Pocnaa da mi iskacaat crveni debeli crveni strii na kolkovite mn se groznii kazete mi kako da go sprecam nivnoto rastenjeee pls help me [mod-kirilica:tsxvmjy5][/mod-kirilica:tsxvmjy5]
Имам стрии на градите бидејќи нагло ми пораснаа, но избледени се веќе. Исто имам и малку на задникот и на горниот дел на нозете, ама не се ни познаваат. Ги мачкам, но не редовно со ноќна крема за стрии од Афродита. Не е нешто многу ефтина, ама при редовно користење помага
Стрии на стомакот Дечки ве молам помогнети ми!Ми се појавија црвени стрии како испукани капилари по нозите под куковите и на задникот,не се капилари туку стрии,тоа го добив отакако се поправив но не се поправив којзнае колку туку околу 5 6 кг помагајте ве молам
Дечки ве молам помогнети ми!Ми се појавија црвени стрии како испукани капилари по нозите под куковите и на задникот,не се капилари туку стрии,тоа го добив отакако се поправив но не се поправив којзнае колку туку околу 5 6 кг помагајте ве молам
Јас колку шо знам кремите против стрии не помагаат. другарка ми има страшни стрии на нозете под задникот и на некои места што не се приметуваат ама ако ја видиш без фармерки и ја загледаш ептен се приметуваат. ги има одамна и користеше и некои ептен скапи креми против стрии и ги носеше тетка и од Германија, а и она купи од тука некои. Беа француски и германски. и за една крема шо имаше значи ЕПТЕН мала тубичка 1500 денари беше а една др 3000 а шо е најлошо од се, цело време се мачкаше и воопшто не и помогнаа, она вика глеј ми поминале малце, али немаше никаков напредок..така да, не верувам баш воп креми другарками исто користеше мед на стриите, или смеса од мед и млеко, ми викаше тоа ја затегнувало кожата на стриите, не се познавале. ако сакате пробајте, ама мислам ни тоа не помага. имам уше неколку совети за стриите, не сум ги испробала ама незнам кај ги прочитав. да користиме крем за само потемнување, да се израмни бојата на кожата со бојата на стриите, или коректор со боја на нашиот тен и да нанесуваме на стриите ама да пазиме да не излеземе од линиите и потоа со сунѓерче од пудра да размачкаме, да не се познаваат видливи линии.незнам така нешто беше, не ми текнува.и за крај ве молам кажете и ваши мислења, дали ова би помогнало.и јас имам ептен одвратни стрии на градите, ми се појавија на 12 години, коа нагло ми пораснаа а неќев да носам прслук.епа така ми е хаха :/ од почетокот ми беа црвени, ептен одвратни, после ми станаа бели и ептен се познаваат.некои викаат бели ама бледи не се познаваат, али кај мене :/ и имам и такви црвени уфф. а сеа носам прслук, и секојдневно, стално ми искачаат нови и нови, од сите страни, црвени.. поише се изразити на едната града пошо таа ми е поголема, другата ми е помала и нема толку .. шо да праам ?
Па мачкај се со бадемово масло, павловиќева маст или слични креми што содржат витамини А, Д и Е - стриите не може да се отстранат кога еднаш ќе настанат, затоа е потребно да се негува кожата и да се СПРЕЧУВА нивното настанување. Се јавуваат при нагло растење, нагли промени во тежината, при бременост. Кога веќе настанале - со здравје да си ги носиш!
Имав многу работи изнакупено за стрии и така ми стоеа и вчера најдов едно пластично празно од маска за коса,го измив ,ја истурив кремата за стрии,витамин е уље,масло од ему и измешав и после си ставив на стомаков,па се надевам ке ми поминат,во потрага сум по витамин а незнам како изгледа,ако може некој да ми каже?
