Како што кажаа некои, стриите се појавуваат при нагло слабеење или здебелување. Јас го искусив она првото (при нагло слабеење). Вежбав во теретана подолго време и при повреда не бев во можност да вежбам 5-6 месеци. За тој период ослабев едно 10-тина кила. Ми се појавија стрии на задниот дел од нозете, на рамениците, задникот и бицепсот. Пробав со 300та креми, гелови и што ли уште не, ништо не помогна. Единствено нешто што ми помогна е повторното вежбање во теретана, според мене би рекол единствено решение. За рамениците и бицепсот (после 1 месец вежбање на наизменични вежби стриите исчезнаа) Задниот дел на нозете и задникот (чучњеви и мртво дигање) Е сега за стомакот би требало со стомачни вежби да помине после некое време али не очекувајте за 1 недела да ги снема, само треба јака мотивација и без откажување. Еве ТУКА на страната можете да си одберете на кој дел од телото имате стрии и сакате да му се посветите. Дали рамениците, стомачните, задникот, задниот дел на нозете. Еве ке ви одвојам најефективните вежби за остранување на стриите на овие делови од телото. Задник (Glutes) и заден дел од нозете (Hamstrings) ( Вежба 1 , Вежба 2 , Вежба 3 , Вежба 4 (исто оваа може да се комбинира и со еднорачни тегови и со шипка) Вежба 5 ) Раменици (Shoulders) ( Вежба 1 Вежба 2 Вежба 3 Вежба 4 Вежба 5 ) Исто така многу е важно пред секое вежбање да се направи добро загревање од околу 5 минути со лесни тегови за да не дојде до несакани повреди. Доколку планирате да вежбате на вашиот задник, најдобро е истегнување на вашата половина и неколку истегнувања на вашите нозе како и рацете.
Jas planiram da pocnam so stomacni na sprava za stomacni,doma,ne vo teretana,bas radi striite,belkim ke se zategnat malku da nese tolku primetuvaat.pa posto imas iskustvo so vezbanje,po kolku treba da vezbam za da se zategne stomakot,znaci ne da pravam plocki nego onaka da se zategne malku?
Извинете што прашувам но дали некој може да ми објасни што се тоа стрии? Една моја другарка имала стрии на градите и изгледало навистина неубаво. Ве молам некој нека ми објасни
Здраво девојки, нова сум на форумов и сакав да помогнам. Пред месец дена ми се направија стрии на горниот дел на нозете од внатрешната страна, розеви и премногу и тоа изгледа затоа што се здебелив 5-6 килограми. Пред 20тина дена почнав да вежбам, да внимавам на храната, и исто од аптека зедов крем Gerovital па со него се мачкам после туширање навечер, а преку ден обично млеко за тело и кокосово масло,па можам да ви кажам дека стриите ми се видно намалени. Сепак, мислам дека клучно е вежбањето и поголемата физичка активност. Мило ми е ако помогнав на некој. поздрав
Јас имав стрии на бутовите и на листовите на нозете,се мачкав редовно со масло Еуцерин и ми помогна многу,станаа неприметливи
Ако немаш вежбано до сега најдобро ти е 1вата недела да не се оптеретуваш многу за да не добиеш воспаление на стомачните мускули па потоа кога ке се смееш да те боли стомакот. Најдобро е првата недела да ти биде како загревање. Еве ке ти напишам некои вежби, претежно се на Англиски заради тоа што нема превод за нив на наш јазик. Прави по 4 различни вежби секој ден, 7 дена во неделата или доколку мислиш ти е премногу можеш и да намалиш на 5 дена. Одмор помеѓу секое повторување по 30-45 секунди. На пример правиш 4 пати по 10 повторувања од таа и таа вежба 1-во повторување од 10 пати Одмор 30-45 секунди 2-ро повторување од 10 пати Одмор 30-45 секунди 3-то повторување од 10 пати Одмор 30-45 секунди 4-то повторување од 10 пати Одмор 30-45 секунди Нова вежба итн ... Еве некои вежби кои можеш да ги најдеш на google или на youtube да видиш како се изведуваат на некои од нив додади му на крајот "abs" ако ти отвара некои други глупости.. lying legs raise Normal sit-up Seated Ab Circle Air Bike Scissor Kick Toe Touchers Cross-Body Crunch Jackknife Oblique Crunches Cross-Body Crunch Доволно ти е и по 5 минути дневно вежбање и по 3 пати од по 10 повторувања за секоја вежба. А исто за справата што ја имаш ако неможеш да најдеш или да се снајдеш со некои вежби пиши каква справа имаш и ке ти помогнам.
