Не знам за Скопје. Битола имаше едно време. О дааа!!! Ептен пред времето ќе бидиме! Ама рачунај хомофобите ко ќе ни рипнат... секоја вечер ќотек ќе јајме
Нема ли во Валијант? Ја знам дека има И у Терминал знам едно време се бесеа на шипки И у Охрид има 2 клуба.Едниот е на истиот газда од Тетово. Стар ли се вика врска неам.Еден е на влез на Охрид, кај Фламинго хотелот.Другиот не знам
Кај нас ова нема да успее. Ќе одат само фрикови, напалени манијаци.. а и немаме квалитетни стриптизети, мала конзервативна земја сме. Евентуално да е во склоп со диско, па да бидат како танчерки претставени. Свингерски клуб, исто далеку сме ние од тие европски стандарди. Прво, секој со секој се знае, тоа ќе биде трач на нивоУ, второ од здравствени причини, не верувам дека ќе се прават проверки и презервативите ќе се користат ко што треба. Ќе биде извор за сексуално преносливи зарази, и не верувам дека ќе има заинтересираност(особено не од женскиот пол). Еве јас лично, никад не би.
Најдобра идеја беше во Струга да се овозможи легална проституција, танчерки на шипка и лесни опојни дроги. Секако тоа го има, само да се легализира. Во тој случај многу би ја избрале Струга наместо море. Мислете за доброто на државата.
Дека не успева , затоа во Тетовë цвета бизнис откако знам за себе . Колку Украинки има поапсено само да знаете .. Бабилон , Енерџи .. Едно време сред плоштад имаше стриптиз клуб , па го затворија , па го отворија повторно , па апсеа и не знам што се случи потоа , дали газдава го дислоцира или си плати рекет и си продолжи на старото место ( одамна не сум свртела од таму , треба да поминам ) .. Она Београд на излез од Тетово .. се сомневам дека во " ситни саати " е стриптиз клуб под параванот на кафана .. Ама не можам со сигурност да тврдам затоа што не сум била таму . П . С . Да не ме сфатите погрешно , се тоа е ок , ако е легално .
Затоа што немаме стандард? Колку бакшиш си спремен ти да понудиш за да го гледаш тоа? Во странство од бакшиш живеат стриптизерките. Pole dance е уметност и ако тие што го изведуваат не заработуваат доволно, не сум ни за да се отвараат стриптиз клубови кај нас. @WildMk, за Осми март имаше во Privilege машки "стриптиз", ама од тоа што слушнав ужасно било.
Да не грешам душа, тоа е повеќе sex trafficing , и тие се веќе јавни куќи, не стриптиз клубови. И е примитивно, за манијаци и напалени идиоти како што кажав. Стиптиз клубови прво треба да се состојат од професионални pole dancers, не девојчиња од 18 години што ги “извлекле” од сиромаштија и ги тераат да им мешаат на старци. Кај нас култура за вакво нешто-нема, и нема да има наредниве 10-20години.
Треба. Како и за се, така и за ова. Стиптизот треба да се сфати како провокативен танц, а не проституција. Кај нас ќе се гледаат стиптизерките како секс робинки, со понижување, и дркаџиите ќе се иживуваат со нов, затоа што нема да бидат заштитени. Во Америка, ако ја пипнеш, леташ од клуб. Ако ја сликаш(а е забрането) телефонот од земја ти го кршат. Ние сме светлосни години назад.
Не знам од кај ти се информацииве но тоа не е точно, Cardi B кажуваше у едно интервју како е у Америка, она се бавела со стриптиз, сите ја допирале.