Викаш помагаат овие чуда? Ама мислам и до кожата е највеќе, ако си склона ќе се појават и тешко да ги снема. Ајде вас од бременост, нé има и нас кои доста сме изварирале со тежината, или пак и кога извишуваш нагло се јавуваат. Јас коа се поправив ми се направија, е ништо не мачкав, вајда згрешив, сеа нема назад. Си ги носам 6-7 години, веќе се одамна скроз бели, се познаваат секако ама ги прифатив, не ми сметаат веќе. Можам да замислам па во бременост каква ќе бидам чим толку сум склона.
До кожата е. Јас имам кожа склона кон стрии. Во првата бременост се мачкав, ама за џабе. Е затоа во втората не.
Кај мене помогна, а можеби и таква ми е кожата. Мајка ми па небива кога е била бремена се има мачкано па на овие години нема ниту една. Тогаш такви титрења и немало освен домашно кантарионово и бекутан Најголем дел е и до самата кожа. Ама сепак за превентива не е лошо, исто како и на лице кога ставаме хидратантни креми, не значи дека нема да имаме ниту една брчка ама пак подруго е лицето. Не значи дека ќе имаш во бременост, кај сите не се појавуваат. Другарка ми е ниска и полна и мислевме дека таа ќе се поправи во бременост дека е склона кон поправање, а таа само 6,7 килограми а јас цел живот 50 кг рипнав на 66
Хахаха мене ко скроз друга кожата да ми е на лице, друга по тело, да се чудиш. Не знам зошто така, ама многу различна. По тело ете склона сум на стрии. Мајка ми ич не е склона. Колку се има поправено после бремености, се има дуплирано, ниту во бременост ниту после, јас на 18 се направив цела.. Требало да се мачка, тоа е сеа готово. Сум се прифатила, среќа избледени се ептен.
Јас искрено мислам дека ништо не помага за веќе појавени стрии. Тие секако со тел на време избледуваат, но нема да ги снема. А за мачкање за време на бременост еве јас се полевав со секакви масла и цел стомак ми е со стрии, сестра ми ништо не ставаше, една стеиичка нема. Мислам дека си е до самата кожа. Секако би се мачкала ако може нешто да се превенира, но не мислам дека е пресудно за појава на стрии.
Zdravo na site, dali nekoj moze da mi akze pokontretno doza za Ad kapki, bademovo maslo, B i C ampuli vo edna kutija od 250 ml pavliceva mast? Bremena sum 21 nedela, se mackam maslo na welwda, ama bi sakala da pravam kombinacija. Falaaa
Ништо не верувам на тикток, и онака е сè само реклама, мислам дека зависи каква кожа имаш и гени, секако помагаат лосиони не дека не ама дека нешто драстично се менува не верувам. Повеќето прават третмани и ботокси и ред други работи.
Има ли некој правено ласер на стрии или има било какво искуство за мали стрии? Гледам на тик ток дека користат CO2 ласер и со неколку третмани ептен ги намалуваат, a кај многу и се скроз неприметливи. Сигурно има и други третмани, а да не се креми и масла пошо не верувам во тоа, пробани ми се разни, кај нас CO2 рекламираат само за на лице со цени што имам видено, ама нема ништо конкретно за стрии. Може и да ми препорачате некој доктор дерматолог кој се бави со оваа проблематика.
Мислам дека на клиника за пластична и реконструктивна хирургија е најдобро да отидеш. Лично немам искуство, само што сум слушала. Јас имам многу дебели и големи стрии од првата бременост. Фрлив многу пари по третмани со дермапен и плазмапен во салони. Демек ефект имало многу рекламирани третмани беа, но ништо .. само избледеа стриите, од црвени станаа бели, тоа ќе се случеше само по себе и без третмани со тек на време. Затегнување на кожа никакво. А стварно бев упорна, 4 месеци редовно идев. Еден третман беше 4000 денари. Рачунај колку сум потрошила, ќе направев естетска операција и ќе беше решено.
За дермапен имам гледано и јас дека не функционира и се џабе фрлени пари, за CO2 ме интересираше или некој друг ласер. Мислам дека ако отидам на пластика ќе ми се изнасмејат тие за какви мали стрии се замарам ама гајле ми е. Најверојатно ќе пробам некаде да го направам ова па ќе видам дали ќе има ефект.
Ми излегуваше на социјални мрежи нешто стрии центар да не се викаше. Не е ласер, туку како фарбање на стриите во иста боја како бојата на кожа при што се скоро целосно незабележливи.