Spravi imam mnogu,i na poveketo id niv ima opcija da se vezbaat stomacnite ama toa tesko odi,polesno mi e na onaa sto si e nameneta samo za toa.imam vezbano pred 5godini,sto znaci pocnuvan na novo od nula. ovie dve gi imam za stomacni no na prvata mi e polesno.i nekoj pogore pisa deka so vezbanje mozat da se namalat striite pa iskreno sakam da probam.zedov i edno vakvo maslo mackam 3 pati na den pa ako ima eventualni vidlivi rezultati sekako ke pisam tuka.
И јас имам исто како 1вата справа "Ab King Pro". Епа можеш од тие вежби што ти ги напишав да си комбинираш и плус на справата, на пример намести на ниво на кое ти одговара т.е сметаш дека можеш па полека спуштај го се подоле и подоле и кога ке видиш дека си доволно силна можеш да ја комбинираш и 2рата справа.
Лек против стрии Лек против стрии Стриите се појавуваат при прерастегање на кожата и попуштање на еластичните влакна, наједноставно е да ги мачкате со специјални продукти за стрии, на пазарот ги има разни видови .Гледајте да не варирате многу со тежината за понатаму, секое поправање и ослабување со над 3 килограми ќе ви прави нови стрии. Како е можно тоа да се спречат стрии? Вашата кожа ќе биде здрава и убава, ако ги следите овие препораки: Храната треба да биде разновидна и да содржи голем број на витамини и здрави потребни елементи за да се спречат стрии, како витамините А, Ц, Д, протеини, цинк. Треба доволно вода да се консумира секој ден 8 чаши,Во случај да се консумираат пијалоци богати со кофеин, тогаш треба да се пие дури и повеќе вода. Со помош на водата кожата е поздрава и повеќе еластична, додека телото е поздраво и повитко. Таа делува позитивно на еластичноста на кожата и стриите не се формират кога кожата е здрава и еластична. Вежбајте го вашето тело. Кога целото тело е здраво и затегнато вашата кожа е здрава и еластична и на тој начин се спречува создаванје на стрии. Пробајте го овој рецепт: Во свежа жолчка од јајце додадете 2 супени лажици кантарионово масло, 1 супена лажица чичково масло, 5 капки лимонов сок и на крајот 3 капки тинктура од невен. Цело време мешајте ја смесата со голема лажица, додека не добиете хомогена смеса. Со помош на широка четка мелемот се нанесува во тенок слој на местото на кое имате стрии. Седете така половина час и потоа истуширајте се со топла вода, а потоа исто така во тенок слој нанесете некаква крема за регенерација на кожа. Третманот се прави два пати неделно. Ова го најдов на блогот на баба Рада.
Дали некој ја користел кремата на Др.Џејмс против стрии..Мн е скапа па сакав прво да слушам дали некој има искуство..
Јас пробав се и сеа ги чистам со ласер.Инаку Риластил крема е најдобра која 3 дерматолози ми ја препорачаа.
Пробај со ТигерГрас германската. https://www.google.com/search?q=tig...rass green master creme&imgrc=AQNF2xSgbko_MM:
Ја се здебелив и ми се појавија стрии на стомакот и градите.Многу ми е непријатно и ме нервираат.Која маст може да ја користам?
било каква крема што содржи витамин Е , ( и повекето витамини , но витаминот Е е највлијателен ), мене ми помогна обична крема со мешање на овие витамини и со кокосово масло .Ми беа црвени/виолетови длабоки стриите , и со редовно мачкање ми избелиа , ми се израмнија и се помалку видливи . Но за целосно елиминирање не помага ништо . Поздрав и пиши дали ти помогнав
Имам црвени стрии на нозете, стомакот и градите. Препорачајте ми некоја поевтина крема која ќе ги избледи стриите.