Здраво на сите, Со стриите мачам мака повеќе од година дена, но добрата вест е што сум веќе при крај и се скоро па невидливи. Еве како : 1.Обавезно пиење на што е можно повеќе вода (дневно 2л) 2.При секое туширање триење со ракавица или сунѓер 3.Крема Мерз-Специал (од Германија - секоја вечер и секое утро) - околу 3 месеци.-околу 10 еур чини 4.Би - Оил (Од Германија - секоја вечер и секое утро) - уште го користам.-околу 10 еур чини Инаку моите стрии беа бели ептен видливи и прилично длабоки. Причина за нивна појава - Ни јас самата не знам затоа што никогаш не сум варирала во тежина повеќе од 2 кг. Бидете упорни и ќе го видите резултатот.
3.Крема Мерз-Специал (од Германија - секоја вечер и секое утро) - -околу 10 еур 4.Биo - Оил (Од Германија - секоја вечер и секое утро) - околу 10 еур
http://www.merz-spezial.com/products/skin-products/#cream-mousse-collagen дали е ова тој крем и дали испорачуваат до македонија?
@honey.11 јас не сум задоволна ни малку..Бидејки беше доста фалена почнав да ја користам кога влегов во 6-ти месец и целата испукав целаа..А е прилично скапичка..Сепак кај секој е различно..Јас сум задоволна од маслото погоре што е постирано био оил тие што ги имам веке се избледени
@honey.11. Ако имаш некој да ти донесе од Германија Ги има и во Бугарија Има една страна и на фб масло био оил така некако беше 900ден е мислам А во Германија и Бугарија е околу 600
да ми препорачате фел за стрии навлегов во 5ти месец од бременост и сакам са почнам веднаш со користење ?? Ви благодарам
И јас имам стрии уште од пубертет, иако никогаш не сум имала големи варијации во тежина, ги имам на задникот и по нозете. Едноставно сум склона кон нив, не би можела никогаш да се помирам со тоа целото тело да ми биде такво. Се повеќе размислувам од тоа да немам деца токму поради ова. Доколку не сум задоволна со себе си, нема да бидам ни добра мајка.