Имам и на стомакот и ги третирав, бели се, а стриите не се отстрануваат. Може само да се намали видливост. Тоа ќе ти го каже докторката. За да ја намалиш видливоста, треба најмалку 8 третмани по 150 евра, што е скапо, а стриите ќе ти останат како линии бели. Јас одев бидејќи моите беа црвени и не се повлекоа 5 години. Искрен совет - не оди, помири се и сакај си го телото. Верувај, има и полоши работи од стриите. Поздрав.
Само да се намали видливоста? И плус 8 третмани од по 150€, абе овие чукнати се изгледа. Мене не ми се црвени, туку бели линии и кожата ми е набрана, знаеш, по породувањето. Користев Био Оил месец ипол, ги подобри малце, ама престана. Скапо е - 11€ едно мало шишенце. И плус, само ги подобрува малце, но не ги отстранува целосно. Повеќе ми се исплаќа тоа да го користам 3-4 месеци, отколку 8 пати по 150€, многу се.
Решение за стриите нема. Имам слушнато за пресадување кожа, ама не знам колку е точно. а и не ни зависи кариерата од телото кога веќе си мајка. Јас сум целата стрии и не им обрнувам внимание. Едноставно, тоа е. А и ласерот не е баш безбеден, значи си носи ризици. Затоа најдобро вежбај и затегни го телото. Насочи ги мислите кон друго нешто.
од вакво нешто спас има ли..Ако има некоја крема која на некој помогнала за вакви стрии нека помага..За крем до кај 2000-3000 би дала бидејки многу е грозно..Совет, искуство многу ми треба
Јас ги имам истите процитај погоре што имам пишано значи спас нема не се секирај не си единствена.Можеш да одес кај сакаш спас нема.Моите и на листовите под колената се такви со вежбање пробај крема нема да ти помогне.Јас ласер пробав мн е болно.
@rider а како ја порача кремава..Јас се обидував неколку пати да ја порачам но ми вракат на мејлот дека неможе да ја пратат.
Не ја порачував туку ја купив од аптека Зегин. Но ефектот после толку време е ист. Така да џабе потрошено време и пари. Нема спас. Сеа работам на јакнење самодоверба . На плажа со панталончиња на преклоп
@rider ти благодарам незнаев дека ја има и тука..На нивната страна ја пишува 109$ но се обидував неколку пати но ми вракат дека неможе да се пораче..Доволно ми е само да ми станат бели..Ме предомислуваш а мислев дека кремата е навистина толку ефикасна како што гледав фотографии
И моите се вакви ама јас ги имам од половината до под колена. Кремата дава минимален ефект на порамна кожа. Единствено ми остана да се прифатам себеси вака спас друг нема (за жал)
Правев еден пилинг и сум супер задоволна,при крај ми е а си ја загубив рецептата,ама знам што како беше па пак ке го правам.Ако некој има желба нека проба.1шоља морска крупна сол,1 шоља маслиново масло и изрендана кора од еден не прскан лимон.Се се меша,и се префрлува во тегла.По правило се користи наутро и навечер при туширање.Теглата ми е во туш кабината и секој пат кога се туширам го користам,настојувам да сум редовна ама не секогаш имам толку време.Значи и без редовна употреба имам подобрување.Стриите ми се добиени во бременоста и се на стомакот,и да напоменам дека по туширањето мачкам на тој дел масло за стрии,може кое и да било,јас имам едно био од лидл и тоа ми е ок.
Имам една подлабока стрија кај куковите и од синока чуствувам дека нешто ме боли факам внатре под стријата има како топче..Што би можело да е..?
@Bebence01 јас го користам моментслно но некако повеке ми делува кско млеко за тело одколку за стрии мириса многу убавоо..Јас бев најзадоволна од маслото био оил
@Bebence01 мене ми го донесоа од Германија....Тука гледав имаше една страна био оил мислам 900ден беше..Го има и во Бугарија околу 600ден е ако не се лажам