Обиди се со овој рецепт кој многумина го фалат- едно лажиче шекер, едно лаж.бадемово масло и неколку капки сок од лимон, сето тоа се меша и со смесата се тријаат стриите.
Emuderm, од жар црвени стрии прави тотално да ги снема, три недели секоја вечер по една капка, јас го користев за стомакот и градите во втората бременост и еве сега во третата, кожата ми е толку чиста како цел живот да имам иста килажа. Го има мислам во Cosmo а сигурно и по аптеките, 1250 денари и е многу многу ефикасен!
Да ве прашам девојки, дали кај некоја од вас навистина има видливи резултати од некоја крема или што и да се користи против стрии? Обично сум слушала дека ништо не помага за стриите, и јас ги имам на горниот дел од нозете, не ми се црвени, проsирни ми се, но не сакам ни такви да ги имам.
Ти благодарам што го сподели твоето искуство. Ќе го побарам деновиве во аптека ако го има и ќе споделам искуство.
Здраво. Јас имам стрии на стомакот кои ми останаа откако се породив. Пробав со Нивеа масло, разни глупости, ама не ми помогнале. Сега купив Bio Oil. Ме интересира дали некоја го пробала? Има ли ефект?
Слушнав дека Афродита кремите за стрии се одлични, но и јас ја барам и нигде ја нема. Дали можеби, некој од вас знае каде може да се најде кремата?
Јас био оил користев дури бев бремена и откако се породив но сепак ми излегоа многу стрии на нозете и 2-3 на стомакот и сеуште ми се црвени не поминуваат. Така да, можам да кажам дека никаков ефект немаше, а не е баш ефтино.
Девојки, дали ќе може да ми сликнете декларација на ова био оил? Некој органски производ е или не??? Фала многу.
Девојки читав на темава за стрии најмногу препорачувате кокосово масло и оригинал павловиќева. Јас сум бремена и од пред една недела започнав да се мачкам, наутро со кокосово масло, навечер со павловиќева. Во меѓувреме чув за друг рецепт - павловиќева помешана со витамин Д и со бадемово масло. Што мислите, што е најделотворно?
Сакам да прашам дали некој го има користено STRATAMARK - силиконски гел против стрии на Стратафарма. Швајцарски е, во Зегин го има и 2300 денари е. Многу е скап, но не знам дали е ефикасен. Пред некој ден дознав за него, па не знам дали вреди да се купи.
И јас имам еден куп ама проѕирни ми се .. Џабе кога бев трудна се мачкав со павловичева со бадемово масло но пак имам на задникот на колковите и на стомакот и така ми останаа .. Бидејки сум бела а стриите ми се проѕирни сега летото ке ги сунчам и ке пробам да вежбам па друго чаре нема .. Ако не бива и ова ке ги прекриам со тетоважи хихи
Јас бев на ласерско, чини 50 евра. Не од регија, туку од целосно каде има. Ефект има да, ама многу е болно и плус креми - сè на сè, испаѓа 150 евра од третман. Кај доктор Анчевски бев, ме гореше д-р Тања. Искрено, страшно боли.
Да, од бременоста и се страшни - големи, широки. Ги имам до под колена. Широки се дури 5мм, што имав страв дали има лек. Скапо е, ама и мнооогу болно. Те гори, па ти се лупи кожата, како првут крв има, значи искрено - страшно е. Јас останав со второ бремена и се откажав. Имаш и третман со игли, ама не е толку ефикасен, иако е 250 евра. Ласерот има ефект повеќе, ама мнооогу боли.
А на стомакот немаше направено? Јас имам само на стомак. Не се толку страшни, ни широки, ама сепак грдо изгледаат. А остранети ти се целосно сега?