Качив на килажа, што за мене е океј, бидејќи бев премногу слаба, сега сум океј мислам со оваа килажа, ама ми се појавија стрии на градите, многу неубаво изгледаат, особено од долната страна на градите, и тие не ми се допаѓаат.. Можам ли да направам нешто за да ги снема?
Знам дека нема лек ама постои ли барем нешто за да избледат од црвено-виолетови? Зборувам за тазе стрии, од после бременост. Цела бременост немав и се појавија од кога се породив Никогаш не сум имала, не можам да се гледам иако не се многу
Било кое масло ќе помогне кај црвени стрии важно е да се хидрира и храни кожата. Овие се органски и квалитетни затоа ги предложив. Кај виолетови не помага ништо. Bellina.mk
Драга не можам да ти кажам дека ќе ги снема (би те излажала доколку ти ветам така) ама доста ќе се подобрат.
Пробај со масло од кантарион. Мене лично многу ми помага, сеуште нанесувам по еднаш дневно. Имам стрии кои ми се појавија после бременост и тоа на огромна површина за жал. Нанесувам и контрактубекс по 2х на ден, исто така ми помага, но би рекла повеќе за да ја намали лузната надворешно. Кантарионот ми ја намалува видливоста, некако бојата не е така јака како што беше, а не повеќе од месец дена го нанесувам. Некако многу побрзо гледам резултати. Претходно пробував креми како striox, кој апсолутно не ми даде никаков резултат.
Да, како што пиша @Mishela можеш во зегин од Sensilis да купиш, и јас го користам истото, не е скапо, околу 120 мкд.
Браво видиш не ми текнало да го препорачам за стрии. Јас лично го користам за изгореници и лузни од изгореници, ама вистина е може да ја подобри состојбата на стриите. Најдобро сама направи, најконцентрирано ќе биде
За стрии било кое масло ќе помогне или крема наменета за тоа. Во бременост користев една крема, заборавив името гледам уште ја има по аптеки мене ми помогна немам ниту една стриа, а качив 16 кг во бременост , за 3,4 месеци пак се вратив на 50, без диети, се нормално си терав најверојатно доење малку спиење.. Ама сепак немам ниту една цртка. И сега после туширање ставам масло на Уриаж, кожата ми е супер, само во лето на пекол не можам да трпам креми, масла, на 50 степени кога се лепам и масло ако имам