama ima...osobeno bidejki striite mi bea novi...mnogu napor i ke uspeete :)
     
  20. Малечка Маша

    Малечка Маша Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2015
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    И јас го гледав ова за Др. Џејмс. Не е многу скапо а многу го фалат. Се мислам дали да го нарачам. И гледам има резултати кај стрии кои се вееќе застоени (ги има подолго време на кожата) Ако некој има искуство нека сподели. Ако си купам ќе ви кажам и јас :D
     
    На bella.s му/ѝ се допаѓа ова.