Зошто да не издржиш?????Трчањето е најздраво не само за стриите туку и за се шо е поврзано со телото, девојко слушај ме цело лето трчав на стадион по 15 круга пред тоа одев 2 месеца на аеробик имав и јас проблеми со стриите многу ослабев нагло страшно се чуствував не можев да си облечам купаќи озбилно!!Од кога почнав да одам на аеробик и на стадион се чуствува посигурна во моето тело и плус ги изгубив стриите не сите ама тие што ми сметаа ептен и бај д веј ослабев 10 кила ехеееее уживанција сега ми е милина само што од кога се залади не се движам многу пак качив 3-4 килограми ама со мала диета и со вежбање дома шо ги правев вежбите на аеробик ке го средам и тоа Пробај да спортуваш верувај ми дека ќе има позитивен ефект.Доколку немаш желба за трчање и за одење на аеробик ете ти има вежби колку шо ти душа сака на интернет гледај и вежбај баш е интересно и ако стварно сакаш ке ти стане навика и после ќе ти биде многу лесно да ги правиш тие вежби ВЕРУВАЈ МИ јас до ден денес ги правам тие вежби и преубаво ми е.... Good luck
striite se lecat so laser ili TCA 30-35% kiselina piling jak. Jas go koristam veke 3 pat ovoj piling i od gradite se icisteni no na nozete treba poveke vreme i poveke tretmani.No,sepak ima znacitelni rezultati .Drugo nisto ne vi pomaga. Pozdrav [mod-kirilica:73hks144][/mod-kirilica:73hks144]
оууу веднаш кажувај како тоа, кај да се најде, колку пари е јас најискрено имам мн стрии на задникот и на нозете, страшно ама ако ми е коа не се грижев на време
Значи...Чекајте? Стриите не се лечат,вечно ќе останат на телото штом еднаш се појавиле? Леле не сакам...А баш сакав да се пријавувам за еден конкурс...Не е битно за што па сакав да ги отстранам прво со некој квалитетен крем... Анат?
Па поради тоа што стриите се фактички лузни на сврзното ткиво кои настануваат после негово раскинување поради нагло растење или зголемување на тежината логично е дека не може да се отстранат. Евентуално да се избледат, ама тоа ќе зависи од самите стрии, типот на кожата и начинот на нивното настанување.
Знам дека главна причина за појавата на стрии е промената во телесната тежина, односно растегнувањето на кожата, но мене не ми се појавија од тоа. Пред пола година имав една ретка алергија или болест или не знам како да ја наречам - Плева. http://en.wikipedia.org/wiki/Pityriasis_lichenoides_et_varioliformis_acuta ; http://dermnetnz.org/scaly/pityriasis-lichenoides.htmlСимптомите се мали точки на целото тело, чија боја се движи од црвено воспалени до темно кафени со сува кожичка како лушпа. Ми рекоа дека не е откриено од што настанува и тоа е најголемиот проблем дека ако не го знаеш причинителот тешко можеш да го излекуваш. Ми рекоа дека се јавува кај тинејџери - јас имам 15 год и дека треба да одам на терапија: ултравиолетово зрачење, а во меѓувреме да се мачкам со Белодерм маст, да пијам ланзул, летизен, еритромицин (erythromycin) и декортин 20 mg (прво почнав со 20 mg, а потоа постепено ми намалуваа и стигнав до 5 mg). Со терапијата почнав некаде во април - мај до јуни - јули (а тие бубуличките ми се појавија некаде крајот на февруари). Терапијата ја прекинав дека бубуличките исчезнаа, останаа само темни лузнички или светли лузнички. Користев и други масти (не ми текнува кои) и поради толку лекарства немав добиено менструација околу четири месеци (фала богу потоа добив), а на телото ми се појавија многу длабоки и розеви стрии. Повеќето од лекарствата содржеа хортикостероиди и ми рекоа дека поради тоа можеби се појавиле стриите а можно е и зголемување на влакната на телото. Сега пак ми се појавуваат и не знам што да правам, не сакам да продолжам со тие скапани лекарства зошто ми направија уште поголеми проблеми.
И мене ми помогна фитнесот, незнам како и зошто. Дури и немав забележано, веке се помирив дека неможам да си помогнам и дека ке си живеам со стриите. Од се и сешто што шлакав останав само на обично млеко за тело. Вчера после капење видов дека оние по колковите речиси и ги нема, многу се избледени,јас имав и по листовите, тие се скроз исчезнати, е сега на задникот се овде. ама па за тие ни ласер не ми помага
Дечки мислам дека конечно имам решение за вашите стрии и јас имам не црвени туку дури и модри стрии и лекарот ми даде една маст што воопшто не е скапа се вика mum care и се наоѓа по цена од околу 240 ден ја користам некаде колу 2 неели и најискрено они сто ми се црвените стрии се избледуваат ке продолжам да ја користам и понатаму но мислам дека со 2 тубички стриите ќе исчезнат позз
А за бели стрии помагали мислам ти дали имаш бели и дали ти помогна.Јас сакам само на градите да ми ги снема бидејки многу ми се познаваат. Кај го има тој маст????
е за бели нз но мислам дека и белите би исчезнале бидејќи кај мене на колковите не скроз бели но пак се бели и ма некој ефект.Инаку маста е скоро излезена мислам дали има 2 месеца и аптекарката ми кажа дека тоа е компија на некој србски мн скап меелем но само македонско производство со иститте состојки